ЦГК: Во општините има застарени ГУП-ови, често се менуваат и има многу дивоградби


Доминантен дел од општините имаат генерални урбанистички планови (ГУП) чија формална важност е истечена. За разлика од застарените ГУП-ови, во општините што беа предмет на ова истражување, за пет години се донесени многу ДУП-ови и направени се многу нивни измени, покажуваат резултатите од истражувањето „Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби“ што денеска …

ЦГК: Во општините има застарени ГУП-ови, често се менуваат и има многу дивоградби Read More »

Јакимовски бара и Советот на Карпош да го оспори ДУП-от во Ѓорче Петров пред Уставниот суд


Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски побара од претседателот на Советот, Бранко Ристов да свика итна седница на Советот за да се донесе одлука за поведување на постапка пред Уставниот суд за укинување на новиот урбанистички план во Ѓорче Петров. Јакимовски на денешната прес конференција рече дека ДУП-от е донесен на криминален начин, а најлошо …

Јакимовски бара и Советот на Карпош да го оспори ДУП-от во Ѓорче Петров пред Уставниот суд Read More »

Битка за скопската населба Лисиче. Кој ќе победи – Општина Аеродром или граѓаните


  Вистинска политичка и граѓанска битка се води во скопската општина Аеродром за Деталниот урбанистички план за населбата Лисиче. Жителите протестираат, Општината црта и прецртува, партиите гледаат како да го извлечат максимумот од оваа борба, компаниите што сакаат да градат го чекаат исходот во кој со секој план се намалува бројот на зградите и станбените …

Битка за скопската населба Лисиче. Кој ќе победи – Општина Аеродром или граѓаните Read More »

Два нови парка и намалување на бројот на станбени површини за 90 проценти


Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче кој ја крена јавноста на нозе, сега добива трета верзија која предвидува многу зеленило и намалување на бројот на станбени површини за 90 осто. Општина Аеродром ја подготви третата верзија на планот, целосно усогласена и направена согласно барањата на граѓаните и за истата во текот на следната …

Два нови парка и намалување на бројот на станбени површини за 90 проценти Read More »

Се „крчка“ нов, трет план за ДУП за Лисиче


Околу 230 анкетни листови доставија жителите на Лисиче до Општина Аеродром на вториот повик, по жестокиот отпор од тамошното население и протестите поради првичниот план за изградба на 11 висококатници по должина на булеварот „Србија“ и улицата „12. Македонска бригада“.  Сега, како некое компромисно решение, се готви нов, трет план за новиот ДУП за Лисиче, …

Се „крчка“ нов, трет план за ДУП за Лисиче Read More »

(ФОТО, ВИДЕО) Нов план за Лисиче: Наместо девет, се нудат три згради – две се повисоки од планираните


Во напната, зовриена атмосфера помина вчерашната јавна презентација на новиот ДУП за Лисиче, Урбан блок ЈИ 09.01. Презентацијата се одржа во средата, во ООУ „Димитар Македонски“, а училницата беше претесна да ги собере стотината жители на населбата Лисиче кои дојдоа да ги видат направените промени и новите решенија кои им ги објаснија планерите од „Тајфа-план“ …

(ФОТО, ВИДЕО) Нов план за Лисиче: Наместо девет, се нудат три згради – две се повисоки од планираните Read More »

Падна спорниот ДУП за Козле во Скопје


  Советниците на Општина Карпош не го изгласа спорниот ДУП за Козле. Против гласаа сите присутни 17 советници, од советничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Левица и независните советнички, додека советниците од ГРОМ уште пред гласањето ја напуштија седницата. Со ова се поддржани барањата на жителите кои денеска револтирани дојдоа на седницата и беа против овој …

Падна спорниот ДУП за Козле во Скопје Read More »

Граѓани од Крњево со колички со бебиња на седница на Општина Центар


  Дел од жителите на центарската населба Крњево, денеска беа присутни на седница на Советот, каде треба да се гласа за предлог-одлуката за донесување на Детален урбанистички план Градска четврт ЦС 07-Крњево 2. Со 17 гласови „за“ и двајца воздржани, тој беше изгласан од советниците. Некои од нив беа дојдени со бебиња во количка, а …

Граѓани од Крњево со колички со бебиња на седница на Општина Центар Read More »

Коригираниот ДУП за Лисиче, од понеделник, на јавна анкета


Лисичани од наредниот понеделник ќе го имаат на увид коригираниот ДУП за населбата Лисиче, во кој треба да се опфатени и забелешките кои граѓаните ги доставиле преку анкетните листови во периодот кога предложениот ДУП беше ставен на јавна анкета. Транспарентното работење и водењето грижа за интересот на граѓаните остануваат наши приоритети при носењето одлуки кои …

Коригираниот ДУП за Лисиче, од понеделник, на јавна анкета Read More »

Архитекти од Италија заинтересирани за изработка на ДУП за Расадник


Триесет и пет студенти од Италија заедно со свои професори од Факултетот за архитектура „Политехнико” од Торино, придружувани од заменик-амбасадорот на Италија во земјава Марио Де Роса, ја посетија Општина Кисела Вода. Заинтересирани за Меѓународниот конкурс за идејно решение за Расадник, дојдоа лично да ја разгледаат оваа градска четврт и да се информираат за некои …

Архитекти од Италија заинтересирани за изработка на ДУП за Расадник Read More »

На парцелите „Маркеза“, „Ексико“, „Кара“ и „Манд-Интернационал“ на Водно не смее да се гради


  Откако Уставниoт суд на денешната седница одлучи да донесе времена мерка со која се запираат сите активности на Општина Центар кои се однесуваат на издавање на одобрение за градење врз основа на ДУП Градска четврт Ј07 донесен од советот на Општина Центар во 2014 година, треба да сопре изградбата на парцелите познати во јавноста …

На парцелите „Маркеза“, „Ексико“, „Кара“ и „Манд-Интернационал“ на Водно не смее да се гради Read More »

Во дел од Центар не смее да се гради, Уставниот суд ќе го разгледува донесувањето на ДУП-от


  Уставниoт суд на денешната седница одлучил да донесе времена мерка со која се запираат сите активности на Општина Центар кои се однесуваат на издавање на одобрение за градење врз основа на ДУП Градска четврт Ј07 донесен од советот на Општина Центар во 2014 година. Оваа времена мерка ќе важи сè до донесување на конечна …

Во дел од Центар не смее да се гради, Уставниот суд ќе го разгледува донесувањето на ДУП-от Read More »

Уставниот суд поведе постапка за Одлука со која е донесен ДУП од Советот на општина Центар во 2014


  Уставниот суд на денешната седница одлучи да поведе постапка за Одлуката за донесување на ДУП од Советот на општина Центар од 18 јули 2014-та година, соопштија од судот. Основната причина поради којашто Судот се одлучи за поведување на постапка е дека оспорената Одлука не била донесена со потребно мнозинство, согласно Законот за локална самоуправа. …

Уставниот суд поведе постапка за Одлука со која е донесен ДУП од Советот на општина Центар во 2014 Read More »

Одлуката за донесување на ДУП од Советот на општина Центар за Градска четврт Ј 07 утре на седница на Уставниот суд


Една од точките на дневен ред на утрешната седница на Уставниот суд ќе биде предметот во кој е оспорена Одлука за донесување на ДУП од Советот на општина Центар од 2014-та година, донесена со 11 гласа, а се однесува Градска четврт Ј 07. Овој предмет, потсетуваат од Сuдот, веќе беше ставен на дневен ред на …

Одлуката за донесување на ДУП од Советот на општина Центар за Градска четврт Ј 07 утре на седница на Уставниот суд Read More »

Конкурсот за ДУП-от во Расадник објавен во престижни портали за архитектура


Голем интерес кај стручната јавност предизвикува Меѓународниот конкурс за идејно решение за ДУП за Расадник, кој го распиша Општина Кисела Вода пред повеќе од два месеци. Со цел да се обезбеди што подобро архитектонско-урбанистичко решение за потребите на жителите на овој дел од Скопје и целосна транспарентност на процесот, конкурсот е објавен на повеќе меѓународни …

Конкурсот за ДУП-от во Расадник објавен во престижни портали за архитектура Read More »

Почнуваат јавни анкети за ДУП-овите Градска четврт ЦС 14 и Градска четврт ЦС 01 на Кале


Општина Центар ги информира жителите дека од денес (среда; 20.7.2022), започнува јавната анкета за два Детални урбанистчки планови – Градска четврт ЦС 14 – Кале и СРЦ Кале и Градска четврт ЦС 01-Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2. Границата на планскиот опфат на Деталниот урбанистички план Градска четврт ЦС 14 – Кале и СРЦ …

Почнуваат јавни анкети за ДУП-овите Градска четврт ЦС 14 и Градска четврт ЦС 01 на Кале Read More »

Зеленилото во Влае да остане


Од иницијативата „Борба за Влае“ сметаат дека на јавната презентација за ДУП за Градската четврт СЗ19 (Влае2) дел од постоечкото зеленило ќе го снема, а на негово место ќе никнат објекти. „По одржаната јавна презентација на ДУП за Градска четврт СЗ19 (Влае 2) минатиот понеделник, сѐ повеќе жители на населбата реагираа на спорниот план и …

Зеленилото во Влае да остане Read More »

Граѓани бараат укинување на ДУП-от за Градска четврт СЗ 19 во Влае


Укинување на Предлогот Детален урбанистички план за Градска четврт СЗ 19 и негово враќање на ревизија бараат жителите на Влае кои предупредуваат дека доколку овој план се усвои од страна на Општина Карпош ќе значи бришење на единствените спортски и зелени површини во овој дел од градот што ќе резултира со сериозно деградирање на квалитетот …

Граѓани бараат укинување на ДУП-от за Градска четврт СЗ 19 во Влае Read More »

На вонредна седница усвоен ДУП за просторот кај СЦ „Борис Трајковски“


Советот на Општина Карпош утрово на вонредна седница го усвои Деталниот урбанистички план Градска четврт 3 04, блок З 04.05, односно за просторот кај СЦ „Борис Трајковски“, ден пред судското рочиште на кое требаше да се соопшти пресудата, со која Општина Карпош ќе требаше да плати милионски сума евра на тужителот „Пуцко Петрол“. За донесување …

На вонредна седница усвоен ДУП за просторот кај СЦ „Борис Трајковски“ Read More »

Герасимовски бара вонреден инспекциски надзор на ДУП-от Старо Водно


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, испрати барање до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам за вршење на вонреден инспекциски надзор на блоковите 10, 28 и 43 од Деталниот урбанистички план Градска четврт Ј 07 Локалитети: Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара. На последната 4-та седница, Советот на …

Герасимовски бара вонреден инспекциски надзор на ДУП-от Старо Водно Read More »