Славен Белупо му раскина на Китановски


Хрватскиот фудбалски прволигаш Славен Белупо и македонскиот интернационалец Томе Китановски спогодбено го раскинаа договорот. Од клубот од Копривница порачаа дека Китановски со своите настапи во пролетниот дел од шампионатот не ги исполнил очекувањата. Така, завчерашниот меч против Истра, од каде што дојде во Копривница на почетокот од годината, му беше последен во дресот на „фармацевтите“.

Китановски стрелец против Хајдук


Македонскиот интернационалец Томе Китановски го постигна единствениот погодок за неговата Истра 1961 во поразот против сплитски Хајдук во 16. коло од хрватското фудбалско првенство. Популарните „били“ славеа со 3-1, по што се искачија на второто место од табелата, но со големи 12 поени помалку од загрепски Динамо. Истраните се претпоследни со 13 поени.