ДИК: До 9 часот излезноста 2,45% проценти


Според податоците на Државната изборна комисија, до 9 часот своето гласачко право на референдумот го искористиле 2,45% од гласачите. Податокот е добиен по обработка на 71% на добиени податоци. ДИК објави дека до нив досега пристигнале три преговори за повреда на избирачко право, но сите биле одбиени. Следната прес-конференција на ДИК е закажана за 11.30 часот.