Арсовски: Попаметно ќе беше да се оставеше референдумот да пропадне


  Како непотребен и непродуктивен политички маневар ја оцени аналитичарот Петар Арсовски одлуката на претседателот на Собранието, Талат Џафери, да го одбие барањето на ВМРО-ДПМНЕ за референдум  за поништување на договорот со Бугарија од 2017 година – со оценката дека Уставот не дозволува меѓународни договори да се менуваат со закон.  „Колку што гледам иницијативата за …

Арсовски: Попаметно ќе беше да се оставеше референдумот да пропадне Read More »

Вакцината како тест за интелигенција


(Колумна за Дојче веле) Живееме во време кога односот спрема пандемијата стана тест за еманципација.  Старите поделби не важат: се чини како помалку да е важно кој е сега конзервативен или либерал, демократ или републиканец, Македонец или Албанец, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ.  Односот кон вакцините, и воопшто, кон пандемијата, како да станува нова доминантна оска на …

Вакцината како тест за интелигенција Read More »

Кога се тркаат змијата и магарето


(Колумна за Дојче веле) Понекогаш имам впечаток дека онаа народната – „змија или магаре“, апсолутно не важи за нас. Ние, во последно време, не само што по сѐ изгледа ќе добиеме по еден подарок и од змијата и од магарето, туку тие се тркаат кој побрзо да стигне до нас. Нашата спектакуларна серија пехови нѐ погаѓа како …

Кога се тркаат змијата и магарето Read More »

Политичка шизофренија


ПЕТАР АРСОВСКИ Во моментов во Македонија се одвиваат два паралелни процеси. Првиот е процесот на неопходно чистење на општеството, политиката и државниот апарат од спрегите со „подземјето“. Тука мислам на отплеткување на безбедносните, државните, судските, политичките и деловните врски со криминалците, сивата страна на законот, парадржавата, криминалните и други структури и агентури, како и на …

Политичка шизофренија Read More »

Громогласниот молк на „шарените“


ПЕТАР АРСОВСКИ Мислам дека наместо политичариве да се чудат и да сомничат од каде сега се појавија претставниците на „Шарена револуција“, подобро да се запрашаат зошто ги немаше на гласање. Одговорот на ова прашање е важен најмногу зашто претставниците на „Шарената револуција“ се репрезент токму на оние гласачи кои менуваат влади и политички елити, па …

Громогласниот молк на „шарените“ Read More »

Во меѓувреме


ПЕТАР АРСОВСКИ Имам впечаток дека целиот живот ни помина во меѓувреме. Можеби е тоа проклетството на мојата генерација, можеби траен ендемски феномен за ова поднебје. Додека сме ние заглавени со тоа каква боја салфетки нè служи стјуардесата, авионов прави вртење од 180 степени. Така, фокусирани на ситното меѓупартиско „мрчење“, мислам дека ја пропуштаме големата промена …

Во меѓувреме Read More »

2019 е наша година


Петар Арсовски По сè изгледа, 2019 година ќе биде наша година. Полека, не радувајте се. 2019 ќе биде наша година, но не затоа што сè ќе ни тргне од рака, туку зашто сè ќе зависи најмногу од нас. Тоа се, сепак, во најголем дел, лоши вести. Втората половина од 2018 година, како што впрочем констатира …

2019 е наша година Read More »

Без паника


Петар Арсовски Последниов период е интересен најмногу поради брзиот вител на настаните околу нас, кои досега најголем дел од нашите граѓани ги имаат видено само на филм. Шпионски бегства, филмски апсења, строги обвиненија и однос кон обвинетите, и воопшто, вкупниот пад на досега недопирливите, како симбол на општата правна катарза пред портите на НАТО и …

Без паника Read More »

Петар Арсовски и Љупчо Константинов: Наградите се доказ дека не сме заборавени


Годинашните лауреати, добитници на наградата за животно дело на МТФ „Војдан Чернодрински“ се актерот Петре Арсовски и композиторот Љупчо Константинов. Тие нагласија дека со овие признанија се докажува дека не се заборавени, а нивната професија не престанува со пензионерањето. Наградите им беа врачени на отворањето на фестивалот на 8 јуни во Домот на културата „Марко …

Петар Арсовски и Љупчо Константинов: Наградите се доказ дека не сме заборавени Read More »

Билансот од митингот на ВМРО-ДПМНЕ


Петар Арсовски Митингот на ВМРО-ДПМНЕ помина. Шилегов вели дека го исчистил ѓубрето. Улиците се повторно проодни. Некој ѕиркаше од прозорец, некој викаше во публика, некој го гледаше на телевизија. Некои, пак, дознаа од вести за што се зборувало. Но, секако, собирот на главната опозициска партија не помина незабележано и дефинитивно го навести претстојниот политички период …

Билансот од митингот на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Почеток на крајот на спорот за името?


Аналитичарите оценуваат дека топката сега е префрлена во домашните средини на Македонија и Грција. Проблемот за името влегува во нова фаза на преговори. Премиерот Зоран Заев од Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Софија соопшти дека со грчкиот премиер Алексис Ципрас разгледале неколку опции од кои издвоиле една за која двете страни ќе се …

Почеток на крајот на спорот за името? Read More »

Онур против фикусот


Врвот на секоја турска серија е кога Онур ќе сфати дека сам себеси си е мајка. По истата логика, а и без помалку перипетии, се одвиваат овие продолженија на пинг-понгов помеѓу претседателот Ѓорге Иванов и Владата. Нели во секое друштво има еден кој е неподнослив, а самиот за тоа не е свесен? Кај него, како …

Онур против фикусот Read More »

И, сега што?


Петар Арсовски Мислам дека заклучокот дека не знаеме што да правиме со слободата е апсолутно точен. Но, би додал, ние од слободата малку и се плашиме. Авторитарниот систем создава и послушници и бунтовници, но истовремено овозможува стабилност, лесен изговор дека некој друг мисли за вас, дека вашата судбина не е целосно ваша сопствена одговорност. Оттаму, …

И, сега што? Read More »

Петар Арсовски не го кодошел Ристо Шишков


По цели девет години судење, актерот Петар Арсовски успеа да докаже дека не бил кодош, а дека поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Оливер Шамбевски го клеветел со намера да ги наруши неговите углед и чест. Апелацискиот суд во Скопје деновиве донесе пресуда со која само се потврдува првостепената пресуда, а според која тужениот Шамбевски изрекол клевета …

Петар Арсовски не го кодошел Ристо Шишков Read More »

Во лер или во прва во 2018?


Петар Арсовски Очигледно е дека 2018 ќе биде исклучително важна година за евроатлантските интеграции на Македонија, па со тоа, најверојатно, и пресудна година за спорот за името со Грција. Веќе подолго време новата енергија околу овој процес, и во Македонија и во Грција, е една од главните теми на медиумите и на аналитичарите во регионот, …

Во лер или во прва во 2018? Read More »

За ПМ честичките во нашите глави


Петар Арсовски Како што се актуализира ПМ загадувањето, се прашувам како да ја измериме критичката контаминација која ја демонстрираме постојано во нашите постреволуционерни глави, опиени од новата слобода и од животот што дојде. Ме фаќа страв од последиците од ваквиот нов живот, од можните контрареакции на општата критика кон новата власт, која дојде побрзо, поостро, …

За ПМ честичките во нашите глави Read More »

Старата и новата гарда си ги мерат силите, ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ нов претседател?


Датумот 23 декември е резервиран ден за вонредниот конгрес на опозиционата партија ВМРО-ДПМНЕ. Според дел од политичките аналитичари во земјава, моменталниот статут на ВМРО-ДПМНЕ му дозволува на актуелниот претседател Никола Груевски да избере човек „марионета“ кого токму тој ќе го контролира за сѐ што се случува во партијата. Запрашан кој би можел да го наследи …

Старата и новата гарда си ги мерат силите, ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ нов претседател? Read More »

Ние сме боргите. Дојде животот. Отпорот е залуден.


Петар Арсовски Во сред жешката дебата која се води деновиве околу транспарентноста и отчетноста на јавната администрација, која сега се актуелизира како што СДСМ се подготвува за реформи во медиумското законодавство, наследство од претходната авторитарна власт која жареше и палеше во Македонија во последната деценија, се појавија информации дека новата влада – и покрај нивниот …

Ние сме боргите. Дојде животот. Отпорот е залуден. Read More »