Солидарноста е најсилна од кога и да е: Интервју со Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, уметници од Полска


  Полските  уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, едни од најзначајните европски уметници од својата генерација, две недели беа ексклузивни гости на Музејот на современа уметност во Скопје. Не како публика, туку како креативци кои секој ден создаваа   уметнички слики на картон со акрилна боја и колажи од стари историски книги, мапи, карти, атласи, постери, образовни …

Солидарноста е најсилна од кога и да е: Интервју со Артур Жмијевски и Павел Алтхамер, уметници од Полска Read More »

8 Март


Денес, зад секое подарено и примено цвеќе се крие една желба, мит, заблуда, лага или вистина за тоа кои сме, што сме, што сме сакале да бидеме, до каде сме стигнале или во што сме се претвориле, дали сме напредувале, стагнирале, или сме се вратиле назад, со зборовите, делата, постапките, однесувањето, како поединци или држава, …

8 Март Read More »

Игри


Цел живот не следат игри. Детски, наивни, олимписки, политички, задкулисни…, некогаш играта е само игра, а некогаш од играта ви зависи животот. Во „играта“ некогаш бараме друштво, некогаш „играме сами“, некогаш победуваме, некогаш си даваме „авто-гол“, зависиме од себе или од другите, сакаме да ги „надиграме“ времето, обврските, амбицијата, конкуренцијата, здравјето, годините, ставата, стилот… На …

Игри Read More »

Дедо Мраз


Растевме со Дедо Мраз како дедо кој ги исполнува нашите желби, ни ги разубавувува празниците, ни носи среќа и подароци под елката, ни го собира семејството дома, на топло, со топол чај, богата трпеза, во пижами и ни раскажува новогодишни приказни пред спиење додека надвор е студено и гледаме како паѓа снег. Како возрасни сфативме …

Дедо Мраз Read More »

Подарок


Сите се надеваат или очекуваат, а сите глумат пред Нова година. За вниманието во вид на подарок, кој ви ја полни душата, ви ги краси работното биро, домот или елката. Може да ве изненади, да ве израдува, да ве восхити, да ве разочара, или да ве расплаче. Мал, голем, евтин, скап или симболичен, од срце …

Подарок Read More »

Судбина


Некогаш во една секунда го гледате целиот живот, а некогаш за секунда ви се менува животот. На подобро или полошо, очекувано или неочекувано, од ваше или невнимание на другите, зашто ѓаволот ве тера или ангелот ве спасува, заради игра на судбината или виша сила, ако верувате во тоа, зашто сте се нашле во погрешно време …

Судбина Read More »

Шопинг


Попустите ве тераат да купувате. Короната да штедите. Што ќе изберете? Мода или егзистенција? Изглед или здравје? Дали мислите само на себе или и на другите? Дали сочувствувате со немоќните или животот продолжува понатаму? Дали постои воопшто соодветно време за трошење? Како е да се живее во свет полн со сиромаштија, закани, одмазди и бегалци? …

Шопинг Read More »

Бонд


Секој актер сака да го глуми агентот 007. Секоја актерка сака(ла) да биде во прегратката на Шон Конери, Роџер Мур, Пирс Броснан, Даниел Крег… Секоја поп-ѕвезда- да ја испее песната од серијалот за Бонд. Секој кој е ВИП – да биде поканет на премиерата. За филмаџиите е престиж, магнет за пари, за спонзори, за гала …

Бонд Read More »

Викенд


Некој дише чист, некој планински, некој морски, а некој моден воздух. Зависи што ви треба, што ви прави ќеф, и без што не можете да живеете. Работата ја делиме со сите, ама викендот е само наш, интимно, скапоцено време, кое го криеме од очите на јавноста. Сами, во двојка, во друштво, со семејството, со пријателите, …

Викенд Read More »

Брод


Има најубав поглед на свет. Кога ќе се качите на бродот за вашето омилено место или на животот. Околу вас само синило, долу море, горе небо. Тишина ако се искачите на врвот. На бродот или на животот. Понекогаш е добро да се осамите, а понекогаш без да сакате сте сами на крилата на успехот. Додека …

Брод Read More »

Филм


Филмот е како живот или животот е како филм. Сапуница или трилер, политичка драма, комедија или трагедија. На ТВ, на филмски фестивал, во кино или во стварноста. Некој снима филм, некој учествува во филм, некој парадира во филм… Некој режира, некој финансира, некој игра главна улога, некој статира, некој е во публика, некој оценува, а …

Филм Read More »

Моќ


ЛЕЈЛА САБИТ Платежна, куповна, финансиска, политичка, преку ноќ, цел живот, заслужена, купена, заработена, наследена, и тука и во светот ви ги кројат живот и работата, за арно или за лошо, за ќар или зијан, за благосостојба или за одмазда. Некој со моќта како Супермен, спасува свет, луѓе и болни, некој со моќта како претседател сака …

Моќ Read More »

Охрид


ЛЕЈЛА САБИТ За некого бисер, а за некого бижутерија. За некого семејно наследство, а за некого културно наследство. За некого природна убавина, а за некого чиста политика. За некого рај, а за некого пекол. Или го сакаш, или го мразиш. Или бегаш, или му се навраќаш. Лете полн, зиме празен. Полесно ќе слеташ со авион …

Охрид Read More »

Бред Пит


ЛЕЈЛА САБИТ Моќта, парите, шармот, убавината и амбицијата му се најголем сојузник. За жената е магнет и со манири и без манири, и нежен и груб, и експониран и мистериозен, и млад и во години, со кратка или со подолга коса, со брада или избричен. За јавноста е магнет и како разведен и како ерген. …

Бред Пит Read More »

Кеш


ЛЕЈЛА САБИТ Танго, крупно, ситно, евра, долари, фунти или денари, ви дава моќ, ама може да ве расипe, ви дава слобода, ама може да ве пикне в затвор, да го договарате во четири очи, или да ве прислушува цела нација, намирисаниот да го направи ѓубре, ѓубрето – парфем, светецот ѓавол, ѓаволот светец, паметниот глупав, глупавиот …

Кеш Read More »

Миконос


ЛЕЈЛА САБИТ Во Охрид сите се знаеме, во Маврово ни е дежа ви и ладно, Азурен Брег ни е скап, а за Малдиви немаме сметки во офшор-банки. На одмор сакаме да се пофалиме, а поевтино да поминеме, да поцрниме, а да не изгориме, да ослабиме, а да не се пијаниме, да ни биде топло и …

Миконос Read More »

Мохито


ЛЕЈЛА САБИТ Имате за виртуелен, а не за вистински одмор? Не сте поканети на црвен килим или коктел? Сакате да ги имитирате убавиците од „Сексот и градот“? Ова е рецептот за вас, за жешкото лето во Скопје. Потребни се: 400 грама сонце, 400 грама море или планина, многу мраз, 200 грама целосно опуштање, локација по …

Мохито Read More »

Каде на одмор или бронзен тен?


Во екот на летото, клучното прашање е: Каде на одмор? Откако ќе заврши, сите муабети почнуват со : ” Леле, колку си поцрнел(а)” или  “Ич не си поцрнел(а)” ! Потемнетиот тен кај нас има врска со трендот и естетиката, а најмалку со здравјето. Со потемен тен имаш повеќе шанса да им се допаднеш на луѓето, …

Каде на одмор или бронзен тен? Read More »

Флерт во Скопје: Ако може Мерилин, можам и јас


Мерилин Монро шетала едно попладне во Њујорк со пријателка. Неупадливо облечена и без шминка, никој не ја приметил. Ни како филмска дива, ни како убава жена. Тогаш се одлучила на еден експеримент. Ги исправила рамењата, занишала со колковите, а очите и блеснале со заведувачки сјај…За неколку минути двете жени биле опколени со војска на обожаватели …

Флерт во Скопје: Ако може Мерилин, можам и јас Read More »

Удар


ЛЕЈЛА САБИТ Времето на удари продолжува. И тука и во светот. Низок, контра, топлотен, струен, мозочен, срцев, зад грб, пред ваши очи, без срам, мал, голем, жесток, очекуван, како гром од ведро небо, како последица или предупредување, за тие што знаат да слушаат, да чувствуваат и што имаат етика. Може да ве заболи, да ве …

Удар Read More »