Арбен Таравари ја губи битката во Алијансата за Албанците?


  За осум дена ќе се знае судбината на претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, по големиот раскол во партијата што тој го предизвика преку статус на Фејсбук, најавувајќи дека партијата ќе му се приклучи на албанскиот опозициски блок на следните избори. Денешната седница на Централното собрание на АА покажа дека крилото на неговиот …

Арбен Таравари ја губи битката во Алијансата за Албанците? Read More »

Села: Бугарија да го крене ветото за Македонија


Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села денеска од прес-конференција во Собранието ја повика Бугарија да го крене ветото за Северна Македонија. Според Села, земјава и Албанија треба поскоро да ги отворат преговорите и да станат членки на ЕУ што ќе го направи Западен Балкан посигурно место за живеење. Како што рече лидерот на АА, …

Села: Бугарија да го крене ветото за Македонија Read More »

Села: СЈО треба да продолжи со работа, иако досега ја нема исполнето целта за која е формирано


Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците, смета дека СЈО треба да продолжи со работа како што е формирано и за целите за кои е формирано, па затоа предлага да се интервенира во Законот за СЈО за да престанат да важат роковите за покренување истраги до 2017 година, ниту останатите рокови, туку да функционира како …

Села: СЈО треба да продолжи со работа, иако досега ја нема исполнето целта за која е формирано Read More »

Села не се враќа во коалиција со Заев, Тачи и Ахмети


Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „360 Степени“ на Алсат оцени дека се минимални шансите во парламентот да се постигне договор за уставни измени. Во случај на вонредни избори, Села отфрла и можност за заедничка листа со СДСМ и со другите партии што го поддржаа референдумот. -Не можете да барате од …

Села не се враќа во коалиција со Заев, Тачи и Ахмети Read More »

Партијата на Села ќе го поддржи референдумот


Првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по двочасовниот разговори на централното собрание на партијата, рече дека донеле одлука да го поддржат референдумот, закажан за 30 септември. „Доколку им одговара оваа наша агенда да говориме за досегашното сработено на Владата и албанските партнери, тогаш можеме да седнеме на заедничка маса за спроведување на кампањата. …

Партијата на Села ќе го поддржи референдумот Read More »

ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија, другите не сакаат да слушнат


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека неговата партија ќе побара амнестија за обвинетите за ланските случувања во Собранието, но според реакциите вчера тешко дека ќе добие поддршка од политичките противници. Напротив, тие прилично недвосмислено порачуваат оти не може да има амнестирање за насилствата што лесно можеа да резултираати со човечки жртви. За донесување Закон …

ВМРО-ДПМНЕ бара амнестија, другите не сакаат да слушнат Read More »

Над 10 години затвор за напаѓачите на Села


Седуммината обвинети за нападот врз пратеникот Зијадин Села што се случи на 27 април минатата година во Собранието, добија над десет години затвор. Највисока затворска казна од 13 години шест месеци доби обвинетиот Никола Војминовски. По 13 години добија обвинетите Кире Георгиевски и Александар Јаневски Тошта. Андреј Мицов, Коста Делов, Оливер Ошавковски и Николче Димитриевски се …

Над 10 години затвор за напаѓачите на Села Read More »

Први затворски казни за нападот врз пратениците во Собранието


Судот ги изрече првите затворски казни за нападот во Собранието што се случи на 27 април минатата година во Собрание. Стојан Павлески е осуден на три години затворска каза, а Цејо Ѓоргиевски е осуден на една година и два месеца затвор за кривичното дело насилство, односно за насилничкото однесување кон пратениците во Собранието. Претседателката на …

Први затворски казни за нападот врз пратениците во Собранието Read More »

На 13 јуни пресуда за двајцата обвинети за нападот врз Села


Судот на 13 јуни ќе ја објави пресудата за двајцата обвинети за насилство во одвоената постапка за нападот врз Села во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година. На денешното рочиште, двајцата обвинети Цејо Георгиевски и Стојан Павлевски ја признаа вината за делото. Постапката за седуммина обвинети за нападот врз Села во Собранието …

На 13 јуни пресуда за двајцата обвинети за нападот врз Села Read More »

Двајца од обвинетите за нападот на Села признаа вина


Двајца од обвинетите за нападот врз пратеникот Зијадин Села, Цејо Ѓорѓиевски и Стојан Павлески признаа вина по измените на обвинението со кое се товарат за насилство. Судот ја раздвои постапката за овие обвинети и најверојатно за нив денеска ќе биде донесена пресуда. Со измените на обвинението Сашо Сенков беше ослободен од обвинение, Цејо Ѓорѓиевски и …

Двајца од обвинетите за нападот на Села признаа вина Read More »

Завршни зборови за нападот врз Села


Обвинителството за организиран криминал и корупција и одбраната на обвинетите денеска треба да ги дадат своите завршни зборови за случајот со нападот врз пратеникот Зијадин Села кој што се случи на 27 април минатата година. На минатото рочиште обвинителот во овој случај, Дарко Јакимовски им го предаде изменетото обвинение на судот и на одбраната, која …

Завршни зборови за нападот врз Села Read More »

Изменето, но не и проширено обвинението за нападот врз Села


Обвинителството за организиран криминал и корупција го измени, но не го прошири обвинението за нападот врз пратеникот Зијадин Села што се случи лани на 27 април на крвавиот четврток во Собранието. Со измените, Сашо Сенков е ослободен, за двајца кривичното дело е преквалификувано во полесно дело – насилство, а за останатите седуммина обвинети останува истото …

Изменето, но не и проширено обвинението за нападот врз Села Read More »

На обвинетиот Тошта му се слоши и падна во судница


На еден од обвинетите за нападот врз пратеникот Зијадин Села, Александар Јаневски – Тошта му се слоши во судница и падна, откако обвинителот соопшти дека за него нема измени во обвинетието и останува обвинет за обид за убиство врз Села. Тошта изреволтиран рече дека и покрај многу снимки што биле прегледани за овој случај, него …

На обвинетиот Тошта му се слоши и падна во судница Read More »

Можно е да се измени обвинението за нападот врз Села


Новата видео снимка за нападот врз пратеникот Зијади Села што беше прикажана минатата недела во судот ја отвори можноста јавниот обвинител во овој случај во завршните зборови на постапката, што се закажани за денеска, да го измени обвинението. На минатото рочиште обвинителот Дарко Јакимовски од судот побара повеќе време за да ги  подготви завршните зборови …

Можно е да се измени обвинението за нападот врз Села Read More »

ОЈО обезбедило нова снимка од нападот врз пратеникот Села во Собранието на 27 април


Една нова дополнително предложена снимка од Основното јавно бвинителство и две веќе емитувани снимки во Кривичниот суд денеска повторно се гледаа на барање на одбраната на рочиштето за нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собранието на Република Македонија на 27 април. За случувањата на 27 април обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша …

ОЈО обезбедило нова снимка од нападот врз пратеникот Села во Собранието на 27 април Read More »

Села: Со „Република Илинденска Македонија” се славизира државното име


Алијансата за Албанците го смета за тенденција да се славизира името на државата и тежок удар врз секуларизмот, последниот предлог „Република Илинденска Македонија” за решение на спорот за името со Грција. На вчерашната седница на Централното претседателство на Алијансата за Албанците било констатирано дека интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО е бескомпромисна стратегиска и …

Села: Со „Република Илинденска Македонија” се славизира државното име Read More »

Села го обвинува Заев за притисок врз опозицијата


Лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села го обвинува  премиерот Зоран Заев за притисок врз опозицијата за проширување на владејачката колаиција. Според поранешниот коалициски партнер на СДСМ,  тоа  е валкана политичка игра на Заев насочена кон опозицијата во албанскиот политички блок. „Во демократија опозицијата е орган на суверенитетот на граѓаните, многу витален, колку и самата …

Села го обвинува Заев за притисок врз опозицијата Read More »

Продолжува судењето за нападот врз Села


Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште од судењето на обвинетите за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. На минатото рочиште во судница беа прикажани видео снимки од безбедносните камери во Собранието на Република Македонија и камерите од присутните …

Продолжува судењето за нападот врз Села Read More »

Во јавност првпат пуштени снимки од обидот за убиство на Села


Снимки од упадот во Собранието што се случи пред точно една година, се презентираа денеска во Кривичниот суд, на судењето за обидот за убиство на Села. Овие снимки се пуштаат првпат во јавноста, објави Сакамдакажам. За обидот за убиство на Села кој едвај остана жив, обвинети се 10 лица. Деветмина од нив се во притвор …

Во јавност првпат пуштени снимки од обидот за убиство на Села Read More »

Прекинато рочиштето за Зијадин Села: Обвинет се онесвести во судница


Никола Војминовски , обвинет за обид за убиство врз пратеникот Зијадин Села, се онесвести за време на судското рочиште. Денешното рочитште беше прекинато поради овој настан, а во исто време беше повикана Брза помош. Војминовски е обвинет во случај позврзан со настаните од 27 април, односно за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села. Откако тој …

Прекинато рочиштето за Зијадин Села: Обвинет се онесвести во судница Read More »