НАСА сака повторно да испрати луѓе на Месечината: Склучи договор за лунарно возило


Три приватни компании – Intuitive Machines, Lunar Outpost и Venturi Astrolab – во иднина ќе градат лунарни возила за американската вселенска агенција НАСА. Три приватни вселенски компании се избрани за договор вреден вкупно 4,6 милијарди долари, објави НАСА на прес-конференција. Секоја од трите компании сега ќе работи на прототипот една година пред да се донесе одлука …

НАСА сака повторно да испрати луѓе на Месечината: Склучи договор за лунарно возило Read More »

САД ѝ нареди на НАСА да утврди колку е часот на Месечината


Белата куќа ѝ нареди на НАСА да создаде единствен временски стандард за Месечината и другите небесни тела додека владите и приватните компании се натпреваруваат во вселената. Додека Соединетите Држави се обидуваат да постават меѓународни стандарди надвор од орбитата на Земјата, Канцеларијата за наука и технологија на Белата куќа (OSTP) ѝ наложи на американската вселенска агенција …

САД ѝ нареди на НАСА да утврди колку е часот на Месечината Read More »

Американскиот лендер „засекогаш се исклучи“ по историското слетување на Месечината


Американскиот лендер без посада кој стана првото приватно вселенско летало на Месечината „засекогаш се исклучи“, соопшти компанијата што го изгради. Intuitive Machines со седиште во Хјустон викендов соопшти дека вселенското летало, наречено Одисеј, не се пријавило дома минатата недела кога се предвидувало дека неговите соларни панели ќе добијат доволно сончева светлина за да го вклучат …

Американскиот лендер „засекогаш се исклучи“ по историското слетување на Месечината Read More »

Јапонската сонда изненади: Повторно работи откако ја помина ноќта на Месечината


Јапонската вселенска агенција соопшти дека нејзиниот лендер SLIM неочекувано ја преживеал ледената лунарна ноќ и повторно воспоставил комуникација со Земјата, откако леталото направи историско прецизно слетување на Месечината. Паметниот лендер за истражување на Месечината (SLIM) се спушти на површината на Месечината минатиот месец, со што Јапонија стана петтата земја што слета со сонда на најблиското …

Јапонската сонда изненади: Повторно работи откако ја помина ноќта на Месечината Read More »

НАСА се огласи по американското враќање на Месечината, а сподели и фантастична фотографија од кратерот


Американската НАСА го објави историскиот успех на компанијата Intuitive Machines, која пред неколку дена успеа да слета вселенско летало на Земјиниот сателит по 52 години отсуство на вселенски летала од САД на Месечината. Во врска со фантастичниот подвиг, НАСА изјави дека ова е прво слетување на Месечината како дел од кампањата Артемис. „Шест научни инструменти …

НАСА се огласи по американското враќање на Месечината, а сподели и фантастична фотографија од кратерот Read More »

„Одисеј“ слета на Месечината – првпат по 50 години


Компанија со седиште во Хјустон успешно го спушти првото американско вселенско летало во последните 50 години на Месечината, како дел од напорите на НАСА да го отвори патот за комерцијалните вселенски летала да ги вратат астронаутите на сателитот на Земјата до крајот на деценијата. Планот беше Intuitive Machines полека да го приземји својот хексагонален слетувач …

„Одисеј“ слета на Месечината – првпат по 50 години Read More »

САД се враќаат на Месечината по 50 години: „Одисеј“ треба да слета пред полноќ


Компанија со седиште во Хјустон во четврток ќе се обиде да го приземји првото американско вселенско летало на Месечината по 50 години, како дел од напорите на НАСА да го отвори патот за комерцијалните вселенски летала да ги вратат астронаутите на сателитот на Земјата до крајот на деценијата. Ако сè оди според планот, компанијата Intuitive …

САД се враќаат на Месечината по 50 години: „Одисеј“ треба да слета пред полноќ Read More »

Ќе стане ли „Интуитив машинс“ првата приватна компанија која слетала на Месечината?


Компанијата SpaceX го лансираше лунарниот лендер на приватната компанија Intuitive Machines од Хјустон со помош на својата ракета Falcon 9. Лансирањето беше успешно извршено од Кејп Канаверал во Флорида, а на врвот на ракетата Фалкон 9 беше лендерот Nova-C Odysseus. По лансирањето, првата етапа од ракетата се вратила на Земјата, а со тоа и официјално …

Ќе стане ли „Интуитив машинс“ првата приватна компанија која слетала на Месечината? Read More »

Сондата на Месечината „оживеа“ по девет дена. Јапонците мислат дека знаат што се случило


Јапонското вселенско летало SLIM „се враќа во живот“, соопшти денеска тамошната вселенска агенција, повеќе од една недела откако слета токму на Месечината, но остана без струја бидејќи неговите соларни панели беа под погрешен агол. Јапонската вселенска агенција доцна вчера повторно воспостави комуникација со сондата SLIM, изјави портпаролот на агенцијата, речиси девет дена откако сондата слета …

Сондата на Месечината „оживеа“ по девет дена. Јапонците мислат дека знаат што се случило Read More »

ФОТО Јапонците ја испратија првата фотографија од површината на Месечината


Леталото SLIM направи неверојатно прецизно слетување на Месечината и покрај тоа што во последен момент имаше проблеми со моторот, соопшти денеска Јапонската вселенска агенција (JAXA) и ја објави првата фотографија од површината на Месечината. Фотографијата е направена од малиот робот Lunar Excursion Vehicle 2 (LEV-2), мини ровер не многу поголем од тениско топче (на сликата …

ФОТО Јапонците ја испратија првата фотографија од површината на Месечината Read More »

Научниците открија нешто чудно на Месечината: Карпи со необичен одраз


Бидејќи Месечината нема атмосфера и нема активни тектонски плочи, нејзината површина останува непреченизбраздена од ударни кратери, разни други формации и покриена со прашина. Научниците неодамна забележаа невообичаено рефлектирачки карпи во овој правлив пејзаж на Рајнер Гама, еден од мистериозните кривини на Месечината што се карактеризира со засилено магнетно поле. Иако на почетокот се мислеше дека …

Научниците открија нешто чудно на Месечината: Карпи со необичен одраз Read More »

Јапонскиот лендер слета на Месечината, но соларните панели не работат


JAXA Јапонската вселенска агенција на прес-конференцијата изјави дека има контакт со лендерот, но се чини дека соларните панели не генерираат енергија. „Се обидуваме да добиеме и анализираме дополнителни податоци. Засега се чини дека повеќето системи работат, но сè уште има проблем со напојувањето. Добиваме податоци за температурата и притисокот на Месечината”, кажаа од JAXA. Јапонците …

Јапонскиот лендер слета на Месечината, но соларните панели не работат Read More »

Јапонците воспоставија сигнал со лендерот на Месечината? Се чека потврда


 Радио аматерите известуваат дека откриле силни сигнали од Месечината на SLIM фреквенции на лендери. Се чека официјална потврда од Јапонската вселенска агенција (JAXA). Откако денеска попладне, Јапонија успешно слета на Месечината, се јавува дека воспоставен е и сигнал со лендерот. Се чека официјална потврда од Јапонската вселенеска агенција.  Јапонија се обиде и успеа Јапонија денеска …

Јапонците воспоставија сигнал со лендерот на Месечината? Се чека потврда Read More »

(Во живо) Јапонците слетаа на Месечината. Засега нема контакт


Јапонија денеска во 16 часот започна со тежок „вселенски маневар“ и за прв пат се обиде да слета на површината на Месечината. Досега во тоа успеале само четири земји: САД, Кина, поранешниот Советски Сојуз и Индија. Тоа е многу ризичен потфат. Лендерот слета на Месечината. Засега нема сигнал Според последните информации, лендерот слетал на површината …

(Во живо) Јапонците слетаа на Месечината. Засега нема контакт Read More »

Јапонија ќе проба утре да слета на Месечината – САД се обидоа и не успеаја


Јапонија, утре околу 16 часот, ќе се обиде да изврши тежок вселенски маневар и да слета на површината на Месечината за прв пат. Досега во тоа успеале само четири земји: САД, Кина, поранешниот Советски Сојуз и Индија. Тоа е многу ризичен потфат. Во август минатата година, Индија стана четвртата земја која досега успеа да изврши …

Јапонија ќе проба утре да слета на Месечината – САД се обидоа и не успеаја Read More »

Зошто е потешко да се слета на Месечината денес отколку пред 50 години?


Минатиот понеделник, по успешното лансирање, ракетата Вулкан Кентаур се одвои од вселенското летало Перегрин, кое требаше да слета на Месечината. Astrobotic Technology, компанијата која го разви лендерот Перегрин, објави помалку од 24 часа по неговото успешно лансирање дека се откажува од мисијата за слетување на Месечината. Компанијата соопшти дека имало критична загуба на погонско гориво …

Зошто е потешко да се слета на Месечината денес отколку пред 50 години? Read More »

Месечевиот лендер „Перегрин“ и неговиот товар најверојатно ќе изгорат во атмосферата на Земјата


Компанијата Astrobotic објави дека нејзиниот несуден лунарен лендер „Перегрин“ е на пат кон Земјата, каде што ќе го дочека својот крај. Се чини дека „Перегрин“ се враќа таму од каде што дошол, а тоа е Земјата. Вселенскиот брод, кој доживеа аномалија набрзо по лансирањето и почна да губи погонско гориво, ќе изгори во земјината атмосфера, …

Месечевиот лендер „Перегрин“ и неговиот товар најверојатно ќе изгорат во атмосферата на Земјата Read More »

НАСА ја одложи мисијата да испрати екипаж на Месечината


Астронаутите на американската вселенска агенција НАСА нема да имаат можност да чекорат по површината на Месечината барем до септември 2026 година. Последен пат луѓето биле на Месечината во 1972 година, а благодарение на мисијата во рамките на програмата на НАСА Артемис, тие се на пат да се вратат на површината на Месечината. Сепак, американската вселенска …

НАСА ја одложи мисијата да испрати екипаж на Месечината Read More »

Неуспешна американската мисија на Месечината: Леталото има проблем


Американската мисија на Месечината лансирана во понеделникот наиде на технички проблем. Astrobotik, компанијата зад проектот, вели дека нејзиното вселенско летало Peregrine доживеало „аномалија“ што го спречило да ги насочи своите соларни панели кон Сонцето. Без можност за полнење на батериите, мисијата нема да може да продолжи, јавува Би-би-си. За потсетување, првиот американски лунарен модул во …

Неуспешна американската мисија на Месечината: Леталото има проблем Read More »

(Во живо) Американците лансираа ракета на Месечината – прва по „Аполо“


Лансирана е ракетата „Вулкан“ што го носеше вселенското летало „Перегрин“. Ракетата беше лансирана од Кејп Канаверал на Флорида во 08:18 часот. Ако вселенското летало „Перегрин“ безбедно слета на нашиот природен сателит, тоа ќе биде првото американско летало што ќе направи меко слетување на површината на Месечината од ерата на „Аполо“. Прво американско слетување на Месечината …

(Во живо) Американците лансираа ракета на Месечината – прва по „Аполо“ Read More »