Маникир со ликот на Доналд Трамп хит во Москва


САД– Козметичкиот салон „Неил сани“ во Москва е најпосетен од елитните руски дами откако нудат маникир со ликот на американскиот претседател Доналд Трамп или Белата куќа до сестрите Кардашијанс. Уметноста пресликана на ноктите започна уште во јануари 2017 кога Трамп беше инаугуриран за претседател. Оттогаш дизајните се менуваат а заинтересираноста на граѓаните расте.