Вработените во „Еурокомпозит“ бараат одговор што е со заинтересираниот инвеститор


Работниците од прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ бараат одговори од Владата што се случува со последниот, според нив, сериозно заинтересиран инвеститор кој барем двапати ја посетил фабриката и покажал заинтересираност да ја рестартира. Како што вели Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на „Еурокомпозит“ станува збор за американска компанија од воената индустрија. Се бараат одговори од Владата …

Вработените во „Еурокомпозит“ бараат одговор што е со заинтересираниот инвеститор Read More »

Уплатени 1, 7 милиони евра за заостанатите придонеси на работниците од „Еурокомпозит“


На работниците од прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ денеска се уплатени милион и 700 000 евра на име заостанати неисплатени придонеси. Ова доаѓа по две години откако во Парламентот во 2019 година беше донесен законот со кој државата ги подмирува заостанатите неплатени придонеси. Информацијата ја потврдува директорот на прилепската фабрика „Еурокомпозит“ Милан Тоцев. – Денеска се …

Уплатени 1, 7 милиони евра за заостанатите придонеси на работниците од „Еурокомпозит“ Read More »

Се подигнуваат решенијата за технолошки вишок во „Еурокомпозит“


Во прилепски „Еурокомпозит“ работниците денеска почнаа да ги подигнуваат решенијата за технолошки вишок и да се пријавуваат во Бирото за вработување. Станува збор за 130 вработени кои ги исполнуваат условите за прогласување технолошки вишок. Како што објаснува претседателот на синдикатот, Роберт Богданоски, договорено е на 30-ти овој месец да почне да им се исплаќаат отпремнините …

Се подигнуваат решенијата за технолошки вишок во „Еурокомпозит“ Read More »

Постигнат договор за Еурокомпозит, шаторите се тргаат од пред Владата


Постигнат е договор меѓу вработените од Еурокомпозит и Владата. Ќе им бидат исплатени две плати до петок и ќе се бара решение исто како што се решаваше „Фени Индустри“. Договорот е постигнат на денешната средба меѓу вработените и претставници на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. – Владата …

Постигнат договор за Еурокомпозит, шаторите се тргаат од пред Владата Read More »

Назначен нов директор на прилепски „Еурокомпозит“


Дипломираниот машински инженер од Прилеп Златко Граороски е нов директор на прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“. Граороски, кој доаѓа од приватна фирма, вели дека денеска официјално е назначен од претставникот на државниот капитал на компанијата. – Се уште ништо не може да се рече. Треба да се скенира ситуацијата во фирмата, рече кратко Граороски. Според синдикатот …

Назначен нов директор на прилепски „Еурокомпозит“ Read More »

Вработените во „Еурокомпозит“ ќе добијат плата и здравствено осигурување


Владата на денешната  67. седница донесе одлука за исплата на паричен надоместок и обезбедување здравствено осигурување за последните месеци на вработените во компанијата „Еурокомпозит“ од Прилеп, соопшти владината прес-служба. Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ минатата недела два часа протестираа на патниот правец Прилеп-Градско на излезот од градот пред Плетвар, барајќи да им се исплати една плата, …

Вработените во „Еурокомпозит“ ќе добијат плата и здравствено осигурување Read More »

Вработените на „Еурокомпозит“ не постигнаа договор со Владата


Вработените во „Еурокомпозит“ кои протестираат пред Владата во Скопје, не постигнале договор со премиерот Зоран Заев на попладневната средба. Според Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на „Еурокомпозит“ точка на сопнување бил рокот за исплата на платата за вработените. – Остваривме средба со премиерот Заев. Се согласуваме на предлогот во рок од три месеци да тече …

Вработените на „Еурокомпозит“ не постигнаа договор со Владата Read More »

На вработените во „Еурокомпозит“ им е исплатен надомест од по 22.000 денари


 Министерството за внатрешни работи изврши авансна исплата, а Министерството за финансии преку трезорската сметка ги префрли парите на „11 Октомври-Еурокомпозит“ а.д. Прилеп, со што е исплатен  надомест од 22.000 денари за секој вработен. Како што информира владината прес-служба, одлуката на Владата донесена на 57-та седница за надминување на состојбите и наследените проблеми во „Еурокомпозит“ се реализира. …

На вработените во „Еурокомпозит“ им е исплатен надомест од по 22.000 денари Read More »

Анѓушев: Наскоро решение за Еурокомпозит


Владата во наредните пет до шест месеци квалитетно ќе го реши проблемот на вработентите во прилепскиот загубар Еурокомпозит, а во меѓувреме тие ќе ги земаат платите во месеците во кои ќе работат, порача денеска вицепремеирот за економски прашања Кочо Анѓушев. – Проблемот со Еурокомпозит се провлекува последните 15 години и не се создаде сега. Вработените …

Анѓушев: Наскоро решение за Еурокомпозит Read More »

Вработените во „Еурокомпозит“ бараат да им се исплатат две плати


Вработените во прилепската наменска фабрика и загубар „Еурокомпозит“ денеска ги продолжија протестите низ улиците на Прилеп со барање да им се исплатат две плати за да почнат да работат, воедно, и да го прифатат предложеното од вицепремиерот Кочо Анѓушев дека ќе чекаат шест месеци конечно да се реши ситуацијата во компанијата и да се најде …

Вработените во „Еурокомпозит“ бараат да им се исплатат две плати Read More »

Вработените во „Еурокомпозит“ ќе одлучуваат за предлогот од Владата


Во текот на денот ќе одлучиме дали ќе ја прифатиме понудата на Владата да се чека шест месеци за конечно да се реши сосојбата во „Еурокомпозит“, а во меѓувреме преку другата фирма ДООЕЛ Композитна опрема да добиваме бруто плата, рече претседателот на синдикатот на прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“, Роберт Богданоски на денешната прес-конференција. Тој информира …

Вработените во „Еурокомпозит“ ќе одлучуваат за предлогот од Владата Read More »

Вработените од „Еурокомпозит“ еден час го блокираа патот Прилеп-Градско


Вработените во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ денеска од 11 до 12 часот го блокираа магистралниот пат Прилеп-Градско на излезот од градот пред превојот Плетвар. Според претседателот на синдикатот Роберт Богданоски, не се откажуваат од своите барања за исплата на бруто плата и на заостанатите плати и придонеси и бараат средба со претставници на Владата за …

Вработените од „Еурокомпозит“ еден час го блокираа патот Прилеп-Градско Read More »