ЕУ ги принудува тешките товарни возила и автобусите да ги намалат емисиите на CO2


 Европскиот парламент и земјите-членки на ЕУ денеска се договорија да се намали дозволената емисија на јаглерод диоксид од моторите на тешките товарни возила и да воведат општа одредба за „нулта емисија“ за градските автобуси со цел борба против климатските промени. Емисиите на гас од тешките возила продадени од 2030 година мора да се намалат за …

ЕУ ги принудува тешките товарни возила и автобусите да ги намалат емисиите на CO2 Read More »

Поради неисчистен снег камиони во колони чекаат за влез во земјава на преминот Ѓуешево -Деве Баир


 Неисчистен снег на македонската страна од граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир, според тврдењата на превозниците, го отежнува влезот на товарните возила во државава, кои чекаат со часови, а со таков проблем се соочуваат од викендот  од кога била формирана колона долга повеќе километри.  -Нашите камиони останаа заглавени за викендот, кога возачите мораа да останат и да …

Поради неисчистен снег камиони во колони чекаат за влез во земјава на преминот Ѓуешево -Деве Баир Read More »

Европратениците поддржаа два законски предлога од пакетот за климатска транзиција на ЕУ


 Европскиот парламент ги поддржа измените на Законот на ЕУ за нето нула емисии на штетни гасови од индустријата и го усогласи својот став за стандардите за емисија на јаглерод диоксид од товарните возила, со што го трасира патот за понатамошни разговори меѓу институциите на Унијата за утврдување на конечните верзии и нивно усвојување.  Како што …

Европратениците поддржаа два законски предлога од пакетот за климатска транзиција на ЕУ Read More »

Светска банка: Возачите на камиони на границите на Балканот губат 3.000 години


  Светска банка објави дека возачите на камиони непотребно губат 26 милиони часа (речиси 3.000 години) чекајќи на граничните премини на земјите од Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Косово и Албанија). За време на нејзината прва посета на Албанија во својство на потпретседател на Светска банка за Европа и Централна …

Светска банка: Возачите на камиони на границите на Балканот губат 3.000 години Read More »

Камиони од Центар чекаат пред „Дрисла“, се чека потпишување договор


„Да ја тргнеме политиката на страна затоа што таа нема да ги исчисти Скопје, нас фокус ни се граѓаните“, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски пред колегите градоначалници на состанокот на седницата на советот за развој на Скопскиот плански регион. ЈП Дрисла – Скопје е регионална депонија за скопскиот плански регион и со одлука …

Камиони од Центар чекаат пред „Дрисла“, се чека потпишување договор Read More »

Поради високите температури се забранува движење на камиони


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Што се …

Поради високите температури се забранува движење на камиони Read More »

Забрана за сообраќај за камиони и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка


Поради обилни врнежи од снег од 10:10 часот денеска е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, додека за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема. Од вчера попладнево воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила и на превојот Пресека …

Забрана за сообраќај за камиони и автобуси на патот Тетово – Попова Шапка Read More »

Забрана за камиони на патот Маврово – Дебар


 Од 08.00 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар поради интензивни врнежи од снег, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат. …

Забрана за камиони на патот Маврово – Дебар Read More »

Канадските власти најавуваат отстранување на блокадите


Блокадата на канадските камионџии, кои се против задолжителната вакцинација против Ковид-19, ги загрозува производителите во автомобилската индустрија, принудувајќи ги Форд, Џенерал Моторс и други автомобилски компании да затворат фабрики или да го намалат производството. Властите најавуваат дека полицијата е подготвена да ги отстрани блокадите. Четврти ден по ред камионџиите го блокираат сообраќајот кон Канада на …

Канадските власти најавуваат отстранување на блокадите Read More »

Вонредна ситуација во Отава поради протестот на возачите на камиони


Канада – Градоначалникот на Отава, Џим Вотсон, прогласи вонредна состојба во градот за да помогне во справувањето со досега невидените 10-дневни блокади од возачите на камиони кои протестираат и го парализираа канадскиот главен град. „Мерките ја одразуваат сериозната опасност и закана за безбедноста и безбедноста на граѓаните кои продолжуваат со демонстрации и ја нагласуваат потребата од …

Вонредна ситуација во Отава поради протестот на возачите на камиони Read More »

Камионџиите од Канада со огромен конвој против задолжителната вакцинација


  По целодневното возење низ Канада, конвојот камиони стигна во Отава во знак на протест против задолжителното вакцинирање и мерките против Ковид-19. Организаторите тврдат дека се работи за мирен протест, но полицијата не е баш сигурна сека нема да дојде до инциденти. Од таа причина премиерот Џастин Трудо и неговото семејство за време на протестот …

Камионџиите од Канада со огромен конвој против задолжителната вакцинација Read More »

Забрана за камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево


На патниот правец Гостивар – планински превој Стража -Кичево поради интензивни врнежи од снег во 9.45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила, соопшти АМСМ. Поради интензивни врнежи од снег од 9.30 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила и на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Недимовиќ: Камионите повеќе не чекаат на границите поради добрите договори на „Отворен Балкан“


Главната придобивка за земјоделството од потпишаните договори во рамки на иницијативата „Отворени Балкан“ е што се усогласени лабораториските процедури меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија и што повеќе нема чекање на границите поради фитосанитарна и ветеринарна контрола, изјави министерот за земјоделство Бранислав Недимовиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, министерот Недимовиќ во интервју …

Недимовиќ: Камионите повеќе не чекаат на границите поради добрите договори на „Отворен Балкан“ Read More »

Времен сообраќаен режим за камиони до крајот на август


Тешките товарни возила со вкупна маса над 15 тони, од 1 јули до 31 август годинава за време на деновите од викендот и денови при екстремно високи температури имаат забрана за сообраќање во петок од 17:00 до 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со …

Времен сообраќаен режим за камиони до крајот на август Read More »

Бешлиев: Извозот во Русија без проблеми, прифатени сертификатите со новото име на државата


Руските царински власти потврдија дека увозот на македонски производи се реализира без никаков проблем. Три камиони свежо овошје и зеленчук или околу 60 тони веќе ја поминале границата со декларација на која стои ПЈРМ и сертифкат на кој го пишува новото име – Република Северна Македонија. Како што изјави директорот на Македонско-руската стопанска комора Дејан …

Бешлиев: Извозот во Русија без проблеми, прифатени сертификатите со новото име на државата Read More »

Багер и четири камиони ни ги дигнаа шаторите


Активистите на „Македонија блокира“ обвинуваат дека ноќеска насилно им биле подигнати шаторите пред Собранието на Македонија. „Тоа се случи после еден часот по полноќ. Еден багер и четири камиони со полициска асистенција ги подигнаа шаторите. Иронично, денеска се јавуваат од полицијата дали сме виделе нешто. Продолжуваме со отпорот“, велат од „Македонија блокира“ за „Независен весник“. …

Багер и четири камиони ни ги дигнаа шаторите Read More »

Загина камионџија на автопатот Гевгелија-Скопје


Педесет и седумгодишен скопјанец загинал вчера кога со камион излетал од коловозот, удрил во заштитната метална ограда и се превртел на автопатот Гевгелија-Скопје. Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера околу 18:30 часот било пријавено дека на автопатот Гевгелија-Скопје, С.Г.(57) од Скопје управувајќи товарно моторно возило „Мерцедес“ со полуприколка „Шмитц“ изгубил контрола над возилото, излетал од …

Загина камионџија на автопатот Гевгелија-Скопје Read More »

Забрана за сообраќај на камиони на патните правци Гостивар-Кичево и Маврово-Дебар


Забрана за сообраќај на тешки товарни возила од 20.45 часот е воведена на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, а од 21 часот на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти ЈП Македонија пат. Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес кај с.Сопот поради поголем одрон од 20.55 часот, како што се …

Забрана за сообраќај на камиони на патните правци Гостивар-Кичево и Маврово-Дебар Read More »

Забрана за камиони на Стража


Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег по коловозите. Снег провејува на патните правци Берово – Смојмирово, Тетово – граничен премин Јажинце, Попова Шапка и на Буково, но не се задржува на коловозот. На планинскиот премин Стража има забрана за движење на тешки товарни возила. …

Забрана за камиони на Стража Read More »