Сообраќајка на Плетвар – сообраќајот во прекин


Прекин на сообраќајот кај Плетвар. Од Центарот за управување со кризи велат дека поради тешка сообраќајна несреќа, на патниот правец Градско-Прилеп кај Плетвар, сообраќајот е во прекин во двата правци од 14:15 часот. Детали најавуваат подоцна во текот на денот.

Автомобил се преврте на Плетвар


Автомобил денес се преврте на планинскиот превој Плетвар, на патот кон Прилеп. Според информациите од МВР, автомобилот го управувала 61-годишна жена која што била пренесена во прилепската болница, а тежината на повредите засега не е официјално потврдена. Несреќата се случила околу 9.30 часот, кај селото Тројаци.

Делницата на Плетвар ќе биде завршена до крајот на месецот, најавија Ковачевски и Бочварски


  Вложуваме интензивно во инфраструктурата и во време на светската економска криза. Делницата на Плетвар, односно реконструкцијата која се реализира со средства од ЕБОР во вредност од над 4 милиони евра, значи модернизација на Коридорот 10-Д и поврзување со Република Грција, кај граничниот премин Меџитлија. Тоа значи и отворени можности за развој на стопанството во …

Делницата на Плетвар ќе биде завршена до крајот на месецот, најавија Ковачевски и Бочварски Read More »

(Видео) Поради поплави и одрони непрооден е патот на Плетвар


Од 05:55 часот регионалниот пат Росоман- Прилеп, кај м.в.„Трите ленти“ е затворен за сообраќај поради одрон на патот. Изведувачот на новиот пат работи со механизација за расчистување на патот, информираат од ЦУК.  Од Центарот за управување со кризи велат дека според информациите кои ги добиле од СВР Кавадарци, се работи за голем одрон на патот помеѓу Росоман …

(Видео) Поради поплави и одрони непрооден е патот на Плетвар Read More »

Двајца повредени во сообраќајката на Плетвар


Две лица се повредени во сообраќајната несреќа која вчера околу 14:20 часот се случи на Плетвар. Од МВР информираат дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, во близина на крстосница за с. Раец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Волво“ со албански национални ознаки, управувано од Л.Д.(50) од Република Албанија и патничко возило „Ауди“ со скопски регистарски …

Двајца повредени во сообраќајката на Плетвар Read More »

Километарска колона на Плетвар поради сообраќајка


На патниот правец од Прилеп кон Кавадарци има километарска колона од возила. Според информациите, сообраќајот е во застој поради сообраќајна несреќа. Неофицијално се работи за сообраќајна несреќа помеѓу камион и автомобил. Затворен е сообраќајот за товарни возила на магистралниот пат Кавадарци-Прилеп поради сообраќајка, потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.   Сообраќајот се …

Километарска колона на Плетвар поради сообраќајка Read More »

Задолжително поставена зимска опрема за тешки товарни возила на Плетвар


Сите тешки товарни возила кои се движат преку планинскиот превој Плетвар од вечерва од 20 часот мора да имаат поставено зимска опрема, информира АМСМ. Претходно АМСМ соопшти дека на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража од вечерва е воведена забрана за сообраќај на тешките товарни возила. Од …

Задолжително поставена зимска опрема за тешки товарни возила на Плетвар Read More »

Врнежи од снег на Плетвар и Буково, помалку на Попова Шапка, Маврово и Агино-Миладиновци


Врнежи од снег утринава има на планинските превои Плетвар и Буково, а со помал интензитет и на Попова Шапка, Маврово и Агино-Миладиновци. Врнежи од снег има и во Прилеп, Железнец, Неготино, Демир Капија, Удово и Крушево. Авто мото сојузот на Македонија информира дека на планинскиот превој Плетвар се уште важи забраната за сообраќај за тешки …

Врнежи од снег на Плетвар и Буково, помалку на Попова Шапка, Маврово и Агино-Миладиновци Read More »

Забрана за сообраќај на тешки моторни возила на Плетвар


Вечерва, од 18:40 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки моторни возила на планискиот превој Плетвар, кои немат зимска опрема. Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта на некои места се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има на планиските превои Стража и Плетвар, а врнежи со помал интезитет има на Маврово, …

Забрана за сообраќај на тешки моторни возила на Плетвар Read More »

Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, на Плетвар забрана за тешки товарни возила


 Поради интензивни врнежи од снег, преку планинскиот превој Плетвар, од превентивни причини, од 17.15 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на планинските превои со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. Од АМСМ …

Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, на Плетвар забрана за тешки товарни возила Read More »

Забрана за сообраќај од 17.15 часот за тешки возила кај Плетвар


Од 17.15 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила  преку планинскиот превој Плетвар поради интензивни врнежи од снег. Како што информираа од АМСМ забраната се  воведува од превентивни причини.

„Пежо“ излетало од патот во близина на Плетвар


На патот Градско – Прилеп во близина на Плетвар околу 18 часот од засега непознати причини патничко возило „пежо“ излетало од патот и се превртило. Во него биле двајца патници од Штип кои се здобиле со полесни повреди, информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола. Увид на местото на сообраќајката направила прилепската полиција. Сообраќајот се одвива нормално.