Пронајдено 14-годишното исчезнато девојче


Денеска, полициски службеници од СВР Скопје ја пронајдоа Р.М. (14) од Скопје, за која нејзиниот татко С.М. на 01.02.2024 пријави дека се оддалечила од домот. Малолетничката ќе биде предадена на нејзиниот татко.

Полицијата трага по исчезната 19-годишна девојка од Неготино


Секторот за внатрешни работи Велес попладнево информира дека се трага по 19-годишна неготинка, која се оддалечила од домот. „Вчера во 12:00 часот во ОВР Неготино, М.Д.(42) пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка А.М.(19). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија од СВР Велес.

Во Германија се трага по 14-годишната Вера


Во германскиот град Росток продолжува потрагата по 14-годишната Вера Хрустиќ. Како што информираат од локалната полиција, таа последен пат била видена во вторникот попладне на 19 декември околу 16 часот во сместување за бегалци во областа Тојтенвинкел. Оттогаш ѝ се губи секаква трага. Полициската потрага засега е неуспешна, додаваат оттаму. Вера е витка, висока 160 …

Во Германија се трага по 14-годишната Вера Read More »

Се бара притвор за тројца од приведените за исчезнувањето на Вања Ѓорчевска


Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор за тројца од петтемина приведени во текот на вчерашниот ден поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања, со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот. Како што соопштија од Јавното обвинителство, во текот на целиот ден се преземаат дејствија …

Се бара притвор за тројца од приведените за исчезнувањето на Вања Ѓорчевска Read More »

Сѐ уште не е пронајдено исчезнатото девојче од Скопје – се прегледуваат камери


Четиринаесетгодишната Вања од Скопје сѐ уште не е пронајдена, дури и по 24 часа откако беше пријавено нејзиното исчезнување. Полицијата трагаше по неа и во текот на ноќта, а беа проверувани и снимките од безбедносните камери. Министерството за внатешни работи информира дека и денеска се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на 14-годишното девојче …

Сѐ уште не е пронајдено исчезнатото девојче од Скопје – се прегледуваат камери Read More »

Исчезнатата Драгана утрово се вратила дома


На социјалните мрежи во изминатите денови се споделуваше објава во која се бараше 28-годишната Драгана. Драгана исчезна на 29 јули, но денеска се вратила во својот дом, како што објави Министерството за внатрешни работи (МВР). – Денеска (01.08.2023) во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Ш.(71) од Скопје пријавил дека околу 09.00 часот во …

Исчезнатата Драгана утрово се вратила дома Read More »

Исчезната е 46-годишна скопјанка


Вчера во полициска станица било пријавено исчезнување на 46-годишна жена. – На 26.06.2023 во 10.00 часот во Полициската станица Гази Баба, К.Ш.(56) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата сопруга А.Ш.(46), информира МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

Пронајдена почината скопјанката Зојка која беше исчезната


Скопјанката Зојка Луковиќ на 31 декември се оддалечи од својот дом во Пинтија и нејзиниот син Маријан со денови трагаше по неа, алармирајќи ја полицијата и соседите со надеж дека ќе добие информација за судбината на својата мајка. Денес Министерството за внатрешни работи информираше дека таа е пронајдена почината во близина на манастирот „Св.Еремија“ во …

Пронајдена почината скопјанката Зојка која беше исчезната Read More »

Исчезна 17-годишна скопјанка


Девојка од Скопје, на возраст од 17 години е пријавена за исчезната. На 19.10.2022 во 18 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Ј.С.(46) пријавила дека, по претходна семејна расправија, од дома се оддалечила нејзината ќерка А.М.К.(17), соопштија од МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Исчезнатата Даниела Пецевска пронајдена мртва


Исчезната Даниела Пецевска (39), по која се трагаше со денови, вчера околу 13 часот е пронајдена мртва во водите на Вардар во Горно Лисиче, потврди полицијата. Врз нејзиното тело немало траги на насилство, но се испитуваат причините за смртта, велат од Министерството за внатрешни работи. Пецевска исчезна во понеделникот. Нејзиниот сопруг и блиските бараа помош …

Исчезнатата Даниела Пецевска пронајдена мртва Read More »

Македонка исчезнала во Словачка?


Скопјанецот Р.Т. (46) вчера пријавил дека речиси една недела не може да воспостави контакт со неговата сопруга А.Т. (33), која на 27 јули 2018 година заминала за Словачка на работа по претходен договор преку социјалните мрежи. „Пријавителот до 1 октомври имал контакт со неговата сопруга по што повеќе не можел да стапи во контакт со …

Македонка исчезнала во Словачка? Read More »

Исчезнатата малолетничка од Драчево се врати дом


К.Л. (53) таткото на исчезната 14-годишна девојка вчера во 10:30 часот во Полициската станица Драчево, пријавил дека ќерка му се вратила дома. Како што наведуваат од МВР, девојката беше пријавена за исчезната на 4 април, а дома се вратила на 5 април во 02.00 часот.

Малолетничка избегала од домот „25 Мај“


Четиринаесетгодишна штитеничка од Домот „25 Мај“ се оддалечила од институцијата од непознати причини во периодот од 31 март до 2-ри овој месец. Случајот, како што информира МВР, социјален работник од домот „25 Мај“ вчера околу 11 часот случајот го пријавил во полицијата. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето

Исчезната жена пронајдена удавена во Ресенско


Тело на жена е пронајдено вчера во водите на реката во селото Лева Река, во Ресен, соопшти МВР. Телото е пронајдено вчера околу 7, 30 часот. Станува збор за Б. Ј. (1954) од селото Лева Река, која на 14 март била пријавена за исчезната. Смртта ја констатирал доктор од ИМП од ЈЗУ-Ресен. Увид на лице …

Исчезната жена пронајдена удавена во Ресенско Read More »

Награда од 25 илјади долари за пронаоѓање на актерката Шабани од Скопје


Американските власти нудат награда од 25 илјади долари за корисна информација која ќе помогне во пронаоѓањето на студентката по актерство од Скопје, Адеа Шабани. Според полицискиот оддел во Лос Анџелес дваесет и пет годишната Адеа исчезнала на 23 февруари, во 11 часот, под сомнителни околности. – Последен пат е видена во близна на блок 1700 …

Награда од 25 илјади долари за пронаоѓање на актерката Шабани од Скопје Read More »