Украина соборила 12 од 15 дронови лансирани од Русија


Украинската противвоздушна одбрана синоќа собори 12 од 15 дронови Шахед, лансирани од Русија. Дроновите се соборени над Дњепропетровск, Доњецк и Полтавска област. Руско беспилотно летало синоќа погоди фабрика во околината на градот Кривји Рих, соопшти шефот на воената управа на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак. Нападот предизвикал пожар, но сè уште нема информации за евентуални жртви.

Русија: Спречен напад со дрон во близина на Москва


Руската воздушна одбрана денеска соопшти дека соборила украинско беспилотно летало во близина на Москва. Според руското Министерство за одбрана нападот бил одбиен во областа Истар северозападно од главниот град на Русија. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин на Телеграм објави дека прелиминарните извештаи покажуваат дека нема жртви или штети, но дека итни служби се на терен.

Киев: Европски компоненти се вградени во иранските дронови што ги користи Русија


Различни компоненти на европски производители се инсталирани во ирански беспилотни летала што Русија ги користи во нападите врз Украина, се наведува во таен документ што Киев го испратил до своите западни сојузници со барање за испорака на ракети со долг дострел за напади на производствени локации во Русија, Иран и Сирија.  Во документот од 47 …

Киев: Европски компоненти се вградени во иранските дронови што ги користи Русија Read More »

Дрон со експлозив слета во бугарско одморалиште


Министерството за одбрана на Бугарија денеска соопшти дека испратило специјална единица за проверка и деактивирање на беспилотно летало со експлозив што слета во црноморскиот град Тјуленово во неделата навечер. „Синоќа околу 21 часот и 30 минути на 112, нешто по 22 часот е добиена пријава, просторот е опколен од полиција со забрана за пристап на …

Дрон со експлозив слета во бугарско одморалиште Read More »

Што е „Бивер“, украинскиот камиказа дрон што и се заканува на Москва


  Украина би можела да користи ново „самоубиствено“ беспилотно летало за гаѓање на Москва, сметаат експертите, додека ехото на војната со беспилотни летала во Украина почнува да одекнува во руската престолнина. „Њусвик“ цитираше разузнавачки извештаи со отворен код кои сугерираат дека украинските беспилотни летала „Бивер“ можеби стојат зад неодамнешните напади врз Москва, за кои Кремљ …

Што е „Бивер“, украинскиот камиказа дрон што и се заканува на Москва Read More »

Кина воведе ограничување за извоз на дронови со голем дострел за да не се користат за воени цели


Кина денеска воведе ограничувања за извоз на цивилни беспилотни летала со голем дострел, наведувајќи ја руската војна во Украина и загриженоста дека беспилотните летала би можеле да се користат за воени цели. Владата на кинескиот лидер Си Џинпинг одржува пријателски врски со Москва, но вели дека е неутрална во актуелната војна во Украина. Забраната за …

Кина воведе ограничување за извоз на дронови со голем дострел за да не се користат за воени цели Read More »

Полицијата во Њујорк тестира дронови кои ја предупредуваат јавноста во итни ситуации


Полициската управа на Њујорк започна со тестирање на нови беспилотни летала дизајнирани да пренесуваат звучни пораки до јавноста, како што се предупредувања за опасни временски услови или итни случаи во близина. Во неделата, њујоршкиот систем за известување за итни случаи преку Твитер објави дека полицијата ќе „спроведе тест за далечинска способност за јавни пораки“ тој …

Полицијата во Њујорк тестира дронови кои ја предупредуваат јавноста во итни ситуации Read More »

Калифорнија користи дронови за борба против комарците


Во обид да се справат со растечката популација на комарци и да го спречат ширењето на болеста во Јужна Калифорнија, властите почнаа да користат нов метод, беспилотни летала „вооружени“ со топчиња со спори на бактерии. Станува збор за високотехнолошки беспилотни летала кои ја револуционизираат контролата на комарците насочувајќи го нивниот развој во мочуриштата, големите езерца …

Калифорнија користи дронови за борба против комарците Read More »

Во руски град експлодира дрон, ист како оној што падна во Загреб


  Руските медиуми објавија дека дошло до експлозија во градот Киреевск во руската област Тула, а две лица се ранети од шрапнели. Дронот експлодирал и се создал кратер, ја цитира руската агенција ТАСС надлежната руска служба. Според ТАСС , три лица се повредени и се здобиле со рани од шрапнели, пренесува Индекс. Руските безбедносни агенции …

Во руски град експлодира дрон, ист како оној што падна во Загреб Read More »

(Видео) Нова драма над Црното Море: Су-27 се обиде да урне „бајрактар“ ​​


Турските медиуми објавија снимка за која тврдат дека покажуваат како Су-27 на руските воздухопловни сили се обидува да собори украинско беспилотно летало „бајракатар ТБ2“. Видеото е објавено пет дена откако два Су-27 го соборија американскиот воздухоплов MQ-9 Reaper во водите на Црното Море. Турските медиуми тврдат дека овој инцидент се случил и над водите на …

(Видео) Нова драма над Црното Море: Су-27 се обиде да урне „бајрактар“ ​​ Read More »

Шојгу ги награди пилотите на борбениот авион кои го соборија американскиот дрон


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги награди пилотите на борбениот авион Су-27, кои спречија американскиот дрон МК-9 да ги наруши границите на зоната на „специјални воени операции“, соопшти денеска руското министерство за одбрана. „Министерот за одбрана на Руската Федерација, генералот на армијата Сергеј Шојгу, им додели државни награди на пилотите на авионот Су-27, кои …

Шојгу ги награди пилотите на борбениот авион кои го соборија американскиот дрон Read More »

За Москва инцидентот со дронот во Црно Море бил провокација


Москва смета дека инцидентот со руски борбен авион „Су-27“ и американско воено беспилотно летало над Црното Море е провокација, соопштија ноќеска руските државни медиуми, повикувајќи се на изјавата на амбасадорот на Русија во Вашингтон, Анатолиј Антонов, -Овој инцидент го сметаме за провокација, рече Антонов откако беше повикан од американскиот Стејт департмент. Американски воен дрон „MQ-9“ …

За Москва инцидентот со дронот во Црно Море бил провокација Read More »

Турски „Бајкар“ ќе испорачува дронови за Кувајт во вредност од 370 милиони долари


Турската компанија „Бајкар“ планира да достави одреден број вооружени дронови во Кувајт, како дел од договор вреден 370 милиони долари, соопштија денеска претставници на компанијата. Меѓународната побарувачка за беспилотните летала „Бајрактар ТБ2“ на Бајкар се зголеми откако беа користени во конфликти во Сирија, Либија и Азербејџан, а интересот дополнително скокна откако украинската војска ги употреби …

Турски „Бајкар“ ќе испорачува дронови за Кувајт во вредност од 370 милиони долари Read More »

Дронот кој го користат Русите составен е од делови од 13 американски фирми


Од 52 компоненти на дронот „шахед-136“, кој Русија го користи во Украина, дури 40 се произведени од американски фирми. Еден од иранските дронови кои ланската есен е урнат во Украина во себе имал голем број делови произведени во Америка и други западни земји, дознава Си-ен-ен. Оваа информација исплва на виделина откако претседателот на САД, Џо …

Дронот кој го користат Русите составен е од делови од 13 американски фирми Read More »

Хрватска знае кој го испалил дронот што падна на Загреб


Министерот за одбрана на Хрватска Марио Баножиќ потврди дека хрватските власти знаат кој го испалил дронот кој пред осум и пол месеци падна на Загреб. „Членките на НАТО преку кои дронот прелетал, тој податок го означиле како тајна, а тоа го направи и хрватската Влада“, одговори министето за одбрана на прашање на пратеник. Пратеникот притоа …

Хрватска знае кој го испалил дронот што падна на Загреб Read More »

Зеленски: За два дена соборивме 23 дрона, руските напади нема да ни го скршат духот


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето редовно ноќно обраќање до нацијата соопшти дека во изминатите два дена украинските сили соборила 23 беспилотни летала, додавајќи дека масовните руски напади врз електраните нема да го скршат духот на Украина. -Гранатирањето нема да не скрши. Слушањето на националната химна на непријателот на нашата земја е пострашно од …

Зеленски: За два дена соборивме 23 дрона, руските напади нема да ни го скршат духот Read More »

Столтенберг: Податоците покажуваат дека Иран ѝ доставува дронови на Русија


Сите податоци насочуваат кон тоа дека Иран ѝ доставува на Русија дронови, што се користат против Украина, посочи денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција со шведскиот премиер Улф Кристерсон во седиштето на Алијансата во Брисел. Тој истакна дека го повикуваат Иран да не ѝ доставува на Русија ниту дронови, ниту ракети, ниту …

Столтенберг: Податоците покажуваат дека Иран ѝ доставува дронови на Русија Read More »

Русите со дронови-камикази го нападнале родниот град на Зеленски


  Руските сили го нападнаа Криви Рех со дронови-камикази, јави АП. Се работи за родниот град на украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Нападот на јужниот украински град во кој Зеленски пораснал се случил рано утрово, вели Валентин Резниченки, гувернер на Дњепропетровск, додавајќи дека во нападот се уништени два ката од училиште. Русија се повеќе користи ирански …

Русите со дронови-камикази го нападнале родниот град на Зеленски Read More »

Дронови ја штитат бугарската граница


Бугарската полиција стави во употреба дронови за следење на границите во обид да се избори со илегалното преминување на мигранти. – Веќе неколку дена по наредба на министерот за внатрешни работи користиме дронови со кои ја покриваме целата територија на границата, изјави Станимир Станев заменикот главен секретар на Министерството за внатрешни работи на Бугарија. -Од …

Дронови ја штитат бугарската граница Read More »

(Видео) Со дрон спасено дете кое се давело во Шпанија


На почетокот на јули во Шпанија благодарение на дрон спасено е 14-годишно момче кое се давело. Момчето пливало во морето кај брегот Сагунта во Валенсија додека биле истакнати жолти знаменца на предупредување. Но, почнал да се дави, а на помош му притекнале спасувачи кои со дрон му доставиле елек за спасување. Дронот бил во голема …

(Видео) Со дрон спасено дете кое се давело во Шпанија Read More »