Соборот на СПЦ треба да расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА


Светиот архијерејски Собор на Српската православна црква, што почна вчера со богослужба во белградскиот храм Свети Сава, денеска треба да го одржи работниот дел на кој се очекува да се разговара и за македонското прашање односно за приклучувањето на ПОА во МПЦ-ОА. Заседанието на највисокото архиерејско, црковно-законодавно и црковно-судско тело на СПЦ под водство на …

Соборот на СПЦ треба да расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА Read More »

Расколот заврши – почна интеграцијата на црквата ПОА во МПЦ-ОА


  Почна процесот на интеграција на ПОА во МПЦ-ОА, донесени се неколку одлуки, кои е потребно да се усогласат со СПЦ, а потоа за нив ќе биде информирана и јавноста, изјави денеска митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, по завршување на седницата на Светиот архиерејски синод, на која се расправаше за обединувањето со Православната Охридска архиепископија на митрополитот …

Расколот заврши – почна интеграцијата на црквата ПОА во МПЦ-ОА Read More »

Синодот утре ќе одржи седница на која треба да одлучи за обединување на МПЦ-ОА и ПОА


Синодот на МПЦ-ОА, утре во полн состав, треба да донесе одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА, објави порталот религија.мк. Во Синодот во полн состав, според Уставот на МПЦ-ОА, членуваат сите епархиски …

Синодот утре ќе одржи седница на која треба да одлучи за обединување на МПЦ-ОА и ПОА Read More »

Дали патријархот Вартоломеј се меша во внатрешните работи на МПЦ-ОА?


  Веста дека вселенскиот патријарх Вартоломеј унапредил во високи чинови монаси и свештеници на МПЦ-ОА предизвика чудење во свештеничките кругови во Македонија и меѓу црковните аналитичари. Особено затоа што тоа е невообичаена постапка и е надвор од нормативните и други акти на МПЦ-ОА. Зоран Бојаровски од порталот „Рацин“, пренесувајќи го толкувањето на познавачите на внатрешјното …

Дали патријархот Вартоломеј се меша во внатрешните работи на МПЦ-ОА? Read More »

Делегација на МПЦ-ОА ќе присуствува на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти


Делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија МПЦ – ОА денеска ќе присуствува на погребот на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Делегацијата, како што информираа од МПЦ-ОА за МИА, е составена од митрополитот Тетовско-гостиварски епископот Јосиф и од професорот на Богословскиот факултет, ѓакон Стефан Гоговски. Папата Бенедикт Шеснаесетти почина …

Делегација на МПЦ-ОА ќе присуствува на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти Read More »

Делегација на МПЦ-ОА на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти


Делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија МПЦ – ОА ќе присуствува утре на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Како што информираат за МИА од МПЦ-ОА, делегацијата е составена од митрополитот Тетовско-гостиварски епископот Јосиф, придружуван од професорот на Богословскиот факултет, ѓакон Стефан Гоговски. Претставници од повеќе христијански цркви …

Делегација на МПЦ-ОА на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти Read More »

Епископот бачки Иринеј: Односите со МПЦ-ОА се братски


  Епископот бачки Иринеј изјави дека односите на Српската Православна Црква (СПЦ) со Македонската православна црква – Охрид (МПЦ-ОА), на која СПЦ неодамна и ја призна автокефалноста, се братски, јави дописникот на МИА од Белград. Владиката Иринеј во интервју за магазинот „Печат“ вели дека суштински, егзистенцијално и духовно тие биле, се и ќе бидат една …

Епископот бачки Иринеј: Односите со МПЦ-ОА се братски Read More »

САС на МПЦ-ОА го поздрави и благодари за признавањето на афтокефалноста од страна на РПЦ


  Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница одржана денеска ја поздрави одлуката на Руската Православна за признавање на афтокефалноста на МПЦ-ОА. – Светиот Синод со голема радост и благодарност ја прими веста за прифаќањето на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква – Охридска …

САС на МПЦ-ОА го поздрави и благодари за признавањето на афтокефалноста од страна на РПЦ Read More »

Руската православна црква ја призна МПЦ – ОА, како автокефална сестринска црква


  Светиот синод на Руската православна црква на денешната седница ја призна Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како автокефална сестринска црква. „На 25 август 2022 година, на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, беше слушната пораката на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за доделувањето од страна на Српската …

Руската православна црква ја призна МПЦ – ОА, како автокефална сестринска црква Read More »

Синодот на МПЦ – ОА: Да се зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја


Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) очекува Владата и сите останати општествено-политички фактори да се обединат и да изградат стратегија, која целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја во семејството на европските народи. Синодот, во соопштението по денешната вонредна седница на која дискутирало …

Синодот на МПЦ – ОА: Да се зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик, култура и историја Read More »

Во Вселенската патријаршија се сослужуваше и на македонски јазик


Историски чин се одржа денеска во древната Вселенска патријаршија, во која заедно сослужуваа Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј и архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во соборниот храм „Свети Георгиј Победоносец“ во Фанар, при што сослужувањето се одвиваше и на македонски јазик. Заедничката литургија во Соборниот храм на Вселенската Патријаршија во Истанбул, доаѓа откако во четвртокот Патријархот …

Во Вселенската патријаршија се сослужуваше и на македонски јазик Read More »

Прва заедничка Патријаршиска и синодална света литургија на патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан


Во Соборниот храм на Вселенската Патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул денеска вселенскиот патријарх г. Вартоломеј и архиепископот охридски г. Стефан ќе одржат прва заедничка Патријаршиска и синодална света литургија по примањето на Охридската Архиепископија во богослужбено и канонско единство единство со останатите православни цркви, со што се отстрани повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква, …

Прва заедничка Патријаршиска и синодална света литургија на патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан Read More »

Г. Стефан до патријархот Вартоломеј: Ви благодарам за честа и за срдечната љубов со која нè прегрнавте


Во Соборниот храм на Вселенската Патријаршија посветен на „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул, претпладнево се одржа празнична Божествена литургија по повод именденот на вселенскиот патријарх Вартоломеј, на која молитвено присуство имаа и архиепископот охридски г. Стефан, митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, митополитот преспанско-пелагониски г. Петар, како и епископот хераклејски Климент и епископот антаниски Партениј. Во своето …

Г. Стефан до патријархот Вартоломеј: Ви благодарам за честа и за срдечната љубов со која нè прегрнавте Read More »

Патријархот Вартоломеј на архиепископот Стефан му го предаде Патријаршискиот акт за примање на ОА во богослужбено и канонско единство


Делегација на Охридската Архиепископија, предводена од архиепископот г. Стефан попладнево пристигна во Истанбул, каде во древниот и свет Патријаршиски и ставропигијален манастир „Балаклија” присуствуваше на вечерната богослужба по повод именденот на неговата сесветост, вселенскиот патријарх г. Вартоломеј. На крајот на богослужбата вселенскиот патријарх Вартоломеј на архиепископот Стефан, свечено му го предаде Патријаршискиот и синодален акт …

Патријархот Вартоломеј на архиепископот Стефан му го предаде Патријаршискиот акт за примање на ОА во богослужбено и канонско единство Read More »

За грчката црква е прифатлива автокефалноста на Охридската архиепископија, но не и името МПЦ


  Православната црква на Грција денеска излезе со соопштение од нејзиниот Свет Синод, во кое се вели дека Атинската архиепископија на чело со архиепископот Јероним, со задоволство го примила писмото од Вселенската патријаршија во кое се известува за „исцелението на расколот од 1967 година и востановувањето на црковното општење“ на светата Охридска архиепископија, под водство …

За грчката црква е прифатлива автокефалноста на Охридската архиепископија, но не и името МПЦ Read More »

СПЦ ја одобри и благослови, а Фанар треба да ја потврди автокефалноста на МПЦ-ОА


Позитивни сигнали пристигнаа од Цариград и од Москва по добиениот благослов од СПЦ за автокефален статус на МПЦ-ОА. За Вселенската патријаршија, отстранувањето на 55 годишната шизма е историски момент, а за РПЦ радосен настан што бил чекан многу години. – Историски момент е што шизмата која траеше речиси шест децении, по иницијатива на Вселенската патријаршија, …

СПЦ ја одобри и благослови, а Фанар треба да ја потврди автокефалноста на МПЦ-ОА Read More »

(Видео + фото) Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје


Во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одржа божествена литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-OА г.г. Стефан и српскиот патријарх г.г. Порфириј. Во храмот освен митрополити на МПЦ-OA  беа присутни се и четворица митрополити на СПЦ. Литургијата следете ја на следниот ЛИНК.   Покрај големиот број верници од различни возрасти има и претставници …

(Видео + фото) Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје Read More »

Започнува Соборот на СПЦ, се очекува став за разговорите со МПЦ-ОА


Со свечености во Сремски Карловци денеска ќе започне седница на Соборот на Српската православна црква (СПЦ), додека работниот дел треба да продолжи во Белград, по што се очекува да биде соопштено до каде е дојдено во разговорите со Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА). Како што јави дописникот на МИА од Белград, поглаварот на …

Започнува Соборот на СПЦ, се очекува став за разговорите со МПЦ-ОА Read More »

МПЦ-ОА по четврти пат го изврши чинот осветување на миро


Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски  г.г.Стефан, вчера на Велики четврток, во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, во сослужение со  архијереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, служеше Света Божествена литургија, на која го изврши и чинот осветување на миро, што е основен показател за автокефалност на секоја помесна Црква. На литургијата и на …

МПЦ-ОА по четврти пат го изврши чинот осветување на миро Read More »

МПЦ-ОА се сомнева во пописните резултати за „религиска припадност“


Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (САС на МПЦ-ОА), разгледувајќи ги официјaлните резултати на пописот на населението, изразува сомневање во неговата статистичка прецизност, особено во делот за религиозната припадност каде сметаат дека постои сериозна статистичка грешка која опфаќа 13,4 отсто од населението. Како што се наведува во соопштението од МПЦ-ОА, применетата …

МПЦ-ОА се сомнева во пописните резултати за „религиска припадност“ Read More »