Скопјанец пронајден мртов во својот дом


Од МВР известуваат дека во Скопје вчера во 16 часот бил пронајден починат Ж.М. (67) во куќата во која живеел. Телото било пронајдено од страна на неговиот брат. Смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Мртов маж пронајден во Гевгелија


Четириесет и едногодишен гевгеличанец утринава е пронајден мртов во близина на касарната во Гевгелија. Неговото безживотно тело било забележано од случаен минувач околу седум часот, по што била повикана полиција. Утврдено е дека станува збор за Б.Р. (41), кој имал повреда во пределот на главата. Засега не е познато дали се работи за убиство.