Заев и министрите утре ќе одбележат една година Влада


Утре во 10 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придржуван од министрите во Владата, ќе одржи прес-конференција. Од Владата брифираат дека прес конференцијата ќе биде за една година Влада. Конференцијата за медиумите ќе се одржи во дворот на Владата на Република Македонија, кај споменикот на ослободителите на градот Скопје.