(Видео) Леденото време во Кина доведе до сообраќаен хаос, има и мртви


Замрзнат дожд, снег и мраз го заглавуваат сообраќајот во централна и источна Кина, додека милиони луѓе патуваат дома пред празникот на пролетниот фестивал, во студеното време што зафати делови од земјата во изминатата недела и уби најмалку две лица. Едно лице во Хубеи и друго од јужната провинција Хунан загинаа кога натстрешници на пазарите на …

(Видео) Леденото време во Кина доведе до сообраќаен хаос, има и мртви Read More »

Битолчани новата година ја дочекаа пред Офицерски дом


Битолчани новата 2024 година ја дочекаа на платото пред Офицерски дом каде без огномет, но со незаборавни специјални светлосни ефекти и 3Д мапинг беше приреден спектакуларен дочек. Богатата музичка програма „Зимска приказна“ беше заокружена со битолскиот дувачки оркестар и актерот и стенд-ап комичар Марјан Ѓоргиевски, а точно на полноќ бројните посетители ги поздрави градоначалникот Тони …

Битолчани новата година ја дочекаа пред Офицерски дом Read More »

Новогодишен караван во Кисела Вода, поделени 3000 пакетчиња


Новогодишниот караван кој во изминатите денови патуваше низ сите населби и населени места во Општина Кисела Вода, денеска пристигна на својата финална дестинација што донесе бескрајна среќа на лицата на илјадници дечиња во паркот во Расадник.   Како што наведуваат од Општината, Дедо Мраз во кочија придружуван од распеан детски оркестар се придружи на големиот …

Новогодишен караван во Кисела Вода, поделени 3000 пакетчиња Read More »

Новогодишна прослава на плоштадот „Македонија“


Веќе неколку денови по ред, најдобрата забава се случува во центарот на Скопје, на Плоштад Македонија. Благодарение на богатата празнична програма што ја подготви раководството на Комора на музичка индустрија, првите четири фестивалски вечери поминаа во одлична атмосфера и од ден на ден новогодишната еуфорија е сѐ поголема, а публиката побројна. 300 деца на сцената …

Новогодишна прослава на плоштадот „Македонија“ Read More »

Македонска музика за дочекот на Новата година на скопскиот плоштад


Во екот на предновогодишните настани и случувања, „Комора на музичка индустрија“, во соработка со „Град Скопје“ подготвуваат поинакво празнично доживување за сите генерации. Од 25.12.2023 започнува празничниот базар, на Плоштад Македонија ќе владее новогодишна еуфорија до 07.01.2024 и сите патишта ќе водат кон центарот на Скопје. Градот убав Ве кани сите на четиринаесетдневна дружба исполнета …

Македонска музика за дочекот на Новата година на скопскиот плоштад Read More »

Крушево „победи во конкуренцијата Најновогодишен град“


Крушево, слободно може да се каже дека е најдобро украсен град во пресрет на новогодишните и Божиќните празници. Не дека Крива Паланка заостанува, ама крушевчани имаат и снег, под нозете крцкав, а на околните елки и борови им надвиснале гранките одбелата тежина. Нив и природата ги сака.  Магични фотографии од атмосферата на плоштадот во Крушево …

Крушево „победи во конкуренцијата Најновогодишен град“ Read More »

Скопје новогодишно накитено со срамежлива елка


Цел месец медиумите се обидуваа да стигнат до информација дали и кога Скопје, како главен град, ќе биде новогодишно украсен. По повеќе написи, се огласија од Градот, од каде рекоа дека Скопје ќе биде новогодишно украсен на 15 декември. Тоа е утре, а Скопје навистина се украси со елка, еленчиња, лампиони, капи од Дедо Мраз, …

Скопје новогодишно накитено со срамежлива елка Read More »

Охридските угостители подготвени за новогодишните празници, се очекува добра посетеност


Охридските туристички работници се подготвуваат да ги пречекаат гостите кои ќе решат Новата 2024 година да ја дочекаат во некој од угостителските објекти на брегот на Охридското Езеро. Досега потврдените резервации и успешната летна туристичка сезона укажуваат дека градот ќе биде добро посетен за „најлудата“ ноќ. Според последните информации, хотелските капацитети за престојните новогодишни празници …

Охридските угостители подготвени за новогодишните празници, се очекува добра посетеност Read More »

Аеродром се украсува за Нова година


На повеќе од еден месец до новогодишната ноќ, Аеродром ги започна подготовките за новогодишното украсување со што општината кон средината на декември ќе добие празничен и новогодишен лик. Во текот на вчерашниот ден преку електронскиот систем за јавни набавки беше објавен оглас за спроведување јавна набавка за изнајмување опрема за новогодишно украсување. Новогодишното украсување на …

Аеродром се украсува за Нова година Read More »

Општина Битола објави јавен повик за новогодишно украсување на градот – осум месеци порано


 Општина Битола објави повик наменет за сите креативни граѓани, здруженија на граѓани и фирми, кои можат да креираат и да понудат идејно решение за новогодишно украсување на градот за Новата 2024 година. Според нововостановената традиција, локалната самоуправа повикот го објави осум месец порано, а се однесува за новогодишното украсување на Старата чаршија, Широк Сокак и сите кружни текови …

Општина Битола објави јавен повик за новогодишно украсување на градот – осум месеци порано Read More »

Црн биланс од новогодишните огномети во Германија, петарди и ракети фрлани врз полицијата и пожарникарите


Напади врз пожарникарите и полицајците со ракети и моќни петарди ја одбележаа новогодишната ноќ во Германија, а епилогот е десетици повредени и приведени лица. Младо лице на 17 години во Лајпциг подлегнало на повредените здобиени од несоодветно ракување со пиротехнички средства. Од тие причини, синдикатите на пожарникарите и на полицијата бараат воведување камери за снимање на …

Црн биланс од новогодишните огномети во Германија, петарди и ракети фрлани врз полицијата и пожарникарите Read More »

Видео: Демолирана женската зграда во студентскиот „Стив Нумов“ за Нова година


На социјалната мрежа Твитер се појави видео, кое наводно е направено во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје по новогодишната ноќ. Како што може да се забележи на видеото, низ ходниците се расфрлани различни отпадоци и има скршено стакло, а уништен е и еден хидрант. – Утрото после новогодишната вечер во Стив. Не ги фатив …

Видео: Демолирана женската зграда во студентскиот „Стив Нумов“ за Нова година Read More »

Илјадници граѓани ја дочекаа Новата година на преполниот Градски плоштад во Охрид


  Илјадници охриѓани и гости од земјава и странство ја испратија старата и ја дочекаа Новата година на преполниот Градски плоштад во Охрид.   Забавата кулминираше пред полноќ со настапите на македонските фолк ѕвезди Ефто Пупиноски и Миле Кузманоски, а желби за многу среќа, здравје, успех, љубов… испрати и градоначалникот Кирил Пецаков. – Оваа година …

Илјадници граѓани ја дочекаа Новата година на преполниот Градски плоштад во Охрид Read More »

Скопјани, скромно, на плоштадот ја дочекаа Новата година


Во магла и скромно, неколку стотини скопјани одлучија Новата година да ја дочекаат на плоштадот „Македонија“. За новогодишната програма, првпаt, место Градот, се погрижи Здружението на естрадни уметници „Естрада” кое покрена иницијатива да биде организатор на новогодишната забава. На новогодишната забава настапија познати музички имиња од македонската естрада како што се, „Мерак меана“, Наум Петрески, …

Скопјани, скромно, на плоштадот ја дочекаа Новата година Read More »

Танчерки на Бали учествуваа на новогодишната парада


  Танчерките на Бали во Индонезија, учествуваа на парадата пред дочекот на Новата година, со што придонесоа за свечената атмосфера. На улиците на градот Денпасар беше многу возбудливо. Иако повеќето жители на Индонезија, Новата година ка прославија на сличен начин како повеќето земји во светот, во некои градови нагласокот е на традицијата. Имено, некои 2023 …

Танчерки на Бали учествуваа на новогодишната парада Read More »

Во Австралија стигна Новата година (фото+видео)


Жителите на Киримати (Божиќниот остров) први влегоа во Новата 2023 година. По средноевропско време, тие ја дочекаа новата година во 11 часот. Во 2023 година, последни ќе влезат жителите на Американска Самоа. Новата година стигна и во Австралија, а еве и неколку фотографии направени од Македонец, кој овие денови е во Австалија во посета на …

Во Австралија стигна Новата година (фото+видео) Read More »

Ведро и тивко за новогодишната ноќ


За време на новогодишната ноќ, времето ќе биде претежно ведро и тивко, а по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност. Синоптичарите најавуваат период на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив …

Ведро и тивко за новогодишната ноќ Read More »

Охрид полн за Нова година, блеска со својот раскош и убавина


Новогодишните празници го наполнија најголемиот туристички центар во земјава. Блеснат со сета своја убавина, Охрид подготвено ги дочека гостите од земјава и странство. Покрај домашните посетители најчести се туристите од соседството, кои одлучиле најлудата ноќ да ја поминат на охриско-струшката ривиеара. Зголемена раздвиженоста се бележи во чаршијата, на градскиот кеј, но најмногу низ улиците. Покрај …

Охрид полн за Нова година, блеска со својот раскош и убавина Read More »

По пауза од две години, новогодишната ноќ во Грција без никакви ограничувања


Новата година, по пауза од две години, Грците ќе ја дочекаат без никакви мерки и рестрикции поради Ковид-19, додека пак општина Атина најавува спектакуларен пречек на плоштадот Синтагма, јави дописничката на МИА од Атина. Дочекот на 2021 беше за време на целосен карантин, а лани само неколку дена пред 31 декември поради драстично зголемениот број …

По пауза од две години, новогодишната ноќ во Грција без никакви ограничувања Read More »

Мицкоски: Новата 2023 година нека биде година на промени


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка до граѓаните по повод новогодишните празници. Во честитката, Мицкоски ја оценува 2022 година како година на неспособна власт, сиромаштија, енергетска криза, година во која се тргувало со националното достоинство. – Македонија е нашиот заеднички дом, да покажеме заеднички патриотизам. Да не губиме време, да ја завршиме работата, народот …

Мицкоски: Новата 2023 година нека биде година на промени Read More »