Турција денеска одлучува дали на саудиските судови ќе го предаде предметот за убиството на новинарот Кашоги


Истанбулскиот суд денеска треба да решава по барањето на Обвинителството за запирање на процесите што се водат против обвинетите во случајот со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, како и целиот предмет да им го предадат на судовите во Саудиска Арабија. Вкупно 26 лица се обвинети во судскиот процес, вклучувајќи и поранешен близок советник на …

Турција денеска одлучува дали на саудиските судови ќе го предаде предметот за убиството на новинарот Кашоги Read More »

Кашоги планирал книга за една нова Саудиска Арабија инспирирана од американскиот систем


Турција – Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон пост“ Џамал Кашоги, подготвувал книга за визијата на една нова Саудиска Арабија, инспирирана од американскиот систем, јави агенцијата Анадолија. Американскиот весник наведува дека Кашоги неколку месеци пред убиството работел на книга за реформи во Саудиска Арабија, која наликува на книгите кои се познати како „отворање очи“. Во колумната …

Кашоги планирал книга за една нова Саудиска Арабија инспирирана од американскиот систем Read More »

Нови детали: Кашоги запален во печка, горел три дена


Телото на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги веројатно е спалено во голема печка која се наоѓа во амбасадата на Саудиска Арабија во Истанбул. Нови информации се објавени во документарниот филм што во недела вечерта го емитуваше телевизијата Al Jazeera Arabic. Турските власти веќе од претходно се сомневаа на печката која се наоѓа во дворот. Освен …

Нови детали: Кашоги запален во печка, горел три дена Read More »

Помпео бара Ријад да ги казни убијците на Кашоги


Саудиска арабија– Американскиот државен секретар Мајк Помпео побара од властите во Ријад да ги казнат сите одговорни за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Помпео, кој синоќа допатува во Ријад во рамки на неговата турнеја низ државите сојузнички на САД на Блискиот Исток, денеска треба да се сретне со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, кој …

Помпео бара Ријад да ги казни убијците на Кашоги Read More »

Саудискиот функционер отпуштен за случајот Кашоги, надгледувал тортура врз активистки за човекови права


Саудиска Арабија– Поранешниот советник во саудискиот кралски дворец, Сауд ал-Катани кој беше соработник на принцот Мохамед бин Салман и беше отпуштен поради неговата улога во убиството на Џамал Кашохи, годинава лично надгледувал мачење на најмалку една уапсена активистка за човекови права, соопштија двајца неименувани претставници на Саудиска Арабија. Жената, како и уште најмалку три други …

Саудискиот функционер отпуштен за случајот Кашоги, надгледувал тортура врз активистки за човекови права Read More »

Американски сенатори: Саудискиот принц го нареди убиството на Кашоги


САД- Двајца американски сенатори изјавија дека „нема сомнеж“ дека саудискиот престолонаследник го наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги, откако добиле информациии на состанок зад затворени врати за заклучоците на Централната разузнавачка агенција (ЦИА). Таквиот став е спротивен на на тврдењето на Трамп, кој неодамна изјави дека ЦИА „сигурно не нашла апсолутно ништо“ за поврзаноста на Мухамед …

Американски сенатори: Саудискиот принц го нареди убиството на Кашоги Read More »

Синот на Џамал Кашоги пристигна во САД


САД – Синот на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, Салах, пристигна во САД, изјавил за Си-Ен-Ен извор близок до семејството. Салах Кашоги има двојно државјанство, американско и саудиско, и до сега имаше забрана за патување. Тој во средата ја напуштил Саудиска Арабија и не се знаеше неговата дестинација. Претставник на Стејт департментот изјави дека Мајк Помпео …

Синот на Џамал Кашоги пристигна во САД Read More »

Макрон: Подготвени сме да воведеме санкции за одговорните за убиството на Кашоги


Франција– Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор со саудискиот крал Салман изјавил дека Франција е подготвена, во соработка со партнерите, да воведе „меѓународни санкции“ против одговорните за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Како што соопшти Елисејската палата, Макрон побарал од кралот да ги расчисти сите околности кои довеле до убиството на новинарот. – …

Макрон: Подготвени сме да воведеме санкции за одговорните за убиството на Кашоги Read More »

(Фото) Презимето Кашоги: Познато во светот на бизнисот и шоу бизнисот


САД–  Ѕверското убиство на  новинарот на „Вашингтон пост“ во саудискиот конзулат во Истанбул Џамал Кашоги- го исфрли на површина подзаборавениот негов чичко Аднан Кашоги, бизнисмен и дилер на оружје, еден од најбогатите луѓе во светот во 80-тите, со богатство од 4 милијарди долари. Кашоги почина лани на 82 години од Паркинсонова болест во Лондон. Додека …

(Фото) Презимето Кашоги: Познато во светот на бизнисот и шоу бизнисот Read More »

САД ќе им одземат или укинат визи на 21 Саудиец поради убиството на Кашоги


САД-На 21 Саудиец ќе им бидат одземени или укинати американски визи поради убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, соопшти портпаролката на Стејт департмента Хедер Нојерт. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска им ги одзеде визите на некои саудиски функционери кои се вмешани во убиството на Кашоги, а тоа е прва казнена мерка против догогодишниот …

САД ќе им одземат или укинат визи на 21 Саудиец поради убиството на Кашоги Read More »

Tрамп: Убиството на Кашоги и обидите за негово прикривање се покажаа како целосен неуспех


САД– Саудиската операција во која бил убиен новинарот Џамал Кашоги е „едно од најлошите прикривања некогаш направени“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. Во изјава за новинарите во Овалната соба, Трамп изрази очекување дека во блиска иднина ќе има комплетен извештај за убиството на Кашоги. – Тие имале многу лош основен концепт, и тој бил спроведен …

Tрамп: Убиството на Кашоги и обидите за негово прикривање се покажаа како целосен неуспех Read More »

„Јени шафак“: Кашоги пред убиството разговарал со принцот Салман


Турција- Турскиот весник „Јени шафак“ денеска објави дека саудискиот принц Мухамед бин Салман телефонски разговарал со саудискиот новинар Џамал Кашоги, непосредно пред тој да биде убиен и наводно распарчен во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул. – Кашоги пред кобната несреќа беше во посета на Саудискиот конзулат, каде бил пристојно пречекан, понуден со чај, …

„Јени шафак“: Кашоги пред убиството разговарал со принцот Салман Read More »

И Белгија планира да го прекине извозот на оружје во Саудиска Арабија


Белгија – Белгиските власти размислуваат повторно да го стопитраат извозот на оружје воСаудиска Арабија, овој пат поради убиството на новинарот Џамал Кашоги. За тоа прашање ќе одлучуваат властите во Валонија и федералната Влада. Саудиска Арабија минатата година беше најголем клиент на валонскиот воено индустриски комплекс. Ријад купи оружје во вредност од 153 милиони евра. Белгискиот …

И Белгија планира да го прекине извозот на оружје во Саудиска Арабија Read More »

Меркел: Без извоз на оружје за Саудиска Арабија додека не се расветли убиството


Германија – Германија нема да дозволи извоз на оружје за Саудиска Арабија додека трае неизвесноста на судбината на новинарот Џамал Кашоги, изјави синоќа германската канцеларка Ангела Меркел. Таа повторно го осуди убиството на Кашоги, за кое Саудиска Арабија призна дека се случило во нејзиниот Конзулат во Истанбул. – Прво, го осудуваме овој чин на најстрог можен …

Меркел: Без извоз на оружје за Саудиска Арабија додека не се расветли убиството Read More »

Трамп: За последиците по Саудиска Арабија по средбата со принцот


САД- Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека наскоро ќе разговара со саудискиот принц Мухамед бин Салман за тоа дали Саудиска Арабија ќе сноси последици поради убиството на новинарот Џамал Кашоги. Трамп истакна дека за тоа прашање првенствено ќе се консултира со американскиот Конгрес. Американскиот претседател минатата недела повеќе пати изјави дека е против какви било …

Трамп: За последиците по Саудиска Арабија по средбата со принцот Read More »

Саудискиот крал и принцот му изразија сочувство на синот на Кашоги


Саудиска Арабија- Саудискиот крал Салман и принцот Мохамед бин Салман, го повикаа синот на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, Салах, и му изразија сочувство, објави саудиска новинска агенција. Откако негираше вмешаност во исчезнувањето на Кашоги, кому му се губи трагата на 2 октомври откако влегол во саудискиот Конзулат во Истанбул, Саудиска Арабија во саботата објави дека …

Саудискиот крал и принцот му изразија сочувство на синот на Кашоги Read More »

Реакции по признанието на Ријад за убиството на Кашоги


Признанието на официјален Ријад дека новинарот Џамал Кашоги бил „убиен при тепачка со група луѓе кои ги сретнал во Саудискиот конзулат во Истанбул“, предизвика реакции од страна на повеќе западни земји и организации. Велика Британија најави дека ќе размисли за „следните чекори“, по првото официјално признание од страна на Саудиска Арабија дека Кашоги повеќе не …

Реакции по признанието на Ријад за убиството на Кашоги Read More »

Турската полиција ги бара останките од новинарот Кашоги во шума и околината крај Истанбул


Турција– Турската полиција ја пребарува шумата крај Истанбул и околината на градот на брегот на Мраморното Море за да ги открие останките на судискиот новинар, кој исчезна пред две седници откако влезе во Козулатот на саудиска Арабија во Истанбул.Тоа синоќа го соопштија две турски официјални лица, кои побараа од медиумите да бидат анонимни. При претресот …

Турската полиција ги бара останките од новинарот Кашоги во шума и околината крај Истанбул Read More »

Трамп до Турција: Дајте ги снимките за Кашоги ако постојат


САД – Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД побарале  од Турција аудио и видео снимки во врска со исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, „ако воопшто постојат“. Истовремено Трамп ја нарече Саудиска Арабија важен сојузник истакнувајќи дека таа држава е голем купувач на американскиот воен извоз. -Да, побаравме снимки… доколку постојат, рече Трамп пред новинарите …

Трамп до Турција: Дајте ги снимките за Кашоги ако постојат Read More »

Осомничен за убиството на Кашоги студирал медицина во Австралија


Австралија- Доктор осомничен дека бил дел од наводниот саудиски тим кој е виновен за убиството на новинарот Џамал Кашоги, студирал во Австралија, објави телевизијата Еј-Би-Си. Турските власти утврдија дека докторот Салах ал-Тубаигу бил меѓу 15-те мажи во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври, кога саудискиот дописник на „Вашингтон пост“ наводно е убиен, а неговото тело …

Осомничен за убиството на Кашоги студирал медицина во Австралија Read More »