Гореше стан во Карпош 4, пожарот предизвикан од плински уред


 Пожар предизвикан од плински уред попладнево избувнал во стан на улицата „Разловечко востание“ во Карпош 4. Повредени лица нема, причинета е материјална штета. Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески за МИА информира дека пожарот е изгаснат и дека на терен биле испратени три возила и осум пожарникари.  

(Видео) Пожар во Карпош 4


Во Трговскиот Центар „Антико“ во Карпош 4 изби пожар. Пожарот доаѓаше од подрумот на трговскиот центар. Граѓаните со паника излегоа надвор. Миризбата се чуствува низ цела населба на Карпош 4. На терен се возила на против пожарната служба. Причините засега се непознати.

Фитнес справи долж „Волгоградска“ во Карпош


Карпошовци за три месеци ќе можат да вежбаат фитнес под отворено небо. Осум справи ќе се постават во т.н. фитнес зона која ќе се изгради долж „Волгоградска“ во Карпош 4, после „Сити мол“. Една од справите ќе биде специјализирана, наменета за лица со посебни потреби. Денеска беше најавен почетокот на проектот кој ќе го реализираат …

Фитнес справи долж „Волгоградска“ во Карпош Read More »