Исчезнат малолетник од домот „25 мај“ вчера бил пронајден


Ноќеска, еден час и 10 минути по полноќ, на ул. „Благоја Стефковски“ во Скопје, од страна на полициски службеници било пронајдено 12-годишно дете кое било штитеник на Домот „25-Ти Мај“. Детето било пријавено за исчезнато. Малолетникот е предаден на полициски службеници од Одделението за малолетничка деликвенција Чаир за понатамошна постапка.

Притвор за кавадарчанка осомничена за подведување на девојчето од „25 Мај“


Триесет дневен притвор и е одреден на кавадарчанката, која е осомничена за подведување на малолетното девојче, штитеничка од од ЈУ Завод за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение – Скопје, „25 Мај“. По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, судија …

Притвор за кавадарчанка осомничена за подведување на девојчето од „25 Мај“ Read More »

Јовески: Не е почната истрага за девојчето оти не е познат сторителот


Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска во Парламентот, во врска со случајот со сексуалното злоставување на 13-годишното девојче од Домот „25 Мај“ изјави дека ОЈО Велес води постапка против конкретен сторител, додека во скопското обвинителство има поднесено само службени белешки. Ова обвинителство, според него, не може да постапува доколку не е познат идентитетот на сторителот. …

Јовески: Не е почната истрага за девојчето оти не е познат сторителот Read More »

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Царовска и одговорност во МВР и во ЈО


  Оставката на директорот на Заводот за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми е замајување на јавноста. Одговорност мора да има и на повисоко ниво. Одговорност мора да има и морална и кривична, сметаат во ВМРО-ДПМНЕ. „Директорот што си поднесе оставка не се поставил сам на функцијата. Тој е назначен и претпоставените во …

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Царовска и одговорност во МВР и во ЈО Read More »

Јавното обвинителство знаело за случајот со сексуално злоупотребуваното девојче


Ниту една институција не реагирала на случајот со малолетното девојче од Домот за деца „25 Мај“ во Скопје, кое било неколкупати сексуално злоупотребувано, пишува НОВАТВ. Алармот бил вклучен уште на 1 август минатата година кога Европскиот центар за права на Ромите доставиле кривична пријава до Основното јавно обвинителство, со која барале да се утврди одговорност …

Јавното обвинителство знаело за случајот со сексуално злоупотребуваното девојче Read More »

МВР: Малолетничката била силувана, насилно мажена и најдена во безсознание во Велес


Малолетното девојче од јавната установа за деца со воспитно социјални проблеми „25 Мај“ девет пати била пријавувана за исчезната во периодот од крајот на 2016 досега од страна на вработените во социјално-згрижувачките установи и исто толку пати постапувале соодветните полициски служби. Во неколку наврати полицијата поднесувала и кривични пријави против повеќе лица за полов напад …

МВР: Малолетничката била силувана, насилно мажена и најдена во безсознание во Велес Read More »

Царовска: Девојчето од домот „25 Мај“ е можна жртва на трговија со луѓе


Комисија на Министерството за труд и социјална политика ќе го испита случајот за 13-годишното девојче, за кое невладината Европски центар за правата на Ромите (ЕЦПР) соопшти дека завчера било подложено на абортус откако забременила по сексуално злоставување како штитеничка на државната институција за згрижување деца „25 мај“. Министерката Мила Царовска вели дека не е точно …

Царовска: Девојчето од домот „25 Мај“ е можна жртва на трговија со луѓе Read More »

Од Домот „25 мај“ демантираат: Во приказната за трудното девојче има куп лаги


Куп лаги и непроверени информации – вака Стевчо Соколовски, директор на ЈУ за згрижување деца со воспитни проблеми „25 мај“ ги коментира наводите дека постар маж од оваа институција сексуално малтретирал 13 годишна штитеничка, по што вчера таа абортирала на Клиниката за гинекологија. Случајот вчера го обелодени Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР), кој …

Од Домот „25 мај“ демантираат: Во приказната за трудното девојче има куп лаги Read More »

Абортирало девојче од домот „25 Мај“ кое повеќепати било силувано


Тринаесетгодишна ромска девојка вчера морало да абортира бидејќи забременила по сексуалното малтретирање на кое била изложена како штитеничка на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје. Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) денеска алармира за случајот и ги повика надлежните власти веднаш да реагираат и на оваа девојка да ѝ обезбедат соодветна …

Абортирало девојче од домот „25 Мај“ кое повеќепати било силувано Read More »

Пет дена е исчезнат штитеник од Домот „25-ти Мај“


Седумнаесет годишен штитеник од Домот „25-ти Мај“ пред пет дена се оддалечил во непознат правец и оттогаш го нема, соопшти полицијата. Случајот вчера го пријавила З.М.(43) во Полициска станица Чаир. Се преземаат мерки за пронаоѓање на шитеникот.