„Македонија-Блокира“ ќе го блокира патот Кичево – Охрид кај село Другово


 „Македонија-Блокира“ најави дека денеска во периодот од 13:00 до 15:00 часот ќе го блокира патниот правец Кичево-Охрид. Блокадата, како што посочуваат од „Македонија Блокира“ е рамките на активностите за протести и блокади и надвор од Скопје и со цел спречување на промена на Уставот.