Лекцијата на Ципрас за патриотизам


Зборот патриотизам одамна го има изгубено своето вистинско значење не само на Балканот, каде што има најмногу патриоти по глава на жител во светот, туку и во Европа и на целата планета Земја. Како да се „сака“ татковината доволно силно за да се задуши здравиот разум во мир, е едно од најголемите злосторства и злоупотреби …

Лекцијата на Ципрас за патриотизам Read More »

Неподносливата леснотија на амнестијата


Александра М. Митевска  Тоа што од нога беше закажана нова собраниска седница и што во доцни попладневни часови беше донесен Закон за амнестија за 27 април веќе не е најпоразителната вест поврзана со чудните сојузништва што зачестија во законодавниот дом во последната година. Откако уште пред два месеца, кога му гореше под нозе, премиерот Зоран …

Неподносливата леснотија на амнестијата Read More »

Разјаснете дали власта му помогна на Груевски да избега


Ерол Ризаов Првичниот молк на Европа беше погрешно протолкуван во овдешната партизирана јавност како поддршка на гостопримството на идеолошкиот двојник на Виктор Орбан од Македонија. Давањето азил на поранешен премиер осуден на две години затвор, кој лажно е претставен во унгарската јавност како жртва на прогон, а се премолчува дека се во тек повеќе судски …

Разјаснете дали власта му помогна на Груевски да избега Read More »

Успех посипан со пепел


Ја доби ли Македонија заслужената награда од Европската унија? Иако премиерот Зоран Заев одлуката на министрите за надворешни работи во Луксембург ја дочека со еуфорија, во јавноста таа беше дочекана како изнасилена. Бидејќи веста беше дека, благодарејќи на Франција, Холандија и Данска, огромната поддршка на другите земји членки заврши како „одлука за некоја идна одлука“ …

Успех посипан со пепел Read More »

Можен е советски третман за „Скопје 2014“


Бранко Тричковски вели дека треба да се поканат некои од најголемите светски архитектонски имиња да предложат што може да се направи со проектот во центарот на Скопје кој е сведок „што може да ѝ се случи на една нација кога ќе си дозволи да полуди“. Меѓу другото, што да се прави со коњаникот со исукан …

Можен е советски третман за „Скопје 2014“ Read More »

Попречувањето на правдата мора да престане


Ерол Ризаов Ако Владата навистина е на ниет да го спасува суштинскиот елемент на демократијата, треба брзо да примени потези и средства за обезбедување на владеење на правото. Во оваа една и пол година, по промената на власта, практиката покажува дека не е доволно само ослободувањето на институциите и уставно гарантираните принципи. Македонија одамна ги …

Попречувањето на правдата мора да престане Read More »

Заев жртва на сопствениот подвиг


Ерол Ризаов  Година и пол по изборите власта ги потроши сите кредити сосе камати за своите грешки и натаму да се оправдува со тешкото наследство од претходниците. Особено опасна стана тенденцијата на сѐ позачестено и сѐ поарогантно споредување на тоа кој бил полош меѓу сегашните и претходните властодршци и нивните злодела и одлуки со катастрофални …

Заев жртва на сопствениот подвиг Read More »

Владата го погребува СЈО


Ерол Ризаов Специјалното обвинителство, најсветлата ѕвезда на македонската арамиска транзиција, единствената независна државна институција која правно го урна корумпираниот режим на бившиот премиер Никола Груевски, е осудено на исчезнување. СЈО ќе биде погребано во догледно време, според реформите во правосудниот систем што ги најави Владата. Штом ќе ги заврши истрагите и предметите од незаконски прислушуваните …

Владата го погребува СЈО Read More »

Власт и сласт, или и планините растат


Звонко Давидовиќ Постојат три големи страсти – алкохол, коцка и власт, напиша Меша Селимовиќ во своето дело „Тврдина“. Првите две страсти, а јас би ги нарекол и пороци, можеби и можат да се излекуваат, но третата никако. Власта е најголемиот и најтежок порок. Поради неа се убива, гине, поради неа се губи човечкиот лик. А …

Власт и сласт, или и планините растат Read More »

„Фридом хаус“ ја храбри, советува и ја предупредува Македонија


Насер Селмани Минатата недела „Фридом хаус“ го објави извештајот за степенот на слобода и демократија во светот, каде што Македонија е претставена како светла точка, во споредба со негативните тенденции во регионот. Жално е што извештајот во македонските медиуми помина бегло, без сериозна анализа на основните пораки што ги содржи во себе. Ако потфрлија медиумите, …

„Фридом хаус“ ја храбри, советува и ја предупредува Македонија Read More »

Мајчиниот јазик се брани со дела


Ерол Ризаов Недела, рано наутро, возам по празната Пластичарска улица, уживајќи во „Мајчиниот јазик“ на Влатко Стефановски, сѐ уште под импресии од неговиот концерт претходната ноќ. Си велам: Боже, како овој човек може без ниту еден збор само со гитара генијално да го брани идентитетот на Македонецот и на сите други што се раѓаме и …

Мајчиниот јазик се брани со дела Read More »

Ситна и крупна корупција


Ерол Ризаов Кога почнува првата корупција на Балканот и на сиот прекрасен Ориент? Одговорот веројатно ќе ве изненади, ама брзо ќе се уверите дека сите сме соучесници во изградба на болно општество. Во нашата толку сакана Македонија корупцијата почнува со задолжителна инфекција од митоманијата пред да се роди детето, идниот граѓанин. Тоа е толку нормално …

Ситна и крупна корупција Read More »

Не на грбот на работникот!


Здравко Савески Дезинформацијата од ММФ Шефицата на мисијата на ММФ во Македонија, Џасмин Рахман, на меѓународната конференција во Скопје, организирана од Народната банка, изјави дека ММФ препорачува да се зголеми старосната граница за пензионирање како што е во ЕУ, бидејќи сме имале слична должина на животен век. Две прашања се наметнуваат во врска со оваа …

Не на грбот на работникот! Read More »

Владата во дупка од 500 милиони евра


Ерол Ризаов Најавените нови реформи на пензискиот систем за санирање на застрашувачката црна дупка во буџетот од 500 милиони евра годишно, што му доаѓа речиси една четвртина од државната каса, се поопасен терен за лизгање и паѓање на владата на Зоран Заев отколку промената на името на државата. Првите најави дека се можни такви реформи …

Владата во дупка од 500 милиони евра Read More »

The government in a € 500m hole


Erol Rizaov The announced new reforms of the pension system for removing the horrifying black hole in the budget of 500m euros annually, which comes to almost a quarter of the state treasury, are more dangerous for the falling of Zoran Zaev’s government than the change in the name of the state. The first announcements …

The government in a € 500m hole Read More »

За Македонцките работи


Звонко Давидовиќ Пред 115 години Крсте Петков-Мисирков во книгата „За македонцките работи“ ги изнел своите научно-теоретски погледи за самобитноста и посебноста на македонскиот народ со историски пристап кон настанокот на другите европски и словенски народи, а како единствена замисла и цел за национална афирмација на македонскиот народ во современа модерна европска нација со своја слободна …

За Македонцките работи Read More »

И, сега што?


Петар Арсовски Мислам дека заклучокот дека не знаеме што да правиме со слободата е апсолутно точен. Но, би додал, ние од слободата малку и се плашиме. Авторитарниот систем создава и послушници и бунтовници, но истовремено овозможува стабилност, лесен изговор дека некој друг мисли за вас, дека вашата судбина не е целосно ваша сопствена одговорност. Оттаму, …

И, сега што? Read More »

Моќните браќа Бајрактари од Белата куќа


Љупчо Поповски Фотографијата на мртва природа во канцеларија во Белата куќа со еден човек минатата недела во голема мера беше предмет на потсмев во македонскиот свет на социјалната интеракција. Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, обидувајќи се да ја зголеми перцепцијата за својата важност во светот на овдешната политика и кај гласачите, беше застанал зад празната …

Моќните браќа Бајрактари од Белата куќа Read More »

Полска и холокаустот – демони од минатото


Љупчо Поповски Историјата секогаш може да се претвори во оружје. Или, попрецизно, секогаш кога ќе посакаат политичарите. Во Европа тоа не се случува само на Балканот (тоа историско минско поле), туку кон тоа оружје посегнуваат и многу други на истокот од континентот. Последниот случај во Полска ги крена на нозе Евреите во светот и во …

Полска и холокаустот – демони од минатото Read More »

Да си здрав и жив господине Карл Билд


Ерол Ризаов „Мислам дека треба силна посветеност од моќните држави на ЕУ и институции за да се стигне до компромис за името. Без тоа, стратегијата на ЕУ за Балканот може да пропадне“. Ова го напиша и обзнани Карл Билд, познат европски политичар, копретседавач на Советот на Европа за надворешна политика и поранешен министер за надворешни …

Да си здрав и жив господине Карл Билд Read More »