Шестмина загинати при пожар на брод во пристаништето Дурбан


Најмалку шест лица загинаа откако рибарски брод вчера беше зафатен од пожар во јужноафриканското пристаниште Дурбан. Спасувачките екипи пронашле шест безживотни тела и тројца повредени, кои се хоспитализирани. Причината за пожарот се уште не е позната.