Канада воведе санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина


 Канада, во координација со САД и Велика Британија, објави дека воведува санкции за 10 лица и 153 организации поврзани со Русија поради нејзината инвазија на Украина. Санкциите се насочени кон поединци и организации кои ја поддржуваат војната преку финансирање, логистика и нивно избегнување. Списокот вклучува високи функционери во приватни и државни компании регистрирани во Русија …

Канада воведе санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина Read More »

Канада го одложи воведувањето на можноста за евтаназија на ментално болни лица


Канадската влада одлучи да го одложи воведувањето на можноста за евтанзазија на ментално болни луѓе што требаше да почне во март годинава. Министерот за здравство Марк Холанд и министерот за правда Ариф Варани соопштија дека оваа мерка засега ќе биде одложена, откако специјалната парламентарна комисија заклучи дека земјата нема доволно ресурси за да изврши ваков …

Канада го одложи воведувањето на можноста за евтаназија на ментално болни лица Read More »

Повторно е отворен мостот меѓу Канада и САД, кој беше затворен по експлозија на автомобил


Граничниот мост меѓу САД и Канада, затворен завчера по експлозија на автомобил во близина на Нијагарините водопади, денеска е повторно отворен, објавија канадските власти. „Патничкиот сообраќај се нормализира на граничниот премин на Нијагарините водопади „Рејнбоу бриџ“, соопшти канадската агенција за гранични услуги. Граничниот премин, еден од главните копнени премини меѓу двете земји, беше затворен во …

Повторно е отворен мостот меѓу Канада и САД, кој беше затворен по експлозија на автомобил Read More »

Во Монтреал пукаа во еврејски училишта


Две еврејски училишта синоќа биле мета на пукање, соопшти денеска полицијата во Монтреал. Припадниците на училишниот персонал откриле дупки од куршуми на фасадите на училиштата, но во текот на ноќта, во моментот на нападот, во нив немало никој, пренесува АП. Канадскиот премиер Џастин Трудо одговори на пукањето, велејќи дека Канаѓаните мора најостро да го осудат …

Во Монтреал пукаа во еврејски училишта Read More »

Канадскиот парламент го доби првиот црн претседател


Долниот дом на канадскиот Парламент го доби првиот црн претседател во својата историја, откако претходниот спикер поднесе оставка. Членовите на Долниот до, кој има 338 пратеници, со тајно гласање го избраа Грег Фергус, член на Либералната партија, пред неговиот колега Шон Кејси, конзервативецот Крис д’Ентремон и лидерката на Зелените Елизабет Меј. – Денеска станавте првиот …

Канадскиот парламент го доби првиот црн претседател Read More »

Индија ѝ порача на Канада да повлече 41 дипломат


Индија и порача на Канада дека мора да повлече 41 дипломат од Индија до 10 октомври, објави денеска Фајненшл тајмс. Односите меѓу Индија и Канада се сериозно нарушени откако канадските власти соопштија дека имаат веродостојни информации за вмешаност на Њу Делхи во убиството на сепаратистичкиот водач на Сиките и канадски државјанин Хардип Синг Нијар (45), …

Индија ѝ порача на Канада да повлече 41 дипломат Read More »

Канада ќе одвои 24,5 милиони долари за купување системи за противвоздушна одбрана за Украина


Канада ќе одвои 24,5 милиони долари за заедничка набавка на одбранбена опрема со Велика Британија за системи за противвоздушна одбрана за Украина, изјави канадскиот министер за одбрана Бил Блер. Блер истакна дека ова е дел од воената помош вредна половина милијарда канадски долари (околу 370 милиони американски долари), која премиерот Џастин Трудо и ја ветил …

Канада ќе одвои 24,5 милиони долари за купување системи за противвоздушна одбрана за Украина Read More »

Илјадници луѓе бегаат од шумските пожари во северна Канада


Илјадници луѓе кои живеат на далечниот север на Канада се собираат на аеродромот Јелоунајф, формирајќи колони од автомобили на единствениот автопат кој води јужно до огромната територија загрозена од бројни шумски пожари. Повеќе од 20 илјади луѓе треба да бидат евакуирани од Јелоунајф, административниот центар на северозападната територија, до денеска напладне, на кој му се …

Илјадници луѓе бегаат од шумските пожари во северна Канада Read More »

На 20 илјади жители во Канада им е наредено да се евакуираат поради шумски пожари


Жителите на еден од најголемите градови на далечниот север во Канада добија наредба да се евакуираат поради големи шумски пожари што се закана за градот. Кризата во градот Јелоунајф е најновото поглавје од големите шумски пожари во Канада, бидејќи пламените јазици брзо се проширија низ целата земја, принудувајќи десетици илјади луѓе да се евакуираат и …

На 20 илјади жители во Канада им е наредено да се евакуираат поради шумски пожари Read More »

Пожарите во Канада го загрозија и Вашингтон: „Вакво нешто не сум видел“


Воздухот во североисточниот дел на Соединетите Американски Држави денеска повторно беше силно загаден поради чадот од шумските пожари кои моментално беснеат во Канада, што предизвика здравствени грижи за десетици милиони Американци. Овој тип на атмосферско загадување, кое ретко се гледа, ја зафати областа од Илиноис на север до Јужна Каролина. Тоа предизвикува загриженост за здравјето …

Пожарите во Канада го загрозија и Вашингтон: „Вакво нешто не сум видел“ Read More »

Над 400 акивни пожари во „најлошата сезона на шумски пожари“ во Канада


Повеќе од 400 шумски пожари продолжуваат да беснеат во Канада во она што премиерот Џастин Трудо го оквалификува како –  „најлошата сезона на шумски пожари“ во историјата. Најмалку 150 активни пожари се регистрирани во провинцијата Квебек. Според канадската национална база на податоци за пожари, до денеска се уништени над 3,8 милиони хектари канадска шума. 

(Видео) Стотици пожари беснеат низ Канада: „Ова е без преседан“


Илјадници евакуирани, села претворени во пепел, нафтени капацитети затворени… Два дена по прогласувањето на вонредна состојба, канадската провинција Алберта во понеделникот побара помош од федералната влада за борба против „невидените“ шумски пожари. Денеска, речиси 100 шумски пожари сè уште горат во покраината, вклучително и 27 за кои властите соопштија дека не биле ставени под контрола. …

(Видео) Стотици пожари беснеат низ Канада: „Ова е без преседан“ Read More »

Канада ќе протера кинески дипломат поради обид за заплашување канадски пратеник


Канада соопшти дека протерува кинески дипломат што го обвини дека се обидел да заплаши канадски пратеник поради критики на сметка на Кина. „Нема да толерираме каква било форма на странско мешање во нашите внатрешни работи“, рече канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли, најавувајќи го протерувањето на дипломатот. Кина соопшти дека Канада ги „саботирала“ нивните …

Канада ќе протера кинески дипломат поради обид за заплашување канадски пратеник Read More »

Во тек е еден од најголемите штрајкови во историјата на Канада, јавниот сектор бара поголеми плати


 Повеќе од 150.000 вработени во јавниот сектор во Канада штрајкуваат откако не постигнаа договор за платите со федералната влада што ќе влијае на поднесувањето даночни пријави и издавањето пасоши пред летната туристичка сезона. Синдикатот на вработените во јавните служби соопшти дека преговорите со владата ќе продолжат. Синдикатот, кој преговара за нов колективен договор од 2021 …

Во тек е еден од најголемите штрајкови во историјата на Канада, јавниот сектор бара поголеми плати Read More »

Земјотрес со интензитет од 6 степени по Рихтер ја погоди Канада


Земјотрес со интензитет од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на канадската покраина Британска Колумбија, соопшти Американскиот геолошки институт. Епицентарот на земјотресот бил на 233 километри југозападно од градот Порт Мекнил, на длабочина од 8,2 километри, наведе Институтот. Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Стотици илјади домови во Канада сè уште се без струја поради ледената бура


Неколку стотици илјади домови во Квебек и денеска се без струја, два дена откако ледена бура ја погоди источна Канада, при што загинаа две лица и предизвика голема штета, особено во Монтреал. Околу 630.000 домови денеска сè уште се во мрак, во споредба со 1,1 милион деновиве. Локалната електродистрибутивна компанија најави дека повеќето од нив до крајот на денот …

Стотици илјади домови во Канада сè уште се без струја поради ледената бура Read More »

Дванаесет повредени во експлозија на гас во предградие на Отава


  Во експлозија на гас во предградие на Отава, главниот град на Канада, повредени се 12 лица, меѓу кои две деца, а две лица со тешки повреди морале да бидат извлечени од урнатините, соопштија официјални претставници. Во експлозијата што се случи утринава по локално време, целосно се уништени четири куќи во изградба, а оштетени се …

Дванаесет повредени во експлозија на гас во предградие на Отава Read More »

Автобус удри во градинка во Канада, загинаа две деца


Градски автобус денеска удри во градинка во канадскиот град Лавал, северно од Монтреал, при што загинаа две деца. Шест деца завршија во болница. Возачот на автобусот (51) е уапсен и обвинет за убиство и возење во пијана состојба. Полицијата сè уште утврдува зошто возачот на автобусот удрил во градинката. Градоначалникот на Лавал, Стефан Бојер, рече …

Автобус удри во градинка во Канада, загинаа две деца Read More »

(Видео) Зимската бура во САД и Канада однесе 60 животи


Најмалку 56 лица досега ги загубија животите во силната зимска бура која ги погоди САД и Канада за време на празничниот викенд и се уште трае, јавува Би-Би-Си. Официјални лица соопштија дека 28 лица загинале во американската сојузна држава Њујорк, од кои повеќето во Бафало, бидејќи застрашувачката зимска бура продолжува да ја зафаќа Северна Америка. …

(Видео) Зимската бура во САД и Канада однесе 60 животи Read More »

Човекот (73) што ги уби соседите во Канада, бил уверен дека се разболува од зградата


  Човекот кој во неделата вечерта пукаше и уби петмина во станбена зграда во предградие на Торонто со години ги малтретирал соседите и се заканувал на управата на зградата затоа што бил уверен дека се разболува од неа. Вчера, на конференција за новинарите, шефот на полицијата во регионот Јорк, Џејмс МекСви, го идентификуваше напаѓачот како …

Човекот (73) што ги уби соседите во Канада, бил уверен дека се разболува од зградата Read More »