Министерот за одбрана на Литванија поднесе оставка


Литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас ја поднесе оставката до премиерот, јави Литванската радио телевизија (ЛРТ), повикувајќи се на владината прес-служба. „Премиерката Ингрида Симонита денеска доби писмо со оставка на министерот за одбрана“, се вели во соопштението од Владата. Извори на ЛРТ претходно потврдија дека министерот се подготвува да поднесе оставка, но причините сè уште …

Министерот за одбрана на Литванија поднесе оставка Read More »

Литванија затвори уште два гранични премина со Белорусија


Литванија денеска затвори уште две гранични точки со Белорусија поради закани по националната безбедност. – Презедовме мерки за ограничување на движењето на луѓе, стоки и возила, четири од шесте гранични премини со Белорусија се веќе затворени, изјави министерката за внатрешни работи Агне Билотаите. Литванија минатата година затвори два премини на границата со Белорусија. – Соседството …

Литванија затвори уште два гранични премина со Белорусија Read More »

Балтичките земји почнаа да градат бункери на границата со Русија


Балтичките држави Естонија, Латвија и Литванија сакаат да ги обезбедат своите граници кон Русија и Белорусија од можни напади со помош на стотици бункери, изјавија денеска министрите за одбрана на тие земји. Министрите потпишаа договор во Рига според кој Естонија, Латвија и Литванија ќе градат одбранбени капацитети во наредните години за да се одвратат и, …

Балтичките земји почнаа да градат бункери на границата со Русија Read More »

Литванија прогласи над илјада Белоруси и Руси за закана по државната безбедност


Литванија денеска прогласи повеќе од илјада граѓани на Русија и на Белорусија кои живеат во таа земја за закана по државната безбедност и им ги укина дозволите за постојан престој поради нивните ставови за руската инвазија врз Украина. Владата прво спроведе анкета и побара од Русите и Белорусите да одговорат на прашалникот кој вклучуваше прашања …

Литванија прогласи над илјада Белоруси и Руси за закана по државната безбедност Read More »

Литванија им забранува на Русите и на Белорусите да поседуваат оружје


На руските и на белоруските граѓани во Литванија ќе им биде забрането да поседуваат огнено оружје, според новиот Закон усвоен денеска од литванскиот Парламент.   Новата легислатива што ќе стапи на сила од 1 април следната година, има за цел да спречи формирање оружени групи, што би се спротивставиле на властите во случај на немири …

Литванија им забранува на Русите и на Белорусите да поседуваат оружје Read More »

Литванија го забрани влезот на рускиот патријарх Кирил


Литванија му забрани на патријархот Московски и на цела Русија Кирил да влезе во земјата поради, како што тврди, „поддршка за руската специјална воена операција во Украина“, пишува денеска литванскиот портал Делфи, повикувајќи се на литванското Министерство за надворешни работи. „Патријархот на Москва и на цела Русија Кирил доби забрана за влез во Литванија поради …

Литванија го забрани влезот на рускиот патријарх Кирил Read More »

Литванија изложена на голем кибер напад од Русија: Одмазда за блокадата на Калининград


Литванија– Државни и приватни институции во Литванија се најдоа на удар на голем DDOS напад (негирање на услуга), се наведува во соопштението на литванскиот национален Центар за кибер безбедност, пренесено од тамошното Министерство за одбрана. „Многу е веројатно таквите или уште посилни напади да продолжат и во наредните денови, особено во транспортниот, енергетскиот и финансискиот …

Литванија изложена на голем кибер напад од Русија: Одмазда за блокадата на Калининград Read More »

Николај Патрушев: Литванија ќе ги почуствува последиците од блокадата на транспортот на стоки до Калининград


 Официјална Москва наскоро ќе одговори на одлуката на Литванија да го блокира транспортот на стоки од континентална Русија до регионот Калининград, а одговорот ќе нанесе „сериозно негативно влијание врз населението на Литванија, се закани денеска декретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев. – Русија секако ќе одговори на таквите непријателски дејствија. Се разработуваат …

Николај Патрушев: Литванија ќе ги почуствува последиците од блокадата на транспортот на стоки до Калининград Read More »

Војната во Украина испровоцира побрза реализација на балтичката пруга


Изградбата на Балтичката железница (Rail Baltice), долга 870километри која би се протегала од Полска преку Литванија, Латвија и Естонија, до Финска, може да добие на замав поради руската инвазија на Украина, велат од компанијата задолжена за реализација на тој проект. Не е потреба, туку обврска „Со оглед дека Русија ни е на границата, реализацијата на …

Војната во Украина испровоцира побрза реализација на балтичката пруга Read More »

Литванија ќе купи 18 самоодни хаубици од Франција


Литванија– Литванија ќе купи 18 самоодни хаубици од Франција, информираа министерствата за одбрана на двете земји. Литванија, членка на ЕУ и на НАТО, ќе инвестира дополнителни 300 милиони евра во својот воен буџет за годинава, поради тоа што војната во Украина ја зголеми безбедносната грижа во земјата, јави Гардијан. „Литванија ќе купи 18 хаубици од типот …

Литванија ќе купи 18 самоодни хаубици од Франција Read More »

Православната црква во Литванија побара одделување од Московската патријаршија


  Литванскиот митрополит Инокентиј се обратил кон Синодот на Московската патријаршија со барање да се промени статусот на Вилнуско-литванската епархија и да се направи „самоуправна“. Слични барања имаше и пред два месеци. Со продолжувањето на руската војна во Украина расте немирот меѓу православните во Литванија. Тамошната православна црква моментално има статус на епархија на Руската …

Православната црква во Литванија побара одделување од Московската патријаршија Read More »

Литванија од утре без гас, нафта и струја од Русија


Министерството за енергетика на Литванија соопшти дека земјата од утре нема да увезува струја од Русија, па во таа земја повеќе нема да има руски гас, нафта или струја. Министерот за енергетика Даиниус Кравис изјави дека ова е важна пресвртница не само на патот на Литванија кон енергетска независност, туку и израз на солидарност со …

Литванија од утре без гас, нафта и струја од Русија Read More »

Литванскиот парламент ја прогласи Русија за терористичка држава


Литванскиот парламент, Сејм, денеска ја прогласи Русија за терористичка држава. Едногласно се усвои резолуцијата и за неа гласаа 128 пратеници, јавија локалните медиуми. Во резолуцијата се наведува дека руските вооружени сили и платеници извршиле масовни воени злосторства во Украина. Особено во градовите Бородјанка, Буча, Ирпин, Гостомел, Мариупол.

Литванскиот министер Ландсбергис во Скопје, на средби со Пендаровски, Џафери, Маричиќ и Османи


Министерот за надворешни работи на Република Литванија, Габриелиус Ландсбергис денеска ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија. Ландсбергис ќе оствaри средба со својот домаќин, министерот за надворешни работи Бујар Османи на која, како што соопшти МНР, ќе стане збор за македонскиот евроинтегративен процес и конкретната литванска поддршка на тој план, за регионалната соработка, …

Литванскиот министер Ландсбергис во Скопје, на средби со Пендаровски, Џафери, Маричиќ и Османи Read More »

Русија ги затвори конзулатите на Латвија, Литванија и Естонија


 Русија како реципрочна мерка нареди затворање на конзулатите на Латвија, Литванија и Естонија во земјата и побара од вработените во дипломатските претставништва да ја напуштат државата, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. Во соопштението МНР прецизира дека се затворени латвиските конзулати во Санкт Петербург и Псков, естонскиот Конзулат во Санкт Петербург и неговата Канцеларија во Псков, како и Конзулатот на Литванија во Санкт …

Русија ги затвори конзулатите на Латвија, Литванија и Естонија Read More »

Норвешка во знак на солидарност го зголемува својот контингент во НАТО силите во Литванија


Норвешка планира да го зголеми своето присуство во составот на НАТО силите во Литванија, соопшти норвешкиот министер за одбрана Од Рогер Еноксен. – Сакаме да придонесеме за зајакнување на присуството на сојузничките сили на Балтикот и да покажеме солидарност со нашите партнери на источното крило. Од наша страна, тоа најдобро може да се направи со …

Норвешка во знак на солидарност го зголемува својот контингент во НАТО силите во Литванија Read More »

Литванскиот премиер ќе поднесе оставка поради поразот на претседателските избори


Литванија – Премиерот на Литванија Саулиус Сквернелис, кој на на вчерашните претседателски избори доживеа пораз, објави дека ќе поднесе оставка во јули. Според првичните резултати, најмногу гласови освои економистот и дебитант во политиката Гитанас Науседа, кој во вториот круг од претседателските избори на 26 мај ќе се соочи со поранешната министерка за финансии, конзервативката Ингрида Симоните. -Тоа …

Литванскиот премиер ќе поднесе оставка поради поразот на претседателските избори Read More »

Квалификации за ракометното СП 2018: Младинките поразени и од Литванија


Младинската ракометна репрезентација на Македонија во женска конкуренција доживеа пораз и на вториот меч во квалификациите за Светско првенство откако денеска беа поразени од селекцијата на Литванија со 26:27 во квалификацискиот турнир за пласман на СП 2018. Ова е втор пораз за „црвено-жолтите“, по вчерашниот против Исланд (35:20). Нашите репрезентативки одиграа едно добро полувреме кое …

Квалификации за ракометното СП 2018: Младинките поразени и од Литванија Read More »