Уништена шума стара 70 години. Мијалкови ќе градат луксузен хотел во Охрид над Горица 3


  Во Охрид, над Горица 3 започнува градба на хотел, а за таа цел е унишена стара шума над 70 години која ја засадиле жители на Охрид при тогашни акции за пошумување. Со реакција се јавија и од Иницијативата „О2“ од каде прашуваат кој и зошто го продал државното богатство кое во минатото макотрпно се …

Уништена шума стара 70 години. Мијалкови ќе градат луксузен хотел во Охрид над Горица 3 Read More »

Охрид ќе се збратимува со Варна, изјави градоначалникот на бугарскиот приморски град


Бугарскиот приморски град Варна добил барање од Охрид за збратимување, соопштил градоначалникот на Општина Варна, Благомир Коцев, на регионалната конференција „Европа на Балканот: Заедничка иднина“ што се одржува токму во Варна. Коцев изјавил дека тоа претставува исклучителна можност за зближување не само на двата града, туку и на двете држави. Градоначалникот на Варна, како што …

Охрид ќе се збратимува со Варна, изјави градоначалникот на бугарскиот приморски град Read More »

Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба за вакцинации и две нови амбулантни возила


Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот Дом во Охрид и Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“–Охрид. -Во изминатиот период, Здравствениот дом значително ги унапреди условите со реновирање на просториите во Службата за вакцинации, како и зголемување …

Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба за вакцинации и две нови амбулантни возила Read More »

Починала жената која беше турната од тераса во Охрид


Почина жената која беше турната од трет кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид. Настанот се случи на 8 март, а три дена подоцна СВР Охрид поднесе кривични пријави против две лица, јави порталот Охрид 1. СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено …

Починала жената која беше турната од тераса во Охрид Read More »

Пожар во куќа во населбата Кошишта во Охрид


Пожар рано изутринава избувна во станбена куќа во охридската населба „Кошишта“. За пожарот во 00:35 часот била информирана Територијалната противпожарна единица од Охрид, од каде веднаш кон улицата „Андон Дуков“ биле испратени четири противпожарни возила и седуммина пожарникари. Благодарение на навремената интервенција спречено е проширување на пламенот од опожарената куќа на останатите објекти во близина. …

Пожар во куќа во населбата Кошишта во Охрид Read More »

Кривична против охриѓанец поради обид за убиство, турнал жена од тераса


СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишниот А.Д. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ како и против 21-годишниот Е.М. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“, извести СВР Охрид. „На 08.03.2024 околу 11.30 часот, првопријавениот, во стан на улицата „ Карпош Војвода“ …

Кривична против охриѓанец поради обид за убиство, турнал жена од тераса Read More »

Петровска: Продолжува санацијата на сидриштето пред Центарот за обука на вода во Охрид


Санирањето на сидриштето за пловила пред Центарот за обука на вода на АРМ во Охрид ќе продолжи, откако за тоа се добиени сите позитивни мислења од надлежните институции дека зафатот нема негативно влијание врз животната средина, изјави министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Петровска која денеска беше во Охрид, пред медиумите појасни дека сидриштето што се …

Петровска: Продолжува санацијата на сидриштето пред Центарот за обука на вода во Охрид Read More »

Оперски арии со маестро Федерико Сера како осмомартовски подарок за дамите во Охрид


Со арии на Џузепе Верди, во изведба на италијанскиот тенор Федерико Сера во пијано придружба на Антонио Кампоногара, „Охридско лето“ синоќа им го честита 8 Март, Денот на жената на припадничките на понежниот пол во Охрид. Концертот одржан во катедралната црква „Света Софија“ е дел од заложбите на менаџментот на „Охридско лето“ да понуди културни …

Оперски арии со маестро Федерико Сера како осмомартовски подарок за дамите во Охрид Read More »

Охриѓанка падна од трет кат, уапсени двајца


Денеска во 11.10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека од трет кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, паднала жена која потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, извести СВР Охрид. „Во врска со настанот, во 11.45 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, лишени …

Охриѓанка падна од трет кат, уапсени двајца Read More »

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид


Лажни дојави на бомби имало утрово во неколку деловни објекти во индустриската зона во Охрид и во едно училиште, потврди  за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Според него, вработените од индустриската зона, лоцирана во близина на градските гробишта, биле евакуирани, но за кратко вратени во работниот процес. – Во координација со јавен обивнител, …

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид Read More »

Три деца вчера, во Охрид, биле прегазени, поминале со повреди


Во две одделни сообраќајни несреќи се прегазени вкупно тројца малолетници во Охрид, кои за среќа, поминале само со телесни повреди.  -Во средата, во 15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„7 Ноември“во Охрид, патничко возило „југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(55) од Охрид, удрило во двајца малолетни пешаци. Во несреќата со …

Три деца вчера, во Охрид, биле прегазени, поминале со повреди Read More »

Станари од охридската населба „Бејбунар“ најавија тужба до Општината поради неуредена инфраструктура


Граѓани на Охрид, жители на објектите што гравитираат на улицата „АСНОМ“, преку допис лиферуван до медиумите најавуваат дека судски ќе бараат остварување на нивните станарски права, односно уредување на соодветна инфраструктура во населбата за која имаат подмирено комуналии. Тие посочуваат дека повеќе од десет години живеат во субстандардни услови со неасфалитрана улица, за што предупредуваат …

Станари од охридската населба „Бејбунар“ најавија тужба до Општината поради неуредена инфраструктура Read More »

Поради дефект на главен цевковод од синоќа без вода делови на централното подрачје на Охрид


Од синоќа поради настанат поголем дефект на водоводната мрежа во прекин е водоснабдувањето на поголем дел од централното градско подрачје на градот Охрид. Станува збор за проблем предизвикан поради пукање на цевка од главен цевковод со профил 300 милиметри кај кружниот тек на булеварот „Туристичка“ кај пресекот со улица „АСНОМ“, во близина на Спортскиот центар …

Поради дефект на главен цевковод од синоќа без вода делови на централното подрачје на Охрид Read More »

Никола Јакимоски го фати крстот положен во Охридското Езеро


Никола Јакимоски е среќниот фаќач на крстот кој беше положен во водите на Охриското Езеро. Свештеникот кој ги освети водите, рече дека Никола од Охрид е оној кој годинава го фати крстот, а не е од Варош. Години наназад, крстот од водите го вадеше момче од Варош. Никола посака здравје и среќа за сите, а …

Никола Јакимоски го фати крстот положен во Охридското Езеро Read More »

Охрид подготвен за најмасовното фрлање по крстот на Богојавленскиот водосвет


Во Охрид денеска ќе се одржува најмасовната верска манифестација – традиционалното положување на Чесниот крст и осветувањето на водите на Охридското Езеро по повод православниот празник Богојавление – Водици. Чинот на осветувањето на езерските води и положувањето на Чесниот крст ќе биде во 10 часот кај Градското пристаниште. На фрлањето на крстот ќе му претходат …

Охрид подготвен за најмасовното фрлање по крстот на Богојавленскиот водосвет Read More »

Националната комисија за УНЕСКО и НП „Галичица“ со посебен софтвер ќе ги утврдуваат дивоградбите на охридското крајбрежје


Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија и Националниот парк „Галичица“ преку посебен софтвер направиле скенирање на охридското крајбрежје по што ќе се утврдуваат дивоградбите, информира министерката за култура и претседател на Националната комисија Бисера Костадиновска – Стојчевска. Според неа, состојбата на терен ќе каже, а потоа ќе постапуваат. – Направено е скенирање на …

Националната комисија за УНЕСКО и НП „Галичица“ со посебен софтвер ќе ги утврдуваат дивоградбите на охридското крајбрежје Read More »

Весела и спокојна новогодишна ноќ во Охрид


Охриѓани и гостите од земјата и странство кои во голем број пристигнаа уште со почетокот на викендот синоќа во свечен новогодишен амбиент, со голем огномет и добра забава ја испратија веќе старата 2023 и ја дочекаа Новата 2024 година. Неколкуте илјади граѓани на Охрид, како и туристи на Градскиот плоштад на релативно топло време за …

Весела и спокојна новогодишна ноќ во Охрид Read More »

За 32 насто зголемен број патници опслужени на двата аеродроми во земјава


 Бројот патници на меѓународните аеродроми во Охрид и во Скопје во периодот јануари – ноември оваа година достигна 2,9 милиони, што е за 32,1 насто повеќе споредбено со истиот период од минатата година, соопшти компанијата „Aeroports de Paris“. Само во ноември, бројот на патници достигна 244.719, што е за 54,1 насто повеќе од ноември 2022 …

За 32 насто зголемен број патници опслужени на двата аеродроми во земјава Read More »

Ќе нема авионски летови од Скопје и Охрид за Нова година, ако останат огласите за вработување


Синдикатот на Контрола на летање М-НАВ денеска најави предупредувачки штрајк на 25 декември од 10 до 17 часот и за Нова година, како реакција на објавени огласи за вработувања во М-НА, со критериуми, според претседателот на Синдикатот Александар Тасевски, спротивни на постигнатата спогодба со менаџментот од октомври годинава. -Бидејќи е прекршена спогодбата помеѓу Синдикатот и …

Ќе нема авионски летови од Скопје и Охрид за Нова година, ако останат огласите за вработување Read More »

Наредното лето сезонски летови на полскиот авиопревозник „ЛОТ“ од Варшава до Охрид


Полската национална авиокомпанија „ЛОТ“ наредната летна сезона ќе воспостави нова сезонска авионска линија до Охрид. Според најавите од „ЛОТ“, планирано е новата линија од аеродромот „Радом“ до аеродромот „Свети Апостол Павле“ да стартува на 24 јуни и да оперира еднаш седмично секој понеделник до 23 септември. Според најавите од „ЛОТ“, планирано е новата линија од …

Наредното лето сезонски летови на полскиот авиопревозник „ЛОТ“ од Варшава до Охрид Read More »