ЛШ: Инциденти во Милано, навивач на ПСЖ се бори за живот


 Во Милано пред вечерашниот натпревар во фудбалската Лига на шампиони (ЛШ) меѓу Милан и париски ПСЖ дојде до неколку физички пресметки меѓу навивачите, а во една од нив тешко е повреден симпатизер на францускиот тим, кој, како што пренесуваат локалните медиуми, се бори за живот. Според медиумите, 34-годишен навивач на ПСЖ бил избоден со нож …

ЛШ: Инциденти во Милано, навивач на ПСЖ се бори за живот Read More »

Два гола за три минути: Интер со една нога во финалето на ЛШ по победата над Милан


Интер вечерва како гостин го победи Милан во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите со 2.0. Едик Џеко го отвори резултатот во 8. минута, а три минути подоцна Хенрих Мхитарјан го удвои водството на „нероаѕурите“. Реваншот ќе се игра на 16 мај. На првиот натпревар во другата полуфинална пресметка, Реал Мадрид и Манчестер сити …

Два гола за три минути: Интер со една нога во финалето на ЛШ по победата над Милан Read More »

Реал Мадрид и Милан први полуфиналисти во Лигата на шампиони


Мадридски Реал ја продолжува одбраната на титулата во Лигата на шампиони откако вечерва втор пат го совлада Челзи и обезбеди пласман во полуфиналето во кое му се приклучи и Милан, кој во италијанската четвртфинална пресметка беше поуспешен од Наполи. Милан допатува во Неапол со предност од првиот натпревар од 1-0, која ја удвои Французинот Оливие …

Реал Мадрид и Милан први полуфиналисти во Лигата на шампиони Read More »

Жиру: Сакам да останам во Милан, се надевам дека ќе се договориме


Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру изјави дека сака да го продолжи договорот со клубот. – Сакам да останам во Милан. Се надевам дека ќе се согласиме за нов договор. Преговараме за нова соработка и чувствувам дека тие ќе завршат успешно, изјави Жиру во интервју за „DAZN“. Жиру е во Милан од јули 2021 година. Во …

Жиру: Сакам да останам во Милан, се надевам дека ќе се договориме Read More »

ЛШ: ПСЖ го победи Јувентус, а Милан само со реми сo Салцбург


Пари Сен-Жермен со 2:1 стигна до победа над Јувентус во првото големо дерби во новата сезона од Лигата на шампиони, во кое Реал Мадрид и Манчестер сити стигнаа до убедливи гостински победи, но Милан одигра само 1:1 на гости во Австрија. На „Паркот на принцовите“, првото полувреме помина во знакот на Килијан Мбапе, откако прво …

ЛШ: ПСЖ го победи Јувентус, а Милан само со реми сo Салцбург Read More »

Милан доби нови сопственици за 1,2 милијарди евра


  Американската инвеститорска компанија РедБирд Капитал (RedBird Capital) се здружи со сопствениците на најтрофејниот бејзбол клуб во МБЛ лигата, Њујорк Јенкис за да го купи актуелниот италијански фудбалски првак Милан за 1,2 милијарди евра. РедБирд Капитал ќе биде мнозински сопственик, додека Јенки Глобал Ентерпрајз (Yankee Global Enterprises-YGE) ќе има малцински удел во Милан. Новите сопственици објавија дека имаат за …

Милан доби нови сопственици за 1,2 милијарди евра Read More »

Ибрахимовиќ останува во Милан уште една година


Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ се договорил за нов едногодишен договор со Милан, објави „Скај спорт Италија“. Четириесетгодишниот Ибрахимовиќ ќе потпише нов договор во следните неколку дена и ќе ја намали својата плата на околу еден милион фунти годишно плус бонуси. Ветеранот моментално закрепнува од операцијата на левото колено и најверојатно нема да може да излезе …

Ибрахимовиќ останува во Милан уште една година Read More »

Малдини: Време е Милан да напише нова страница


Спортскиот директор на Милан, Паоло Малдини ги сподели своите очекувања за почетокот на сезоната 2022/23 во Серија А. „Миланезите“ вчера ги почнаа подготовките за новата сезона во која ја бранат шампионската титула. – Минатата сезона беше неверојатна, одгласите на победата сè уште одекнуваат во ѕидовите на канцеларијата на клубот. Но, време е да се напише …

Малдини: Време е Милан да напише нова страница Read More »

Спалети ја демантираше можноста за отказ по поразот од Милан


Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети го сподели своето мислење за информацијата дека ќе го напушти наполитанскиот клуб. Вчеравечер Наполи загуби од Милан (0:1) во натпреварот од Серија А. – Ако не можете да се справите со притисокот, треба да заминете. Но, ве уверувам дека ќе бидам на утринскиот тренинг со план за работа. Ако мислите …

Спалети ја демантираше можноста за отказ по поразот од Милан Read More »

Милан ќе му понуди на Ибрахимовиќ договор со плата од три милиони евра годишно плус бонуси


Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ може да го продолжи договорот со Милан. „Росонерите“ се подготвени да му понудат нов договор на напаѓачот кој во октомври ќе наполни 41 година. Сепак, Златан ќе мора да прифати значително намалување на платата. Сега тој заработува седум милиони евра годишно. Според новиот договор, миланезите се подготвени да му плаќаат три …

Милан ќе му понуди на Ибрахимовиќ договор со плата од три милиони евра годишно плус бонуси Read More »

Гатузо: Изгубивме од Јуве поради наши грешки


Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, смета дека неговиот тим загубил со 1:2 при посетата на Јувентус поради свои грешки, а не поради супериорноста на „Старата дама“. – Ова беше нашиот најдобар натпревар за 2019 година. Изгубивме во последните 18-20 минути, не поради тоа што Јуве се справи добро, туку поради нашите грешки. Овие работи може …

Гатузо: Изгубивме од Јуве поради наши грешки Read More »

Две шлаканици за Милан во еден ден


Италијанскиот гигант Милан се соочи со два силни удари во рок од неколку часа. Најпрво, во четвртокот вечерта доживеа шокантна елиминација во фудбалската Лига Европа откако во последното коло од групната фаза загуби на гостувањето во Атина кај Олимпијакот со 3-1. Иако на крајот имаше ист број бодови како грчкиот тим, „црвено-црните“ се збогуваа од …

Две шлаканици за Милан во еден ден Read More »

Гатузо: Јас сум виновен


Тренерот на Милан, Џенаро Гатусо, ја презеде одговорноста за поразот од Олимпијакос во натпреварот од 6.коло од групната фаза на Лигата на Европа. Овој исход во Атина значеше и елиминацијата на Милан од евро-сцената уште пред крајот на годината. – Сакам да им се извинам на навивачите на Милан. Многу ми е жал. Според мое …

Гатузо: Јас сум виновен Read More »

Олимпијакос го исфрли Милан од Лига Европа!


Фудбалерите на Милан го завршија учеството во Лига Европа откако загубија со  3-1 на гостувањето кај Олимпијакос и му дозволија на грчкиот тим да мине во следната фаза и тоа само поради подобрата гол-разлика од Милан. Бетис и Олимпијакос од оваа група ќе бидат вклучени во утрешната ждрепка за првата нокаут-рунда. Тренерот на „Росонерите“, Џенаро Гатузо,  беше …

Олимпијакос го исфрли Милан од Лига Европа! Read More »

Чеферин: Случајот „Милан“ покажа дека финансискиот фер-плеј функционира


Според претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ситуацијата со италијанскиот гигант Милан покажува дека финансискиот ферплеј навистина функционира. Како што е познато, „росонерите“ првично беа повлечени од Лигата на Европа поради ова правило, но откако ги направија потребните промени, се вратија на турнирот. „Причината за воведувањето на финансискиот фер-плеј беше да се обезбеди финансиска стабилност на …

Чеферин: Случајот „Милан“ покажа дека финансискиот фер-плеј функционира Read More »

Калиниќ потпиша тригoдишен договор со Атлетико Мадрид


Хрватскиот фудбалер Никола Калиниќ по само една година помината во Милан, направи трансфер во Атлетико Мадрид и потпиша тригoдишен договор со шпанскиот клуб. Вредноста на трансферот изнесува 15 милиони евра, а со овие средства Милан само делумно ќе го покрие неговото доаѓање од Фиорентина, кое изнесуваше 25 милиони евра. Калиниќ мината сезона одигра 31 натпревар …

Калиниќ потпиша тригoдишен договор со Атлетико Мадрид Read More »

Паоло Скарони именуван за нов претседател на Милан


Aмериканскиот инвестициски фонд „Елиот менаџмент“, кој неодамна ја презеде контролата над италијанскиот фудбалски клуб Милан, го отстрани од функцијата кинескиот бизнисмен Јонгхонг Ли и го постави Паоло Скарони за нов привремен претседател на клубот. Отказ доби и досегашниот извршен директор на клубот Марко Фасоне, но сè уште не е познато кој ќе ја преземе оваа …

Паоло Скарони именуван за нов претседател на Милан Read More »

Официјално: УЕФА го исфрли Милан од европските турнири


 УЕФА наметна сериозна казна на Милан поради непочитување на финансискиот ферплеј. На италијанскиот гигант му е забрането учество на европски турнири во период од една година. Казната ќе го лиши Милан од сериозен профит од настапите во Европа, што може да нанесе голема штета на клубот во наредните години. Сепак, на одлуката може да се поднесе …

Официјално: УЕФА го исфрли Милан од европските турнири Read More »

Милан создаде женскиот тим


Италијанскиот фудбалски прволигаш Милан на својата официјална веб-страница го објави создавањето на женски фудбалски тим. За оваа цел „росо-нерите“ ја купија лиценцата на клубот Бреша и со тоа се стекнаа со право за настап во женската серија А. Бреша во својата историја два пати ја освои Серија А, а три пати победи на Купот на …

Милан создаде женскиот тим Read More »

Фалкао за интересот на Милан: За мене е чест што ме сака таков клуб


Колумбискиот напаѓач, Радамел Фалкао изјави дека е „вистинска чест“ што еден клуб како Милан е заинтересиран за него. Во последните неколку дена се шпекулира дека најдобриот стрелец на Монако е варијанта за преминување кај „росонерите“. – Читав и слушнав за интересот на Милан за мене. Голема чест е што еден клуб како Милан ме следи. …

Фалкао за интересот на Милан: За мене е чест што ме сака таков клуб Read More »