Ограбена обложувалница во Ѓорче Петров


Минатата ноќ била ограбена спортска обложувалница во Ѓорче Петров. -Денеска (29.05.2023) во 01.25 часот било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со закана од вработениот одзело пари, соопшти МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ограбена обложувалница среде бел ден во Скопје


Спортска обложувалница вчера била ограбена среде бел ден. – На 16.02.2023 во 10.17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје, едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет, информира МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Фатен битолчанец што ограбил златарница


Основното јавно обвинителство – Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен битолчанец, осомничен дека сторил кривично дело – тешка кражба. – Постои основано сомнение дека на 29 јуни тој влегол во златарница на булеварот „1 Мај“ во Битола и започнал да разговара со сопственикот. Искористувајќи го моментот додека оштетениот бил наведнат позади пултот, …

Фатен битолчанец што ограбил златарница Read More »

Ограбена црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје


 Непознати сторители ноќеска ја ограбиле црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Во моментот полициски службеници вршат увид. Засега нема инфорамација што е украдено. Министерството за внатрешни работи најави дека по извршениот увид ќе бидат соопштени повеќе детали за грабежот. Кражбата е пријавена утрово околу 6.30 часот. 

Малолетник и возрасен маж ограбиле старица во Прилеп


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.Ф.(38) и 14-годишник, двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“. Имено, на 9 февруари 2019 година околу 19.30 часот во Прилеп, на улица „Сремски Фронт“, пријавените одзеле пари и лични документи од А.А.(85) од Прилеп.

Скопјанка измамена и ограбена од гатачка која „отстранува“ лошо


Жена од Скопје со намера да си ја дознае судбината и да го отстрани „лошото“, била измамена од гатачка. Јасновидка и кажала дека и е направено нешто лошо и и го земала златото, за наводно да го однесе во црква. Како што соопшти МВР вчера В.С.(29) пријавила дека истиот ден во 12:40 часот била измамена …

Скопјанка измамена и ограбена од гатачка која „отстранува“ лошо Read More »

Ограбена црква во Тетово


Околу 2.000 денари се украдени од црквата „Св. Великомеченик Димитрије“ на улицата „Гоце Делчев“ во Тетово. Според полицијата, ноќта помеѓу 10 и 11 мај непознати сторители со употреба на сила ја отвориле влезната врата, влегле внатре и ги одзеле парите по што побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно …

Ограбена црква во Тетово Read More »

Ограбена аптека во Чаир


Непознато лице синоќа украло околу 4.000 денари од аптека на улицата „Втора Македонска Бригада“ во Скопје. Според полицијата, грабежот се случил околу 20 часот откако разбојникот вооружен со пиштол, и се заканил на вработената и од касата ги одзел парите. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.

Ограбена бензинска пумпа во Скопје


Две непознати лица заканувајќи се со пиштол ноќеска ограбиле бензинска пумпа на улицата „Александар Урдаревски“ во Скопје. Полицијата соопшти дека околу 2:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Александар Урдаревски“, на бензинска пумпа две непознати лица со закана со пиштол извршиле разбојништво, при што биле одземени пари од дневниот …

Ограбена бензинска пумпа во Скопје Read More »

Синоќа ограбена аптека на Зегин


Маскиран разбојник со пиштол ограбил аптека. Од вработените тој го одзел дневниот промет. Како што соопшти МВР вчера околу 21 часот на улица „Кузман Јосифовски Питу“ кај железничка станица во аптека „Зегин“, маскирано лице со закана со пиштол извршило разбојништво над двајца вработени одземајќи го дневниот промет. Од полицијата информираат дека превземаат мерки за пронаоѓање …

Синоќа ограбена аптека на Зегин Read More »