Дури 26 средношколци од Скопје заминале надвор од државата од почетокот на учебната година


Иселувањето на млади не запира. Бројот на иселените брзо расте додека се чекаат приоритетните политики за младите како енергијата на општеството. Најновите податоци покажуваат дека од почетокот на учебната 2018/2019 година од средните училишта под надлежност на Град Скопје се отпишале 348 ученици, од кои дури 26 се иселиле во странство. Статистиката на Град Скопје …

Дури 26 средношколци од Скопје заминале надвор од државата од почетокот на учебната година Read More »

За неполно полугодие се иселила цела паралелка од Кочани


Иселувањето стана сериозен проблем во Македонија. Клучниот момент, според универзитетскиот професор Кирил Барбареев, е што младите, а сè повеќе и возрасните не гледаат надеж дека работите одат на подобро. Преголем временски период сме општество на неправда, вели тој, загубена е надежта, а кога умира надежта, почнува депресијата и дезинтеграцијата на општеството. Посочува дека треба да …

За неполно полугодие се иселила цела паралелка од Кочани Read More »

Два месеца нема настава на Филмската академија во Охрид


Студентите од Филмската академија во Охрид – ИФФА, ќе започнат правна постапка и ќе покренат заедничка, како и поединечни тужби против ресорното Министерството за образование и наука. Револтирани се дека веќе два месеца не е почната наставата за бруцошите, а дипломците од првата генерација кои веќе ги одбраниле своите магистерски тези не можат да добијат диплома, иако ги …

Два месеца нема настава на Филмската академија во Охрид Read More »

Вработените во студентскиот дом во Пробиштип седум месеци не зеле плата


Само два ученика се сместени во Државен студентски дом „Доне Божинов“ во Пробиштип иако во конкурсот за прием на студенти се предвидени 130 кревети. Намален е и бројот на корисници на народната кујна, каде што се приготвува храна за социјално ранливи лица, вели градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов. Нерентабилното работење на студентскиот дом, според него, …

Вработените во студентскиот дом во Пробиштип седум месеци не зеле плата Read More »

Млади иноватори понудија решенија за социјални проблеми


На работилницата за креативно размислување поддржана од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Фондот за иновации и технолошки развој и УНИЦЕФ, пет тима составени од млади на возраст од 13 до 19 години добија по 120.000 денари за реализација на своето иновативно решение за општествен проблем што го идентификуваа во својата …

Млади иноватори понудија решенија за социјални проблеми Read More »

Учениците од прво до трето одделение ќе учат од нови учебници


Ученици од прво, второ и трето одделение ќе добијат нови учебници. За овие одделенија секоја учебна година ќе се печатат нови учебници, но не како што беше пракса досега да се печатат само оние во кои децата пишуваат или цртаат, рече министерот за образование и наука. До училиштата ќе бидат доставени и 22 коригирани учебници …

Учениците од прво до трето одделение ќе учат од нови учебници Read More »

Во средните училишта запишани 11 697 ученици, второто пријавување на 28 јуни


По добиените извештаи од двата дена (18-ти и 19 јуни) пријавување во средните училишта за упис во прва година за 2018/2019 година, Министерството за образование и наука денеска соопшти дека од 17 590 пријавени, запишани се 11 697 ученици. Според видот на образованието, 4 873 се примени во гимназиско образование, 6 462 во стручните училишта, 208 ученици во Спортска …

Во средните училишта запишани 11 697 ученици, второто пријавување на 28 јуни Read More »

Почна пријавувањето на полуматурантите за упис во средно


За 20.699 полуматуранти за упис во средните училишта ќе има над 35 илјади слободни места. За гимназиско образование се предвидени 10.985 места, додека за средно стручно има 24.358 слободни места. Максималниот број поени останува ист како изминатите години и е 80 по сите основи, како што се успехот, оценките од предметите битни за струката, за …

Почна пријавувањето на полуматурантите за упис во средно Read More »