Изведба на оперската претстава „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети


Во рамките на јубилејното 50. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ вечерва со почеток во 20 часот ќе се изведе една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература „Лучија од Ламермур“ на големиот италијански композитор Гаетано Доницети. Во оперската претстава ќе настапи врвна солистичка екипа, предводена од нашата првенка Ана Дурловски во насловната улога, …

Изведба на оперската претстава „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети Read More »

Операта „Норма“ на 50. Мајски оперски вечери


Во рамки на 50. Мајски оперски вечери, во Националната опера и балет вечер ќе биде одиграна втората изведба на операта „Норма“ од италијанскиот композитор Винченцо Белини. Трагична опера во два чина, една од водечките бел-канто опери во светската оперска литература, позната по магичната арија-молива на Норма „Casta Diva”. Под диригентската палка на гостинот од Италија, …

Операта „Норма“ на 50. Мајски оперски вечери Read More »

„Норма“ ги отвора јубилејните 50. Мајски оперски вечери


Со премиерна изведба на операта „Норма“ од Винченцо Белини, вечерва на сцената на Националната опера и балет ќе започне овогодишното 50-то јубилејно издание на Мајските оперски вечери. Празникот на Операта со традиција за почит и годинава ќе понуди врвни уметнички креации со учество на домашни и странски уметници. Покрај премиерата на операта „Норма“, која ќе …

„Норма“ ги отвора јубилејните 50. Мајски оперски вечери Read More »

„Аида“ ги затвора 47. Мајски оперски вечери


Мајските оперски вечери традиционално завршуваат на последниот ден од мај со „Аида“, а  оваа година популарната опера на Верди е во продукција на  театарот „Карло Феличе“ од Џенова, Италија. Модерната „Аида“ е спој на визуелната иновација со традицијата, виртуелна сценографија која, како што најави Националната опера и балет, ќе ја одведе публиката во светот на …

„Аида“ ги затвора 47. Мајски оперски вечери Read More »

„Травијата“ на Мајските оперски вечери


На претпоследниот програмски настан од годинашните Мајски оперски вечери, во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена операта „Травијата“ на  Џузепе Верди со Сања Керкез од Белград во главната улога, во режија на Верена Штојбер од Германија. – Моќна, динамична, привлечна, исполнета со емоции и страст, ремек-дело чие либрето е напишано …

„Травијата“ на Мајските оперски вечери Read More »

Изведба на „Боеми“ на Пучини на Мајски оперски вечери


Во рамките на 47. Мајски оперски вечерва ќе биде изведено оперското ремек дело „Боеми“ од Џакомо Пучини, под диригентската палка на Оливер Балабурски и во режија на Дејан Прошев. Операта e во четири чина, чие дејство се одвива во Париз кон крајот на 19-от век, а чие либрето се базира на „Сцени од животот на …

Изведба на „Боеми“ на Пучини на Мајски оперски вечери Read More »

„Риголето“ вечер на програмата на 47. Мајски оперски вечери


Операта „Риголето“, едно од ремек делата на Џузепе Верди ќе биде изведена вечер на сцената на Македонската опера и балет во рамки на 47. Мајски оперски вечери. Режијата е на Нина Најденова од Бугарија, а диригент е Алесандро Д’Агостини од Италија, кој и е добро познат на македонската публика, диригент со импозантна кариера низ голем …

„Риголето“ вечер на програмата на 47. Мајски оперски вечери Read More »

„Лучија од Ламермур“ вечер на МОВ


Психолошки фасцинантната опера „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети, со врвна солистичка екипа, ќе се одржи вечерва во рамки на 47. Мајски оперски вечери во Националната опера и балет. Во главната улога како Лучија ќе настапи нашата светски позната првенка Ана Дурловски која бележи успешна светска кариера. Италијанскиот баритон Франческо Вултаџо, добитник на многубројни интернационални награди ќе настапи …

„Лучија од Ламермур“ вечер на МОВ Read More »

Почнуваат 47. Мајски оперски вечери


Со Вердиевата опера „Аида“ вечер ќе биде отворен 47-от фестивал Мајски оперски вечери, на кој до 31 мај ќе бидат изведени шест оперски и една балетска претстава.  Вечерите секоја година завршуваат со „Аида“, но овојпат и ќе почнат со оваа популарна опера на Верди, во продукција на театарот „Карло Феличе“ од Џенова. Режијата и адаптацијата …

Почнуваат 47. Мајски оперски вечери Read More »

Мајските оперски вечери во знакот на Верди


Четириесет и седмите Мајски оперски вечери оваа година ќе бидат отворени и затворени со оперската претстава „Аида“, со која фестивалот традиционално завршува секоја година на 31 мај. Утревечер ќе бидат отворени со премиера на оваа позната опера на Џузепе Верди, овојпат во продукција на театарот „Карло Феличе“ од Џенова. Националната опера и балет денеска на …

Мајските оперски вечери во знакот на Верди Read More »

Мајските оперски вечери годинава го слават Пучини


Пет оперски изведби, еден оперски и еден балетски гала концерт, две изложби и две промоции на книги, ќе понудат годинашните 46. Мајски оперски вечери. Мотото е „Го славиме Пучини“, а како што беше речено денеска на прес-конференција во МОБ, манифестацијата ќе почне со премиера на „Боеми“, традиционално, на 9 мај. Мајските оперски вечери ќе продолжат …

Мајските оперски вечери годинава го слават Пучини Read More »