Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората


Гласањето за Претседателските избори 2024 почнува утре со членовите на 31 избирачки одбор што ќе го спроведат гласањето во странство. Тие пред заминувањето во странство ќе гласаат во просториите на Државната изборна комисија (ДИК). Во Избирачкиот список се запишани и во странство би требало да отпатуваат 191 лице кое во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии …

Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората Read More »

Тошковски тврди едно, дијаспората друго


  Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера фрли уште една „бомба“ во јавноста тврдејќи дека над 100.000 граѓани на Македонија кои немаат важечка лична карта, но имаат пасош со старото име на државата, нема да можат да го остварат своето основно право на глас на следните парламентарни и претседателски избори. Станува збор, според него, …

Тошковски тврди едно, дијаспората друго Read More »

Косовската дијаспора во изминатите 11 месеци испратила во земјата над 1,2 милијарди евра


Централната банка на Косово (ЦБК) соопшти дека косовската дијаспора од 1 јануари до крајот на ноември 2023 година испратила во земјата милијарда и 217 милијарди евра, што претставува зголемување од околу 10,2 отсто во однос на истиот период од минатата година, јави дописникот на МИА од Приштина. Според извештајот на ЦБК, вредноста на дознаките само …

Косовската дијаспора во изминатите 11 месеци испратила во земјата над 1,2 милијарди евра Read More »

Македонија2025 воспоставува Признание за придонес на припадниците на дијаспората


Кабинетот на Претседател на Република Северна Македонија и Македонија 2025, денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел јавно вреднување на сите поединци со потекло од нашата земја, кои имале несебичен и континуиран придонес за татковината во различните сфери на живеење. Врз основа на Меморандумот се воспоставува покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија на Признанието за придонес на …

Македонија2025 воспоставува Признание за придонес на припадниците на дијаспората Read More »

Општина Аеродром ја зајакнува соработката со дијаспората


Во просториите на Општина Аеродром, денеска се одржа работна средба меѓу градоначалникот Тимчо Муцунски и министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи на која двете страни потпишаа договор за заемна соработка кој предвидува отворање на „Центар за дијаспора“ во Општина Аеродром. Центарот за дијаспора ќе има посредничка улога, односно ќе биде линк меѓу граѓаните од дијаспората …

Општина Аеродром ја зајакнува соработката со дијаспората Read More »

Ковачевски од Лондон: Дијаспората е силен промотор на Северна Македонија во Обединетото Кралство


Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на работниот дел од посетата на Лондон за учество на Инвестицискиот Самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), оствари средба со македонски граѓани и истакнати професионалци кои живеат и работат во Обединетото Кралство. Премиерот Ковачевски и амбасадорката на Северна Македонија во Обединетото Кралство Александра Миовска …

Ковачевски од Лондон: Дијаспората е силен промотор на Северна Македонија во Обединетото Кралство Read More »

Нашинците од дијаспората лани испратиле 361 милион евра


Дијаспората во текот на 2020 година испратила 361 милион евра, што е околу 3,4 проценти од БДП на земјава, но сепак тоа е најмалку споредено со земјите од регионот, каде според податоците од Евростат личните дотации од странство во Србија се околу 7,2 проценти од БДП, во Босна и Херцеговина – 9,3 %, Албанија – …

Нашинците од дијаспората лани испратиле 361 милион евра Read More »

Патни исправи со скратена постапка и за дијаспората во Чикаго


Во Генералниот конзулат на Северна Македонија во Чикаго, САД, непречено тече мобилното издавање на патните исправи за нашите граѓани. Од тамошниот генерален конзулат посочуваат дека досега од околу 160 лица се земени податоци за нови биометриски патни исправи, а 60 од нив веќе ги добиле, соопшти МНР. Ова, како што велат, претставува позитивно изненадување за …

Патни исправи со скратена постапка и за дијаспората во Чикаго Read More »

Ќе отидат половина милион евра за 0,1 отсто гласачи во дијаспората


Рекордно низок одѕив на дијаспората е забележан во ова предизборие, така што конечната бројка на македонски државјани што ќе можат да гласаат во дипломатско-конзуларните претставништва на земјава е сведена на 1.782 лица. Тоа не е ни 0,1 отсто од вкупното избирачко тело, со оглед на тоа што избирачкиот список брои околу 1.8 милион гласачи. Според …

Ќе отидат половина милион евра за 0,1 отсто гласачи во дијаспората Read More »

ЦИВИЛ: Атакот врз гласачите во Мелбурн грубо кршење на изборниот молк


Атакот врз гласачите во Мелбурн, постиран и споделуван на социјалните мрежи претставува шокантно, претставува грдо и грубо кршење на изборниот молк и притисок врз гласачите, оценува ЦИВИЛ. За време на изборниот молк, како што соопшти, овој антидемократски акт се злоупотребува на социјалните мрежи и во Македонија. „Најостро го осудуваме кршењето на изборниот молк и бараме …

ЦИВИЛ: Атакот врз гласачите во Мелбурн грубо кршење на изборниот молк Read More »

МОСТ: Инцидентите пред едно од гласачките места во странство го нарушуваат правото на глас


Инцидентите забележани пред едно од гласачките места во странство ја нарушуваат слободата на граѓаните да го искористат своето право на глас, оцени денеска Граѓанската асоцијација МОСТ. МОСТ го набљудува денешното гласање на болните и немоќни лица, на внатрешно раселените и лицата во затвор или притвор. „Избирачкото право е гарантирано со Уставот на РМ и никој …

МОСТ: Инцидентите пред едно од гласачките места во странство го нарушуваат правото на глас Read More »

Заев: Парите од дијаспората никој не може да ги оданочи


Премиерот Зоран Заев изјави дека парите од дијаспората не подлежат на оданочување. Одговарајќи на новинарско прашање на одбележувањето на 17 години од Рамковниот договор, изјави: „Уште еднаш да биде јасно за граѓаните, се оданочува тоа што е приход како заработка. Тоа што е помош кон семејствата, од надвор, тоа не е цел на оданочување согласно …

Заев: Парите од дијаспората никој не може да ги оданочи Read More »

Адеми ја повика дијаспората помасовно да гласа на референдумот


Своето право на глас на претстојниот референдумз закажан за 30-ти септември, македонските иселеници во дијаспората ќе можат да го остварат во дипломатските конзуларни претставништва. Рокот за пријавување по електронски пат е од 9-ти до 23 –ти август. Министерот Едмонд Адеми, денеска од Македонска Каменица ги повика иселениците масовно да излезат на гласање. – Како што …

Адеми ја повика дијаспората помасовно да гласа на референдумот Read More »

Косовската диjаспора во 2017 им пратила на семејствата 760 милиони евра


Средствата што  во Косово ги праќа дијаспората и натаму претставуваат еден од главните извори за финансирање на косовските семејства, на кои им обезбедуваат стабилна социјална положба. Според Централната банка на Косово, овие средства главно одат за финансирање на потрошувачката на семејствата, а многу малку се вложуваат во бизнис. – Пратките пристигнати во Косово во текот …

Косовската диjаспора во 2017 им пратила на семејствата 760 милиони евра Read More »

Потребна е поголема соработка со дијаспората


Неопходна е континуирана соработка меѓу македонските организации во дијаспората, македонските национални малцинства во соседните земји и невладиниот сектор со матичната држава-Република Македонија. За оваа цел неодамна во Скопје се одржа трибина за зајакнување на комуникацијата и врските со македонската дијаспора, во организација на Центарот за информативна и логистичка поддршка на граѓаните „Нов контакт“- Македонија, кој …

Потребна е поголема соработка со дијаспората Read More »

Владата со конкретен чекор за поддршка на инвестициите од дијаспората


Владата попладнево, на својата 58 седница го усвои предлог-законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде покрај странските и домашните инвеститори, свое место во законот добија и инвестициите од дијаспората, како инвестиции од значаен интерес за Република Македонија. Овој закон ја воспоставува правната рамка за реализација на мерките на Владата на Република Македонија од програмата за …

Владата со конкретен чекор за поддршка на инвестициите од дијаспората Read More »

Мицкоски на средби со дијаспората во Њу Џерси


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера оствари повеќе средби со дијаспората во Њу Џерси, САД, и одржа трибина на која се разговараше за акутелните политички состојби во Република Македонија. Мицкоски оствари средба со претставниците на Движењето за човекови права во Њу Џерси – организација која повеќе од 30 години презема голем број активности насочени кон …

Мицкоски на средби со дијаспората во Њу Џерси Read More »

Корупцијата и сложените закони ја спречуваат дијаспората да инвестира


Македонија во голема мера го подобри процесот за почнување бизнис во последните години, но и покрај тоа, 55 отсто од инвеститорите од дијаспората имале проблеми при отворање компанија, покажува истражувањето спроведено меѓу инвеститорите од дијаспората објавено во првото издание на истражувачкиот билтен „2025 Визија“ на организацијата „Македонија 2025“. – Сложени закони, корупција, владина администрација, недостиг …

Корупцијата и сложените закони ја спречуваат дијаспората да инвестира Read More »