Кипарската полиција открила 133 лажни венчавки


Кипарската, летонската и португалската полиција уапсија 15 лица поврзани со десетици лажни бракови од интерес на Кипар, остров во источниот дел на Медитеранот, соопшти синоќа кипарската полиција. На 29 јануари во акција на полициската агенција Европол, предводена од кипарската полиција, на Кипар беа уапсени 13 лица, додека истиот ден во Португалија и Латвија беа уапсени …

Кипарската полиција открила 133 лажни венчавки Read More »

Распоредени специјалци во Кипар: Германија е подготвена


 Германската влада префрли на Кипар припадници на своите специјални воени сили (КСМ), како и сета опрема што им е потребна. Покрај тоа, поморските специјални сили, познати како борбени пливачи, се распоредени „во близина“ за да бидат на подготвеност во случај конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас да ескалира и Германците да бидат повлечени …

Распоредени специјалци во Кипар: Германија е подготвена Read More »

Oд 20 јуни до 22 август чартер лет од Скопје до Ларнака: Нов предизвик за летово до прекрасниот Кипар


  Почнувајќи од 20 јуни па се до 22 август годинава ќе се воспостави чартер лет од Скопје до Ларнака, на острвот Кипар. Како што беше соопштено денеска на прес конференција во Скопје, станува збор за прв директен чартер лет од Скопје до познатата туристичка дестинација Кипар за летниот одмор за 2023. Од Скопје до …

Oд 20 јуни до 22 август чартер лет од Скопје до Ларнака: Нов предизвик за летово до прекрасниот Кипар Read More »

Поранешниот шеф на дипломатијата избран за претседател на Кипар


  Никос Христодулидес беше избран за претседател на Кипар во вториот и последен круг гласање во неделата. Поранешниот кипарски министер за надворешни работи собра 51,9 отсто поддршка во вториот круг гласање што беше многу потесног од првично очекуваното, според резултатите објавени од државната телевизија на Кипар. Тој се натпреваруваше против дипломатот од кариера Андреас Мавројанис …

Поранешниот шеф на дипломатијата избран за претседател на Кипар Read More »

Италијанска енергетска компанија откри значајно наоѓалиште на гас на Кипар


  Италијанската енергетска компанија „Ени“ откри важна и голема резерва на гас на околу 160 километри од брегот на Кипар. Тие рекоа дека прелиминарните проценки укажуваат на приближно 2,5 TCF (трилиони кубни стапки) гас, со значителен дополнителен потенцијал што треба да се процени со дополнителни истражни бунари. Дупчењето доведе до голем гасен столб во низа …

Италијанска енергетска компанија откри значајно наоѓалиште на гас на Кипар Read More »

Прв случај на мајмунски сипаници на Кипар


На Кипар е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници во земјата и станува збор за 40-годишен маж кој патувал во странство, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Кипар соопштија дека случајот е потврден по молекуларен лабораториски преглед во микробиолошката лабораторија на општата болница во Никозија и веднаш биле спроведени соодветните …

Прв случај на мајмунски сипаници на Кипар Read More »

Министерството за здравство на Кипар им препорачува на граѓаните да се тестираат еднаш седмично


Министерството за здравство на Кипар им препорачува на граѓаните, независно од тоа дали се вакцинирани или не, да се тестираат еднаш седмично или со селф тест (тест за домашна употреба) или со рапид тест, но и да се тестираат со селф тест пред и по посетата на места со гужви,  јави дописничката на МИА од …

Министерството за здравство на Кипар им препорачува на граѓаните да се тестираат еднаш седмично Read More »

Кипар ќе добие од Грција владин авион


Грција– Република Кипар ќе го добие првиот официјален владин авион, што ќе биде донација од Грција, беше соопштено на денешната средба во Никозија на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Мицотакис рече дека со оглед на тоа дека планираат модернизација на нивната флота на авиони, ќе го направат конкретниот гест кон Кипар, …

Кипар ќе добие од Грција владин авион Read More »

Украина го извести Кипар за заплена на руски имот од 393 милиони евра


Кипар – Украинските власти го информираа Кипар за заплена на акции и хартии од вредност во вредност од 393 милиони евра поврзани со таа островска држава, кои припаѓаат на руски милијардер и други бизнисмени, соопштија денеска кипарските власти. Во соопштението се наведува дека Украина го покренала прашањето до „релевантните органи на Република Кипар“ и оти не …

Украина го извести Кипар за заплена на руски имот од 393 милиони евра Read More »

Кипар од денеска со поедноставни протоколи за патување и олабавување на мерките во внатрешноста


Република Кипар од денеска ги укинува сертификатите за влез во продавниците и трговските центри, како и мерките за патување, односно задолжителното пополнување електронска форма за лоцирање на патници (Cyprus Flight Pass) непосредно пред патувањето и категоризација на земјите согласно епидемиолошката слика, јави дописничката на МИА од Атина. Влез на островот е дозволен за сите кои …

Кипар од денеска со поедноставни протоколи за патување и олабавување на мерките во внатрешноста Read More »

На Кипар живеат 40.000 Руси, некои блиски до Путин – се плашат дека ќе ги протераат


  Модератор на радио-станицата 105.7 ги поздравува своите слушатели на руски јазик. Не, ова радио не емитира никаде во Русија. Тоа се наоѓа на Кипар. Овде на југот на островската држава, во Лимасол, руската присутност се гледа на секој чекор. Тука има руски продавници, руски радио-станици, пишува „Дојче веле“. Островската држава на многу Руси им …

На Кипар живеат 40.000 Руси, некои блиски до Путин – се плашат дека ќе ги протераат Read More »

Кипар одби закотвување на руски воени бродови


Властите во Република Кипар ги укинаа дозволите за влез на четири руски воени бродови во нејзините пристаништа. Кипарскиот весник „Филелефтерос“ претходно денеска објави дека на пет руски воени бродови, вклучително и фрегати и чамци за поддршка, им било одбиено закотвување во кипарското пристаниште Лимасол, по што морале да пребаруваат пристаништа во други земји за да …

Кипар одби закотвување на руски воени бродови Read More »

Кипар ги олеснува мерки, дозволен пристап во затворените простори и за невакцинираните


табилизирањето на епидемиолошката слика и намалувањето на притисокот врз здравствениот систем на Кипар, носат и олабавување на мерките, меѓу кои и укинување на забраната за влез на невакцинирани во одредени простори, јави дописничката на МИА од Атина. Олабавувањето на мерките стапува денеска во сила, а веќе е дозволено влез во угостителските објекти, ноќните клубови, кината, …

Кипар ги олеснува мерки, дозволен пристап во затворените простори и за невакцинираните Read More »

Кипар ја намалува на три месеци валидноста на потврдата за прележан Ковид-19


Кипар– Од 180 на 90 дена се намалува потврдата за прележан Ковид-19 за граѓаните на Кипар, а одлуката на Владата стапува во сила на 31 јануари 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Кипар соопштуваат дека независно од тоа кога е извадена потврдата, важноста ќе биде до 90 дена …

Кипар ја намалува на три месеци валидноста на потврдата за прележан Ковид-19 Read More »

Од денеска нови мерки на Кипар


Кипар– Задолжителен рапид тест за сите што пристигнуваат на Кипар, со исклучок на оние кои примиле трета доза; присуство на свадби, крштенки и други прослави само за вакцинирани; задолжително тестирање за да продолжи да им важи сертификатот на вакцинираните пред седум месеци; промени во протоколите за контакти со позитивен случај, се дел од мерките што …

Од денеска нови мерки на Кипар Read More »

Потврдени три случаи на варијантата Омикрон на Кипар


Кипар– Три случаи на варијантата Омикрон се потврдени на Кипар, а од Министерството за здравство соопштуваат дека сите се поврзани со претходно патување и не е потребна хоспитализација на заразените лица, јави дописничката на МИА од Атина. Ова се први случаи на Омикрон на островот, со што Кипар веќе е на листата земји во кои …

Потврдени три случаи на варијантата Омикрон на Кипар Read More »

Кипар досега има заработено 5 милијарди евра од продажба на државјанства


За 10 години кипарски граѓани во замена за инвестиции станале 1.685 лица. Досега островот има заработено речиси 5 милијарди евра од овој бизнис. Рускиот бизнисмен Олег Дерипаски го купи кипарското државјанство во 2017 година, објави британскиот весник „Гардијан“. Властите на островот Афродита му дадоа државјанство на алуминиумскиот магнат во рамките програмата за привлекување богати инвеститори. …

Кипар досега има заработено 5 милијарди евра од продажба на државјанства Read More »

Анастасијадис повторно избран за претседател на Кипар


Претседателот на Кипар Никос Анастасијадис е реизбран на денешниот втор круг претседателски избори. Од преброените сто отсто од гласовите, тој доби 55,99 проценти. Одѕивот беше 73 отсто, помал од претседателските избори во 2013 година, кога изнесуваше 83 отсто, но два отсто повисок од првиот круг избори годинава. Гласањето започна во 7.00 часот, по локално време, …

Анастасијадис повторно избран за претседател на Кипар Read More »

Анастасијадис не успеа да победи во првиот круг на изборите во Кипар


Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис освоил меѓу 38 и 42 проценти од гласовите на денешниот прв круг гласање на претседателските избори, јави новинската агенција ДПА повикувајќи се на кипарската државна телевизија. Доколку резултатите се потврдат, Анастасијадис ќе мора да оди на втор изборен круг, каде ќе се соочи со комунистичкиот кандидат Ставрос Маљас. Николас Пападопулос, син …

Анастасијадис не успеа да победи во првиот круг на изборите во Кипар Read More »