Дали Русија ќе се обиде да го анектира отцепениот регион на Молдавија?


Телефонот на Александру Фленчеа непрекинато ѕвони од минатата недела. „Не можам да ви кажам колку телефонски повици добив во последните два дена и од новинари и од познаници“, изјави Фленчеа по телефон за Ал Џезира. Луѓето постојано го прашуваат дали е безбедно да се остане во Молдавија. Фленчеа го води здружението Иницијатива за мир (Initiative …

Дали Русија ќе се обиде да го анектира отцепениот регион на Молдавија? Read More »

Ќе побара ли утре Приднестровје спојување со Русија?


  Сецесионистичкиот регион Приднестровје, меѓународно признат како дел од Молдавија, може да додаде нова тензија во руската војна во Украина. За 28 февруари во главниот град Тираспол е свикан конгрес на пратеници од сите локални административни нивоа. Сецесионистите претходно прибегнаа кон овој формат на состанок само во значајни прилики, почнувајќи од нивното еднострано прогласување независност …

Ќе побара ли утре Приднестровје спојување со Русија? Read More »

Историска одлука на ЕУ – отворени преговорите со Украина и Молдавија


  Европската унија во четвртокот вечерта испиша историја одобрувајќи го отворањето на пристапните преговори со Украина и Молдавија. Одлуката ја објави претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. Одлуката доаѓа во критично време за Украина, бидејќи нејзината контраофанзива против руската инвазија заглави во последните неколку недели, а помошта од 60 милијарди долари од САД е заглавена …

Историска одлука на ЕУ – отворени преговорите со Украина и Молдавија Read More »

Министрите на ЕУ: Неопходна е реорганизација на Унијата за да може да прими нови членки


 На министерскиот состанок на ЕУ денеска во Стокхолм беше повторена силна поддршка за прием на нови земји во членство, но беше претставено дека Унијата мора да ги реорганизира сопствените политики и работата на своите институции за да може да ги отвори вратите за нови членови. Ова го изјавија претседавачкиот шведски министер за европски прашања Џесика …

Министрите на ЕУ: Неопходна е реорганизација на Унијата за да може да прими нови членки Read More »

Европските лидери се среќаваат под руската сенка, во Молдавија


  Собирањето на повеќе од 40 европски лидери во Молдавија во четврток ќе биде симболичен прст во окото на Владимир Путин – знак на колективна посветеност да се здружат рацете против Москва. Тоа е исто така голем ризик. Буквално и метафорично, вториот самит на таканаречената Европска политичка заедница се одржува во дворот на Русија, регион …

Европските лидери се среќаваат под руската сенка, во Молдавија Read More »

ЕУ размислува да испрати помош за вооружените сили на Молдавија


Европската Унија размислува да обезбеди помош за вооружените сили на Молдавија со дополнителни 40 милиони евра за зајакнување на воздушниот надзор, логистиката и кибер одбраната. Според предлогот на надворешнополитичкото тело на Унијата, кој минатата недела беше испратен до земјите членки и во кој Блумберг имаше увид, средствата би биле повлечени од Европскиот мировен фонд. Се …

ЕУ размислува да испрати помош за вооружените сили на Молдавија Read More »

Молдавија доби нова, прозападна влада


Новата влада на Молдавија, предводена од прозападниот економист Дорин Речеан, синоќа положи заклетва откако ја доби поддршката од мнозинството пратеници во Парламентот. За избор на новата влада гласаа 62 пратеници на владејачката Партија за акција и солидарност, која има апсолутно мнозинство во парламентот со 101 пратеничко место. Речеан, 48-годишен економист кој една година беше советник …

Молдавија доби нова, прозападна влада Read More »

Дачиќ: Србија ги отфрла инсинуациите за вмешаност на нејзините граѓани во дестабилизацијата на Молдавија


Србија одлучно отфрла каква било инсинуација за потенцијална вмешаност на нејзини граѓани во можни насилни настани во Молдавија, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во телефонски разговор со молдавскиот министер за надворешни работи Нику Попеску. Во врска со вчерашната изјава на молдавската претседателка Маја Санду дека Москва планира да ја дестабилизира Молдавија …

Дачиќ: Србија ги отфрла инсинуациите за вмешаност на нејзините граѓани во дестабилизацијата на Молдавија Read More »

Османи во Молдавија: Војната ги замрзна напорите за решавање на проблемот со Приднестровје


  Претседавачот со ОБСЕ министерот Бујар Османи за време на својата официјална посета на Молдавија оствари средба со молдавскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и европска интеграција, Нику Попеску. Toj ја истакна важноста на теренските мисии на ОБСЕ и нивното директно влијание на животот на луѓето и изрази благодарност за поддршката која Молдавија ја …

Османи во Молдавија: Војната ги замрзна напорите за решавање на проблемот со Приднестровје Read More »

Молдавската претседателка се надева дека нејзината земја до 2030 ќе биде дел од ЕУ


Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изрази надеж дека нејзината земја ќе стане дел од Европската унија до 2030 година… „Јас сум амбициозна во моите желби. Мислам дека треба да станеме дел од Европската унија до крајот на оваа деценија“, рече Санду, цитирана од државната телевизија „Молдавија-1“. ЕУ во јуни на Молдавија и додели кандидатски статус. …

Молдавската претседателка се надева дека нејзината земја до 2030 ќе биде дел од ЕУ Read More »

Молдавија се ослободува од зависноста од рускиот гас


Молдавија постигна краткорочен енергетски договор кој ќе и помогне да се ослободи од зависноста од рускиот природен гас, соопшти вицепремиерот Андреј Спину. Таа поранешна советска република традиционално беше во голема мера зависна од рускиот гас, пренесува Независне новине. Спину рече дека државната гасна компанија Молдовагаз овој месец ќе купи 100 милиони кубни метри гас од …

Молдавија се ослободува од зависноста од рускиот гас Read More »

Молдавија затвори шест телевизии поради ширење дезинформации


  Дозволите за емитување на шест телевизиски канали во Молдавија се суспендирани поради обвинувања за дезинформации, неточно покривање на руската војна во Украина и „обиди за манипулирање со јавното мислење“, соопштија властите. Одлуката за одземање на лиценците на каналите Прво во Молдавија, РТР Молдавија, Акцент ТВ, НТВ Молдавија, ТВ6 и Орхеи ТВ беше објавена доцна …

Молдавија затвори шест телевизии поради ширење дезинформации Read More »

Столтенберг: НАТО ја зголеми поддршката за БиХ, Грузија и Молдавија по руската агресија врз Украина


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Букурешт изјави дека руската агресија врз Украина доведе до зголемена поддршка на Алијансата за Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија. На почетокот на третата, последна седница на Северноатлантскиот совет (НАЦ) на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, Столтенберг рече дека трите земји партнери со години ја …

Столтенберг: НАТО ја зголеми поддршката за БиХ, Грузија и Молдавија по руската агресија врз Украина Read More »

„Гаспром“ нема да ја намали испораката на гас за Молдавија


  Рускиот државен гасен гигант „Гаспром“ одлучи да не ги намалува испораките на гас за Молдавија, но во денешното соопштение предупреди дека го задржува правото да го намали или прекине снабдувањето доколку Кишињев не го изврши договореното плаќање на гасот. „Гаспром“ минатата недела ја обвини Украина дека задржува дел од гасот што го испраќа во …

„Гаспром“ нема да ја намали испораката на гас за Молдавија Read More »

Спину: Половина Молдавија остана без струја


Руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина предизвикаа прекин на испорака на струја во половина Молдавија, изјави денеска вицепремиерот Андреј Спину. – „Молделектрика“ работи на обновување на напојувањето на повеќе од 50 отсто од државата со електрична енергија, рече Спину. Полицијата и молдавската компанија која снабдува електрична енергија на југот и центарот на земјата …

Спину: Половина Молдавија остана без струја Read More »

Во Молдавија снема струја по денешните руски напади во Украина


  Молдавија денеска пријави „недостиг на струја на цела своја територија“ откако во руските воени напади врз украинската енергетска инфраструктура беше урнат клучниот далновод што ја снабдува со електрична енергија, изјави министерот за инфраструктура Андреј Спину. -По руското бомбардирање на украинскиот енергетски систем што се случи во последниот еден час, исклучен е еден од далноводите …

Во Молдавија снема струја по денешните руски напади во Украина Read More »

За 20 евра на ден – платени протести во Молдавија за поддршка на Русија


  Повеќе од еден месец, проруска група организира протести против молдавската влада во главниот град на земјата Кишињев. Демонстрантите бараат смена на проевропската претседателка Маја Санду. Демонстрантите, исто така, го обвинуваат украинскиот претседател Володимир Зеленски за тековната војна во неговата земја, го оправдуваат Путин и ги критикуваат соседните Романија, ЕУ и САД за нивната поддршка …

За 20 евра на ден – платени протести во Молдавија за поддршка на Русија Read More »

Над милион таблети калиум јодид од Романија за Молдавија


 Над милион таблети калиум јодид ѝ даде Романија на Молдавија, соопштија од молдавското Министерство за здравство. Истовремено, се уверува дека во моментот нема опасност од радијација. Граѓаните беа повикани да останат смирени. Донацијата е резултат на разговори меѓу министерката за здравство Ала Немеренко и нејзиниот романски колега Александру Рафила. Романскиот министер за здравство ги повика …

Над милион таблети калиум јодид од Романија за Молдавија Read More »

Евидентиран прв случај мајмунски сипаници во Молдавија


Во Молдавија е регистриран првиот случај мајмунски сипаници, соопшти денеска преку социјалните мрежи молдавската министерка за здравство Ала Немеренко. Според неа, болното лице е странец кој службено во Молдавија допатувал од САД. „Лицето побарало лекарска помош во Инфективната болница каде што е хоспитализирано со сомневање за мајмунски сипаници. Евидентираните симптоми се треска, слабост и исфрленост …

Евидентиран прв случај мајмунски сипаници во Молдавија Read More »

Додон: Нема да станеме дел од ЕУ барем за деценија или две, можеби и никогаш


 Молдавија нема да добие членство во Европската Унија во наредните децении, но, ќе претрпи штета, доколку се придружи во санкциите против Русија, смета поранешниот претседател на земјата, Игор Додон. „Нашите луѓе треба да сфатат дека нема да станеме дел од ЕУ барем за деценија или две, а можеби и никогаш, но, во наредните месеци ќе …

Додон: Нема да станеме дел од ЕУ барем за деценија или две, можеби и никогаш Read More »