Саудиска Арабија и Русија и во наредните три месеци ќе произведуваат помалку нафта


Неколку земји од ОПЕК+ објавија дека за три месеци го продолжуваат намалувањето на производството на нафта за да го стимулираат пазарот, пренесоа светските агенции. Ријад и Москва, столбовите на оваа нафтена алијанса на земјите извознички на нафта, соопштија денеска дека тие и другите членки продолжуваат со доброволното намалување до средината на годината за да ги …

Саудиска Арабија и Русија и во наредните три месеци ќе произведуваат помалку нафта Read More »

Цените на нафтата паднаа на 79 долари


 Цените на нафтата паднаа на 79 долари на меѓународните пазари во средата, откако главните производители го одложија состанокот за производната политика, поттикнувајќи ги стравувањата дека слабата побарувачка ќе ги принуди дополнително да ја намалат понудата. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 3,39 долари отколку на затворањето на тргувањето вчера и …

Цените на нафтата паднаа на 79 долари Read More »

Цените на нафтата се зголемија за осум отсто, аналитичарите сметаат дека барелот ќе чини 100 долари


  Цените на нафтата пораснаа за цели осум отсто на отворањето на тргувањето, откако ОПЕК плус објави дека го намалува производството за 1,16 милиони барели дневно. Фјучерсите на суровата нафта „брент“ пат скокнаа за 5,07 отсто на 83,95 долари за барел, а фјучерсите на американската „Вест Тексас интермедијт“ скокнаа за 5,17 отсто на 79,59 долари …

Цените на нафтата се зголемија за осум отсто, аналитичарите сметаат дека барелот ќе чини 100 долари Read More »

ОПЕК ја зголеми проценката за долгорочната побарувачка на нафта


  Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ги зголеми своите проценки за среднорочна и долгорочна побарувачка на нафта, нагласувајќи ја потребата од повеќе инвестиции во нафтениот сектор за да се задоволи очекуваната побарувачка. ОПЕК проценува дека е неопходно да се инвестираат 12,1 милијарди долари во нафтениот сектор за да се задоволи очекуваната поголема побарувачка …

ОПЕК ја зголеми проценката за долгорочната побарувачка на нафта Read More »

ОПЕК ќе го намали призводството на нафта за два милиони барели дневно за да ја зголеми цената


  Министерскиот комитет за мониторинг на ОПЕК+ се согласи да го намали производството на нафта за два милиони барели дневно. Тоа го пренесува Ројтерс, повикувајќи се на три извори. На оваа позадина, цената на нафтата брент на лондонската берза почна да расте, искачувајќи се над 93 долари за барел. Состанокот на 24-те земји-производители на нафта …

ОПЕК ќе го намали призводството на нафта за два милиони барели дневно за да ја зголеми цената Read More »

Цените на нафтата над 96 долари, ОПЕК и сојузниците го намалуваат производството


Цените на нафтата денеска „скокнаа“ на меѓународните пазари над 96 долари откако водечките производители одлучија благо да го намалат производството во октомври, а рускиот „Газпром“ ја одложи испораката на гас за Европа преку „Северен тек 1“. На лондонскиот пазар цената на барелот по пладнето беше повисока за 3,43 долари отколку на затворањето на крајот од …

Цените на нафтата над 96 долари, ОПЕК и сојузниците го намалуваат производството Read More »

Почина генералниот секретар на ОПЕК


Генералниот секретар на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) Мохамад Баркиндо почина на 64-годишна возраст, соопштија денеска нигериските власти. Портпаролот на нигериското Министерство за нафта потврди дека Баркиндо починал во Абуџа, еден ден по средбата со нигерискиот претседател во главниот град на земјата. Не е познато што ја предизвикало смртта на генералниот секретар на …

Почина генералниот секретар на ОПЕК Read More »

ОПЕК очекува послаба побарувачка на нафта во 2023 година


Глобалната побарувачка на нафта ќе забави во 2023 година, изјавија претставници на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и извори од индустријата, бидејќи порастот на цените на нафтата и горивото ја поттикнува инфлацијата и ја задушува светската економија. Потрошувачката на гориво закрепна по падот во пандемијата во 2020 година и оваа година се очекува да ги надмине нивоата од 2019 година и …

ОПЕК очекува послаба побарувачка на нафта во 2023 година Read More »

ОПЕК+ месечно ќе испорачува 50 проценти повеќе нафта отколку досега


Нафтената алијанса ОПЕК+ денеска се согласи да ја зголеми месечната квота за зголемување на производството за околу 50 отсто, исполнувајќи ги неколкумесечните барања на големи потрошувачи, како што се САД, за поддршка напорите за ублажување на високите цени на енергијата. Групата, составена од членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници предводени од Русија, се согласи во јули и …

ОПЕК+ месечно ќе испорачува 50 проценти повеќе нафта отколку досега Read More »

ОПЕК ја намалува прогнозата за побарувачката на нафта поради војната во Украина


 ОПЕК ја намали својата прогноза за глобалната побарувачка на нафта во својот најнов пазарен извештај објавен денеска, припишувајќи го падот првенствено на војната во Украина. Организацијата на земјите извознички на нафта сега предвидува дневната побарувачка во текот на 2022 година да достигне 100,5 милиони барели, што е за 400.000 барели помалку во однос на претходната …

ОПЕК ја намалува прогнозата за побарувачката на нафта поради војната во Украина Read More »

Растат цените на нафтата – барелот денеска над 92 долари


Цените на нафтата денеска се зголемија на над 92 долари откако Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) соопшти дека пазарот на нафта е недоволно снабден, што ја засени загриженоста за инфлацијата и можноста за обновување на иранскиот извоз. Цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 1,01 долар во однос на претходното затворање, на 92,42 …

Растат цените на нафтата – барелот денеска над 92 долари Read More »

Членките и сојузниците на ОПЕК ќе го зголемат производството на нафта од февруари


Членките на Организацијата на производители на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници денеска одлучија да го зголемат производството со надеж дека патувањата и побарувачката за гориво нема да се намалат и покрај брзото ширење на омикрон сојот на коронавирусот. ОПЕК плус, која се состои од 23 земји, најави дека од февруари ќе го зголеми производството на …

Членките и сојузниците на ОПЕК ќе го зголемат производството на нафта од февруари Read More »

Кувајтскиот експерт Хајтам ал-Гаис е нов генерален секретар на ОПЕК


Кувајтскиот експерт за нафтениот пазар Хајтам ал-Гаис во август ќе ја преземе функцијата генерален секретар на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), објави вчера моќниот нафтен картел. Ал-Гаис летово ќе го наследи Нигериецот, Мохамед Сануси Баркинд, кој на чело на ОПЕК е од 2016 година и се повлекува по два мандати. Наследството на Баркинд …

Кувајтскиот експерт Хајтам ал-Гаис е нов генерален секретар на ОПЕК Read More »

ОПЕК очекува поголема побарувачка за нафта на почетокот на 2022 година


Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ја зголеми својата проценка за глобалната побарувачка на нафта на почетокот на 2022 година, проценувајќи дека новата варијанта на коронавирус, омикрон, само малку ќе влијае на светот кој веќе научи да живее со пандемијата. ОПЕК ја процени побарувачката на нафта во првиот квартал од следната година на просечни …

ОПЕК очекува поголема побарувачка за нафта на почетокот на 2022 година Read More »

Нафтата падна поради зголеменото американско производство, плановите на ОПЕК


Цената на нафтата забележа пад при отворањето на неделното тргување денеска, и покрај наближувањето на летото со вообичаено повисоката побарувачка во овој период. Брент нафтата се продава за 75,53 долари за барел, што претставува пад од 1,26 долари, додека лесната сурова американска нафта се продава за 65,41 долар за барел – пад од 40 центи. Причина …

Нафтата падна поради зголеменото американско производство, плановите на ОПЕК Read More »

Цените на нафтата на највисоко ниво во изминативе 3.5 години


Цените на нафтата достигаа највисоко ниво во последниве три и пол гоидни, како последица на драстичното намалување на нафтеното производство во Венецуела, растот на глобалнаѕа побарувачка на енергенсот и одлуката на САД за воведување нови санкции кон Иран. Воведувањето американски санкции кон Иран, кој произведува околу четири проценти од вкупното нафтено производство во светот, би …

Цените на нафтата на највисоко ниво во изминативе 3.5 години Read More »