Петличковски и Стевановиќ сведочеа во случајот „Жан Митрев“, судењето продолжува на 1 април


 Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против Жан Митрев каде сведочеа претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски и поранешната директорка на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ. Петличковски посочи дека Комисијата за заразни болести во ниту еден момент не дала препорака за примена на хемофилтрацијата како рутински метод за лекување на …

Петличковски и Стевановиќ сведочеа во случајот „Жан Митрев“, судењето продолжува на 1 април Read More »

Судењето против Жан Митрев започна од почеток


Поради истек на 90 дена од последното одржано рочиште судењето против Жан Митрев денеска започна одново. По формалното отпочнување и воведните зборови Судот донесе решение процесот да продолжи на 15 ноември со испитување на сведоци на предлог на обвинителството. Предметот е оформен по допрен глас, откако минатата година се објави документарец во кој се тврди …

Судењето против Жан Митрев започна од почеток Read More »

За Левица продажбата на „Жан Митрев клиниката“ е сомнителна, зад неа стоел албански олигарх


Политичката партија Левица денеска преку соопштение до медиумите тврди дека зад најавената продажба на клиниката Жан Митрев на холандски фонд, всушност се затскрива албански олигарх. „Податоците од холандскиот Трговски регистар покажуваат дека зад оваа сомнителна зделка стои Клодијан Алајбеу, албански олигарх со низа коруптивни скандали во Албанија, Косово, но и во африканскиот континент“, тврди Левица. Со …

За Левица продажбата на „Жан Митрев клиниката“ е сомнителна, зад неа стоел албански олигарх Read More »

Со сведочење на оштетени во Кривичен продолжи судењето против „Жан Митрев“


 Со изведување на доказите од обвинителството, односно сведочење на оштетените, во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против Жан Митрев. Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како физичко лице и Обвинителен предлог против неговата болница, како правно лице, за продолжено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот …

Со сведочење на оштетени во Кривичен продолжи судењето против „Жан Митрев“ Read More »

Судот не дозволи одложување на судењето за Жан Митрев по документарецот на ИРЛ


 Со воведен збор на обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето против Жан Митрев, обвинет за „измама“. Одбраната на Жан Митрев и на денешното рочиште побара одложување на судењето поради тоа што, според нив, од листата на докази на Јавниот обвинител недостасуваат 48 медицински досиеја за пациенти. Јавната обвинителка, Искра Хаџи Василева, во …

Судот не дозволи одложување на судењето за Жан Митрев по документарецот на ИРЛ Read More »

Ослободителна пресуда за Жан Митрев по обвинението од МАЛМЕД


Основниот кривичен суд ги ослободи Клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев од обвинението дека во МАЛМЕД не пријавиле отпочнување со клиничко испитување на медицински средства за хемофилтрација. Обвиненијата на МАЛМЕД во однос на наводите за прекршоци во работата на Клиниката „Жан Митрев“ се покажаа како неосновани. Во пресудата се потенцира дека нема докази …

Ослободителна пресуда за Жан Митрев по обвинението од МАЛМЕД Read More »

Апелација ја одби жалбата на Жан Митрев


Апелациониот суд Скопје донесе решение со кое ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Жан Митрев и обвинетото правно лице ПЗУ Клиничка болница Жан Митрев од Скопје, и го потврди предлогот за определување на привремени мерки за обезбедување на имотно-правно побарување на Основното јавно обвинителство Скопје спрема обвинетиот и обвинетото правно лице. – Советот на …

Апелација ја одби жалбата на Жан Митрев Read More »

Одложено судењето за Жан Митрев – оштетените и пред судот ја бараат правдата


Судењето на кардиохирургот Жан Митрев и неговата приватна болница повторно се одложи за 12 мај. На денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје беше присутен Жан Митрев со неговите бранители, додека пред судската зграда беа собрани десетина оштетени граѓани, кои држеа транспаренти „Профитер на грбот на болните” и „Бараме правда”. Причина за повторното одложување на …

Одложено судењето за Жан Митрев – оштетените и пред судот ја бараат правдата Read More »

Одложено рочиштето – д-р Митрев: Верувам во институциите на државата и ќе ја докажам вистината


Поради потребата од докомплетирање на правниот тим на одбраната се одложи денешното рочиште. Д-р Жан Митрев беше присутен во судот при што изјави: – Сѐ што очекуваме е фер судење, а заедно со адвокатскиот тим ќе ја докажеме вистината – рече Митрев. Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе обвинителен акт против доктор Жан Митрев, како …

Одложено рочиштето – д-р Митрев: Верувам во институциите на државата и ќе ја докажам вистината Read More »

Жан Митрев бара странските амбасади активно да го следат процесот на ОЈО против него


 Жан Митрев и Клиничката болница „Жан Митрев“ испратиле писмо до амбасадите на САД, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и до Делегацијата на ЕУ во земјава со кое ги информираат за текот на истрагата на Основното јавно обвинителство во случајот против нив, повикувајќи ги внимателно да ја следата целата истражна постапка. – Ви се обраќам со …

Жан Митрев бара странските амбасади активно да го следат процесот на ОЈО против него Read More »

ОЈО утре ќе информира за случајот за Жан Митрев


 Основното јавно обвинителство утре на средба со новинарите ќе информира за текот на постапувањето по предметот за сопственикот на клиниката „Жан Митрев“, доктор Жан Митрев, во врска со сомневањата за измама на пациенти, што беше отворен по документарецот што го објави ИРЛ, според кој, во клиниката бил злоупотребен метод за лекување хемофилтрација во текот на …

ОЈО утре ќе информира за случајот за Жан Митрев Read More »

Истражната постапка за сторена измама во болницата „Жан Митрев“ се очекува да заврши во следните два – три месеци


 Истражната постапка за сторена измама во болницата Жан Митрев во ОЈО Скопје е во тек и се прибираат материјални докази – сослушување на оштетени и измамени лица и се очекува да заврши во следните два – три месеци. Како што информираат на денешниот брифинг во ОЈО Скопје, досега се сослушани околу 80 проценти од лицата …

Истражната постапка за сторена измама во болницата „Жан Митрев“ се очекува да заврши во следните два – три месеци Read More »

Жан Митрев дал милион евра за да не оди во притвор


Со гаранција од милион евра Жан Митрев ќе се брани од слобода откако се појави како осомничен во истрагата која неодамна ја отвори скопското обвинителство за процедурите на лечење во неговата болница. Претходно на докторот му беше одземен и пасошот, по барање на обвинителството, а поради опасност од бегство. Пред два месеци од обвинителството информираа …

Жан Митрев дал милион евра за да не оди во притвор Read More »

ОЈО бара одземање на пасошот на д-р Жан Митрев


 По утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, како што соопшти Јавното обвинителство, во …

ОЈО бара одземање на пасошот на д-р Жан Митрев Read More »

Клиника „Жан Митрев“: Целосно соработуваме со институциите


Од Клиниката „Жан Митрев“ денеска соопштија дека целосно соработуваат со институциите и дека д-р Жан Митрев по уредна покана на ОЈО денеска бил таму и дал своја изјава. „Клиника Жан Митрев и сега и понатаму целосно соработува со институциите за кои и да било случај. Ние како Клиника досега, а и понатаму работиме целосно транспарентно …

Клиника „Жан Митрев“: Целосно соработуваме со институциите Read More »

ДКСК: Препорака да се подобри Законот за здравствена заштита што ќе овозможи сите установи да имаат лиценца за работа


Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница одлучи да даде препорака до Министерството за здравство за подобрување на текстот на Законот за здравствена заштита со што ќе се овозможи здравствените установи да имаат лиценца за работа, но и до Фондот за здравствено осигурување да се зајакнат редовните контроли. Ова доаѓа по предметот …

ДКСК: Препорака да се подобри Законот за здравствена заштита што ќе овозможи сите установи да имаат лиценца за работа Read More »

Сали: Од „Жан Митрев“ добивме 560 досиеја за пациенти кои биле третирани со хемофилтрација, потребно е време за анализа


Ние добивме материјали од „Жан Митрев“, беа кооперативни и ни ги доставија сите побарани материјали. Се работи за 560 ковид-пациенти кои биле третирани со хемофилтрација. Ќе ни треба време за анализа на тие 560 досиеја коишто се обемни. Да бидеме реални 560 предмети ќе ни одземат доволно време за ние на јавноста на крај да …

Сали: Од „Жан Митрев“ добивме 560 досиеја за пациенти кои биле третирани со хемофилтрација, потребно е време за анализа Read More »

Бухова: Немам контакти со Жан Митрев, во болницата се направени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори


  Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Иринка Сотирова Бухова тврди дека нема, ниту претходно, во изминатите 22 месеца, имала контакти со Жан Митрев. -И ДСЗИ и лично мене не интересира кој е тој што од институцијата контактирал со Жан Митрев. Најодговорно тврдам дека не во последните 22 месеца додека траела студијата, туку …

Бухова: Немам контакти со Жан Митрев, во болницата се направени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори Read More »

Министерот Сали тврди ќе се тера до крај случајот со болницата „Жан Митрев“


  Случајот „Брезев“ ќе се тера до крај и ќе добие разрешница. Никој не е над законот, ниту има недопирливи, рече денеска министерот за здравство Беким Сали. Сали на прес-конференција информира дека моментно е во тек состанок на стручен тим од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) со претставници од клиничката болница „Жан Митрев“ за …

Министерот Сали тврди ќе се тера до крај случајот со болницата „Жан Митрев“ Read More »

Министерот Сали ќе објави детали за случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“


  Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе одржи прес-конференција на која се очекува да објави повеќе детали за случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“ по објавената сторија на „Истражувачка репортерска лабораторија“, емитувана на програмата на Националната радио телевизија. Министерот Сали во понеделникот на прес-конференција информираше дека е пратен допис до Државниот здравствен и санитарен …

Министерот Сали ќе објави детали за случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“ Read More »