Мбапе заминува од ПСЖ за четири пати помала плата


Килијан Мбапе ја заврши мисијата во Пари Сен Жермен и прашање на време е кога ќе замине во Мадрид, во тоа нема веќе дилеми, барем според Фабрицио Романо, новинар кој е најпознат за фудбалските трансфери. – Килијан Мбапе е презадоволен од сите разговори што ги има со Реал. Се верува дека е само прашање на …

Мбапе заминува од ПСЖ за четири пати помала плата Read More »

Марка: Мбапе и Реал потпишаа петгодишен договор


Килијан Мбапе потпиша 5-годишен договор со Реал Мадрид, објави „Marca“. На крајот од сезоната напаѓачот ќе го напушти Пари Сен-Жермен како слободен играч и од 1 јули ќе стане играч на мадридскиот клуб. Според шпанскиот спортски весник, Мбапе склучил договор со Реал пред две недели. Французинот ќе биде најплатен фудбалер во Мадрид, со плата од …

Марка: Мбапе и Реал потпишаа петгодишен договор Read More »

Луис Енрике: Нема проблем меѓу мене и Мбапе


Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике негираше дека се скарал со ѕвездата на тимот, Килијан Мбапе. Напаѓачот синоќа на натпреварот против Нант беше оставен на клупата, а по неговото појавување на теренот реализираше пенал за конечни 2:0. Многумина одлуката на Луис Енрике ја поврзаа со веста дека Мбапе ќе го напушти ПСЖ на крајот …

Луис Енрике: Нема проблем меѓу мене и Мбапе Read More »

Мбапе сè уште не донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата


Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе одговори на прашање за неговата иднина по синоќешната победа над Тулуз (2:0) во Суперкупот на Франција. – Мојата иднина? Сè уште немам донесено одлука. Во 2022 година, мојата конечна одлука не ја знаев до мај. Овој пат, да знаев што сакам да направам, немаше да дозволам одлуката да се одолговлекува. …

Мбапе сè уште не донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата Read More »

Мбапе веќе си резервирал куќа во Мадрид


Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе веќе си резервирал куќа во Мадрид, пренесува „El Chiringuito“. Ова укажува дека 25-годишниот Французин се подготвува да се пресели во Реал Мадрид. Во шпанските медиуми се пишува за директен контакт на Мбапе со претседателот на мадридскиот клуб Флорентино Перез. Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека Реал Мадрид доставил …

Мбапе веќе си резервирал куќа во Мадрид Read More »

Мбапе: Мора да победиме во Дортмунд, бидејќи сакаме да го заземеме првото место во групата


Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе не се откажува од првото место во групата во Лигата на шампионите и покрај „киксот“ со Њукасл во 5. коло. Парижаните синоќа на домашен терен одиграа 1:1 спасувајќи се од пораз со пенал во осмата минута од судиското надополнување. – Резултатот е тешко да се прифати, имавме толку многу шанси …

Мбапе: Мора да победиме во Дортмунд, бидејќи сакаме да го заземеме првото место во групата Read More »

Мбапе: Во ПСЖ Меси не беше истиот играч како во Барселона


Најдобриот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе раскажа како се променила играта на Лионел Меси по неговото доаѓање од Барселона. – Знаете, фудбалот го диктира своето време, го диктира своето темпо. Ако не се промениш, фудбалот преминува на нешто друго и си заборавен. Дури и најголемите мораа да променат нешто. Играв со Меси и тој, …

Мбапе: Во ПСЖ Меси не беше истиот играч како во Барселона Read More »

Анчелоти: Реал нема да потпише договор со Мбапе во овој преоден рок


Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ова лето сигурно нема да потпише договор со Реал Мадрид. Французинот сака да потпише нов договор со Парижаните. – Не, јас го исклучувам тоа 100 проценти. Мислам дека нашиот тим е формиран, а играчите размислуваат за тековната сезона, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти за „Ројтерс“. Италијанецот додаде дека Реал …

Анчелоти: Реал нема да потпише договор со Мбапе во овој преоден рок Read More »

Килијан Мбапе одлучи: Останува во ПСЖ, дури и да ја преседи сезоната


Килијан Мбапе донесе конечна одлука – ќе остане член на ПСЖ до крајот на сезоната и нема да изнуди трансфер во Реал Мадрид ова лето. Французинот беше исфрлен од првиот тим на Парижаните бидејќи не сака да го продолжи договорот, а ставот на лидерот на ПСЖ е дека нема да игра оваа сезона поради непочитувањето …

Килијан Мбапе одлучи: Останува во ПСЖ, дури и да ја преседи сезоната Read More »

Мбапе го одби најголемиот договор во историјата на фудбалот


  Клубот од Саудиска Арабија, Ал Хилал, пред неколку дена официјално му понуди на ПСЖ 300 милиони евра обештетување за Килијан Мбапе, откри тогаш најсигурниот извор од пазарот Фабрицио Романо. Подоцна во текот на денот тој објави дека ПСЖ ја прифатил понудата. Тоа е највисоката понуда за играч во историјата. Сумата е сензационална и поради …

Мбапе го одби најголемиот договор во историјата на фудбалот Read More »

Мбапе оди во Реал Мадрид, сумата за трансфер е фантастична


Килијан Мбапе разговарал со катарскиот емир Тамим бин Хамад, сите очекуваа Французинот да стави потпис на нов договор, но по се изгледа нема ништо од тоа, пренесува СЕЕбиз. Мбапе на сите јасно им стави до знаење дека има намера да остане во Париз најмногу една година, што го налути Тамим кој реши ни помалку ни …

Мбапе оди во Реал Мадрид, сумата за трансфер е фантастична Read More »

Мбапе ќе добие 90 милиони евра од ПСЖ доколку не го напушти клубот на лето


Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе добие бонус од 90 милиони евра доколку не го напушти клубот ова лето, објави RMC Sport. Дваесет и четиригодишниот Французин е незадоволен од начинот на кој клубот настапи на пазарот минатото лето. Ова се однесува на оние кои дојдоа во тимот, и оние кои го напуштија. Мбапе го изнервира …

Мбапе ќе добие 90 милиони евра од ПСЖ доколку не го напушти клубот на лето Read More »

Мбапе нов капитен на Франција


Килијан Мбапе е новиот капитен на француската фудбалска репрезентација.  Тренерот на „Триколорите“, Дидие Дешам, го избра 24-годишниот напаѓач на ПСЖ за наследник на Уго Лорис, објави „Л’Екип“. Триесет и шестгодишниот голман одлучи да се повлече од националниот тим по Светското првенство во Катар во 2022 година. Французите стигнаа до финалето на турнирот, каде загубија од …

Мбапе нов капитен на Франција Read More »

Мбапе: Му честитав на Меси по финалето на Мундијалот


Килијан Мбапе се сети какви зборови му кажа на Лионел Меси по финалето на Светското првенство во 2022 година. Франција на Муднијалот во Катар загуби на пенали од Аргентина во мечот за трофејот. -Разговарав со Меси по натпреварот, му честитав. Тоа беше цел на неговиот живот за него, како и за мене. Но не успеав. …

Мбапе: Му честитав на Меси по финалето на Мундијалот Read More »

Мбапе со два гола ја однесе Франција во нокаут фазата на СП2022


Во натпреварот од 2.коло од групата Д на Светското фудбалско првенство, Франција  ја совлада Данска со 2:1 (0:0). Двата гола за Франција ги постигна Килијан Мбапе (61, 86), додека стрелец за Данска беше Андреас Кристијансен (68). Со оваа победа Франција стана првата репрезентација која обезбеди пласман во осминафиналето. Иако данскиот селектор Каспер Хјулманд направи четири …

Мбапе со два гола ја однесе Франција во нокаут фазата на СП2022 Read More »

Мбапе во јануари заминува од ПСЖ


Напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе најави дека ќе ги напушти редовите на актуелниот француски првак на почетокот ма идната година, објави денеска шпанскиот спортски весник „Марка“. „Врската меѓу Мбапе и ПСЖ е целосно прекината. Мбапе побара веќе во јануари да замине од Париз“, тврди „Марка‘. Дел од шпанските и француските медиуми наведуваат дека ПСЖ му дозволил да замине на …

Мбапе во јануари заминува од ПСЖ Read More »

Руни го нарече Мбапе егоист: Со 23 години си дозволува да го турка Меси


  Поранешниот англиски фудбалски репрезентативец Вејн Руни го критикуваше играчот на ПСЖ, Килијан Мбапе, поради неговиот вербален и физички конфликт со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Лионел Меси. Инцидентот се случи на натпреварот од француското првенство меѓу ПСЖ и Монпеље. Мбапе прво влезе во вербален судир со Меси, откако аргентинскиот фудбалер ја зеде …

Руни го нарече Мбапе егоист: Со 23 години си дозволува да го турка Меси Read More »

Мбапе: ПСЖ ќе започне нова ера, имам уште многу да направам со клубот


Еден од најдобрите фудбалери на светот, Килијан Мбапе објасни зошто го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен. Напаѓачот неодамна можеше да замине во Реал Мадрид како слободен играч, но потпиша нов договор со францускиот клуб до 2025 година. – Клубот планира да започне нова ера и мојата приказна не е завршена ниту тука. Имам уште нешто …

Мбапе: ПСЖ ќе започне нова ера, имам уште многу да направам со клубот Read More »

Французите тврдат дека Мбапе останува во ПСЖ, неговата мајка демантира


Франција– Француските медиуми, предводени од весникот Ле Паризиен, објавија дека еден од најдобрите фудбалери на ПСЖ, Килијан Мбапе, одлучил да ја продолжи соработката со парискиот гигант. Според медиумите, францускиот напаѓач ги договорил сите детали за нов двегодишен договор, кој би требало да му донесе годишна плата од 50 милиони евра со фантастичен бонус од 100 …

Французите тврдат дека Мбапе останува во ПСЖ, неговата мајка демантира Read More »

Мбапе се изедначи со Ибрахимовиќ по голови за ПСЖ во Лига 1


 Пари Сен-Жермен го совлада Анже (3:0) во 33. коло од францускиот шампионат. Стрелец на првиот гол беше Килијан Мбапе. Така, 23-годишниот Французин стигна до бројката од 113 постигнати голови во Лига 1. Во овој показател се израмни со екс напаѓачот на парижаните Златан Ибрахимовиќ. На првото место е Единсон Кавани со 138 погодоци. Мбапе оваа …

Мбапе се изедначи со Ибрахимовиќ по голови за ПСЖ во Лига 1 Read More »