Одредена мерка притвор за уапсените за несреќата со мигрантите кај Пелопонез


Мерка притвор им е одредена на деветтемина уапсени Египќани за несреќата со мигрантите минатата седмица во морскиот дел во близина на Пелопонез, под сомнение дека се криумчари, јави дописничката на МИА од Атина.  Уапсените вчера беа изведени пред истражен судија и обвинител во грчкиот град Каламата, а според грчката новинска агенција АНА-МПА по маратонското сослушување …

Одредена мерка притвор за уапсените за несреќата со мигрантите кај Пелопонез Read More »

Почнаа сеизмичките истражувања за наоѓалишта на природен гас во Грција


 Бродот за сеизмички истражувања за наоѓалиштата на природен гас југозападно од Пелопонез и Крит, тргна. Ги поставува каблите со подводните слушалки, од кои добива информации за брановите за да може да ги одреди геолошките структури, откри министерот за животна средина и енергетика на Грција Костас Скрекас во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, јави дописничката на …

Почнаа сеизмичките истражувања за наоѓалишта на природен гас во Грција Read More »

Пожар на Пелопонез, превентивно евакуирани четири села


Подобрена е ситуацијата со пожарот што вчера избувна во западниот дел на Пелопонез, а синоќа, превентивно беа евакуирани жителите на четири села, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката противпожарна служба, во пожарот интервенираат 195 пожарникари со седум пешадиски тимови и 48 возила, два авиона и два хеликоптера, а помагаат волонтери пожарникари и цистерни …

Пожар на Пелопонез, превентивно евакуирани четири села Read More »

Силен земјотрес на Пелопонез


Земјотрес со интензитет од 5,5 степени по Рихтеровата скала го погоди утринава во западниот дел на Пелопонез. Епицентарот на земјотресот бил на 37 километри југозападно од Пилос, на длабочина од 30 километри. Нема податоци за повредени или материјална штета.