Се реновира Хематологија, амбулантите се преместени


Се преместуваат амбулантите и шалтерот на Универзитетската Клиника за хематологија бидејќи Клиниката се реновира. „Од 1 август натаму амбулантите и шалтерот на Клиниката за хематологија ќе работат во амбулантскиот дел на Клиниката за дерматологија во рамките на Интерната зграда, поточно на поранешниот “Машки оддел“. Сите контакти, телефонски броеви и електронски адреси остануваат непроменети“, соопштија од Хематологија.