Минатата година преку криптовалути биле испрани над 24 милијарди долари 


Криптовалутите во вредност од над 24 милијарди долари беа испратени на нелегални адреси во 2023 година, што претставува 0,34 отсто од вкупниот обем на трансакции, процени компанијата за блокчејн Chainalysis во својот годишен извештај за трендовите на крипто криминалот. Бројката е речиси 40 отсто помала од онаа од 2022 година, но е само привремена. Вкупниот …

Минатата година преку криптовалути биле испрани над 24 милијарди долари  Read More »

Да сум власт, би ги забранил криптовалутите, вели шефот на најголемата американска банка


Извршниот директор на JPMorgan Chase, Џејми Дајмон, го нападна биткоинот и неговите колеги, сугерирајќи во средата на Капитол Хил дека криптовалутите треба да бидат забранети. „Отсекогаш сум бил длабоко противник на крипто, биткоин итн.“, рече шефот на најголемата американска банка според средствата на сослушувањето од сенаторката Елизабет Ворен од Масачусетс, за време на сослушувањето на …

Да сум власт, би ги забранил криптовалутите, вели шефот на најголемата американска банка Read More »

„Ги игнорираше моите предупредувања“! Синот на првиот банкар во Европа изгубил пари инвестирани во криптовалути


Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, откри дека нејзиниот син изгубил околу 60 отсто од парите што ги инвестирал во криптовалути. „Тој ме игнорираше, ова беше негова привилегија. Ги загуби речиси сите пари што ги вложи“, рече Лагард во петокот, говорејќи во градското собрание во Франкфурт. Таа не прецизираше на кој од нејзините два …

„Ги игнорираше моите предупредувања“! Синот на првиот банкар во Европа изгубил пари инвестирани во криптовалути Read More »

Нов вид измама во регионот: Ало, имате добивка


Бидете сомничави на повиците и пораките од непознати лица кои ве известуваат дека сте победиле, или сте добиле нешто, предупредува полицијата во Хрватска. По упорното предупредување и повикување на претпазливост при тргување со криптовалути и воопшто тргување на Интернет, полицијата испрати ново предупредување за измама, пишува Дневник.хр. Имено, 61-годишна жена од околината на Вуковар „паднала“ …

Нов вид измама во регионот: Ало, имате добивка Read More »

Хрватска компанија за криптовалути измами инвеститори за над 70 милиони евра, директорот исчезна


Риечката трговска компанија за криптовалути BitLucky, наводно, оштетила околу 1.000 инвеститори за десетици милиони евра во криптовалути (проценета на околу 70 милиони евра), а нејзиниот директор Лука Буразер, кој управуваше со компанијата до средината на мај, е недостапен за јавноста, пренесува „Индекс“. Буразер во мај преку електронска пошта ги информирал своите клиенти дека ја довел …

Хрватска компанија за криптовалути измами инвеститори за над 70 милиони евра, директорот исчезна Read More »

И покрај кризата,110 милиони нови корисници на пазарот на криптовалути


По значителниот пораст на пазарот на крипто во 2021 година, секторот се соочи со голем број пречки минатата година, како што е регулаторната нејаснотија, при што биткоинот доживеа значителна распродажба. Сепак, и покрај овој пад, има експоненцијално зголемување на приливот на корисници кои инвестираат во криптовалути. Податоците собрани од Finbold покажуваат дека бројот на корисници …

И покрај кризата,110 милиони нови корисници на пазарот на криптовалути Read More »

Албанија екстрадира турски државјанин, измамил 391.000 граѓани за две милијарди долари


Албанските власти екстрадираа турски државјанин, баран со меѓународна потерница издадена од Турција, за измама на 391.000 граѓани, преку криптовалути, со економска штета од две милијарди долари. Беше уапсен на 30 август минатата година, во јужното албанското приморско гратче Химара, во рамки на полициската акција „Мозок“, реализирана од локалната полициска управа на Елбасан, во соработка со …

Албанија екстрадира турски државјанин, измамил 391.000 граѓани за две милијарди долари Read More »

ФЕД ги предупредува банките за ризиците од криптовалутите


  Американското финансиско регулаторно тело го издаде првото предупредување до банките поради ризиците поврзани со пазарот на криптовалути, објави денеска Би-Би-Си. Надзорните органи ги советуваат финансиските институции да бидат внимателни поради можни измами, правна несигурност и разни измами. Во заедничката изјава, Федералните резерви на САД (FED), Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC) и Канцеларијата …

ФЕД ги предупредува банките за ризиците од криптовалутите Read More »

Да сопре копањето криптовалути


Веднаш да се прекине со копањето криптовалути, затоа што на тој начин се користи многу електрична енергија, субвенционирана од народот, повика премиерот Димитар Ковачевски по завршувањето на Советот за безбеднот. -Во однос на снабдувањето имам апел. Има одредени домови па и правни лица во кои има енормно висока потрошувачка на струја и тоа е речиси …

Да сопре копањето криптовалути Read More »

Култниот моден бренд „Гучи“ прифати плаќање со криптовалути


  „Гучи“ е првиот моден бренд кој прифати некој облик на криптоплаќање. Култниот италијански моден бренд неделава најави дека ќе ги прошири своите можности за плаќање за да се вклучи ApeCoin (APE) кој е поврзан со Bored Ape Yacht клубот, но само по пат на BitPay. Со други зборови, „Гучи“ ќе ви овозможи да го …

Култниот моден бренд „Гучи“ прифати плаќање со криптовалути Read More »

Биткоинот го поминува најлошиот месец од своето основање


Биткоинот е на пат да ја има најлошата квартална загуба во повеќе од една деценија. Најголемата криптовалута во светот изгуби околу 58 отсто од својата вредност во вториот квартал од 2022 година, според CryptoCompare. Биткоинот падна од 45.524 долари на почетокот на кварталот и се тргуваше околу 18.000 долари во четвртокот, последниот ден од тримесечниот …

Биткоинот го поминува најлошиот месец од своето основање Read More »

За еден ден избришани 200 милијарди долари во криптовалути


Вистински потоп се случи на пазарот на криптовалути на почетокот на мај. Вчера вредноста на биткоинот падна под 26.000 долари, по што следеа и другите криптовалути кои изгубија повеќе од 200 милијарди долари во само еден ден на тргување. Во еден момент цената на падна на 25.401 долар, најниска во последните 16 месеци, според специјализираниот …

За еден ден избришани 200 милијарди долари во криптовалути Read More »

Пуштена во употреба првата кредитна картичка базирана на криптовалути


Дигиталната компанија за трговија и кредити со криптовалути Нексо (Nexo) објави дека во соработка со глобалната компанија за картички Мастеркард (Mastercard), денеска во Европа ја пушти во употреба првата кредитна картичка во светот базирана на криптовалути. Нексо картичката првично ќе биде достапна само во неколку европски земји и ќе функционира како кредитна картичка со дигитални …

Пуштена во употреба првата кредитна картичка базирана на криптовалути Read More »

Хакери украле криптовалута во вредност од 615 милиони долари


Блокчејн компанијата Ронин денеска соопшти дека хакери извлекле криптовалута во вредност од 615 милиони долари од нејзиниот систем, што веројатно е најголемата кражба од ваков вид во историјата. На 23 март хакери украле 173.600 етер токени и 25,5 милиони токени САД Коини. Вкупната вредност на овие криптовалути во моментов изнесува 614 милиони долари. Ронин денеска …

Хакери украле криптовалута во вредност од 615 милиони долари Read More »

Во собраниска процедура Предлог законот со кој првпат се регулираат критповалутите и дигиталниот имот


Предлог – законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, во прво читање, со кој првпат во земјава се регулираат виртуелните, односно критпосредствата познати како криптовалут и дигиталниот имот, помина денеска на седница на собраниската Комисијата за европски прашања. Пред членовите на Комисијата Предлог – законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, …

Во собраниска процедура Предлог законот со кој првпат се регулираат критповалутите и дигиталниот имот Read More »

ЕУ ќе ги вклучи криптовалутите во пакетот санкции против Москва


Европската унија ќе ги вклучи криптовалутите во пакетот санкции против Русија, со цел да ја направи агресијата на Москва врз Украина колку е можно поскапа, изјави францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер. Тој на прес-конференција по состанокот на министрите за финансии на ЕУ истакна дека санкциите против Русија се многу ефикасни и дека тие …

ЕУ ќе ги вклучи криптовалутите во пакетот санкции против Москва Read More »

Рекордно високо ниво на криминалот со криптовалути во 2021 година


Криминалот со криптовалути достигна рекордно високо ниво во 2021 година, и во истиот период – вкупните правни плаќања исто така достигнаа врв, објави денеска групата за податоци Chainalysis. Според анализата на групата, криминалните трансакции, кои вклучуваат биткоин и други криптовалути, изнесуваат вкупно 14 милијарди долари, што е за 79 отсто повеќе од 2020 година. Вкупните …

Рекордно високо ниво на криминалот со криптовалути во 2021 година Read More »

Косово забрани рударење на криптовалути


Владата во Приштина донесе одлука да го забрани „рударење“ на криптовалути во Косово, бидејќи се трошат големи количества струја. Косовската министерка за економија Артане Ризваноли изјави дека по препораките на Техничкиот комитет минатата недела донела одлука за итни мерки за забрана на „рударење“ на криптовалути, го пренесува Косово онлајн пишувањето на порталот Репортерс. – Врз …

Косово забрани рударење на криптовалути Read More »

Биткоинот го контролираат 0,01 отсто од луѓето – во нивни раце е 27 отсто од криптовалутата


  Иако популарноста на криптовалутите расте и секоја година се инвестираат се повеќе пари на овој пазар, мал број луѓе контролираат речиси една третина од вкупната циркулација на Биткоинот. Никој не спори дека 2021 година беше важна за Биткоин. Големи промени на цените, легализација на оваа валута во Ел Салвадор, се повеќе политичари и познати …

Биткоинот го контролираат 0,01 отсто од луѓето – во нивни раце е 27 отсто од криптовалутата Read More »

Дубаи станува центар за тргување со криптовалути


ОАЕ– Најголемата светска берза за криптовалути „Бајнанс“ (Binance) денеска соопшти дека потпишала договор за соработка со Светскиот трговски центар во Дубаи (DWTC). Властите во Дубаи објавија еден ден претходно дека имаат намера да го претворат DWTC во криптозона и регулатор на криптовалути и други виртуелни средства, како дел од напорите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) …

Дубаи станува центар за тргување со криптовалути Read More »