Гутереш: Бројот на загинати цивили во Газа покажува дека нешто не е во ред со операциите на Израел против Хамас


Бројот на загинати цивили во Појасот Газа покажува дека нешто не е во ред со воените операции на Израел против милитантите на палестинското движење Хамас, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. „Хамас прави прекршувања кога користи жив штит. Меѓутоа, кога ќе го погледнеме бројот на цивили убиени во воени операции, јасно гледаме дека …

Гутереш: Бројот на загинати цивили во Газа покажува дека нешто не е во ред со операциите на Израел против Хамас Read More »

Дижарик: Генералниот секретар на ОН е „згрозен“ од ескалацијата на насилството во Газа


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е „згрозен од ескалацијата на насилството во Газа“, вклучително и убиството на Палестинците во израелските воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија, рече неговиот портпарол. – Тој силно го осудува убивањето на цивили, изјави денеска за новинарите портпаролот на ОН Стефан Дижарик. Тој додаде дека „генералниот секретар повторува дека сите …

Дижарик: Генералниот секретар на ОН е „згрозен“ од ескалацијата на насилството во Газа Read More »

Амбасадорот на Израел во ОН бара Гутереш да поднесе оставка


  Постојаниот претставник на Израел во Обединети нации, Гилад Ердан денеска го повика генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш веднаш да поднесе оставка, нарекувајќи го неподобен да раководи со светската организација. „Генералниот секретар на ОН, кој покажува разбирање за кампањата за масовно убивање на деца, жени и стари лица не е способен да раководи со …

Амбасадорот на Израел во ОН бара Гутереш да поднесе оставка Read More »

Гутереш: Насилството на Блискиот Исток е резултат на 56-годишна окупација


Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш изјави дека е длабоко вознемирен од одлуката на Израел да воведе „тотална опсада“ на Појасот Газа. Гутереш рече дека најавата на министерот за одбрана Јоав Галант дека Израел ќе ги запре сите испораки на електрична енергија, храна и гориво само ќе ја влоши она што веќе беше …

Гутереш: Насилството на Блискиот Исток е резултат на 56-годишна окупација Read More »

Гутереш: Војната во Украина ги зголемува геополитичките тензии ширум светот


Војната што ја почна Русија во Украина „ги интензивира геополитичките тензии и поделби, ја загрозува регионалната стабилност, го подигнува нивото на нуклеарната закана и создава длабоки јазови во нашиот сè повеќе мултиполарен свет“, изјави денеска генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Тој ова го кажа во воведното обраќање на состанокот на Советот за безбедност на …

Гутереш: Војната во Украина ги зголемува геополитичките тензии ширум светот Read More »

Гутереш: Загрижувачки извештаи за жртви во Нагорно-Карабах, итен прекин на огнот


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази огромна загриженост поради извештаите за жртви во Нагорно-Карабах и повика на итен прекин на непријателствата. „Генералниот секретар е крајно загрижен за употребата на воена сила во регионот и извештаите за жртви, вклучувајќи го и фактот дека има жртви меѓу цивилното население. Генералниот секретар повикува на итен прекин на …

Гутереш: Загрижувачки извештаи за жртви во Нагорно-Карабах, итен прекин на огнот Read More »

Гутереш: „Грст донации“ не можат да го заменат договорот за жито


Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека „грст донации“ не можат да бидат замена за суспендираниот договор за жито. – Јасно е дека повлекувањето на милиони тони жито од пазарот ќе доведе до повисоки цени. Ние нема да го поправиме ова драматично влијание со неколку донации за некои земји, рече Гутереш. И …

Гутереш: „Грст донации“ не можат да го заменат договорот за жито Read More »

Гутереш: Вештачката интелигенција може да претставува закана за мирот и безбедноста на планетата


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска предупреди дека вештачката интелигенција може да претставува закана за мирот и безбедноста на планетата и ги повика државите членки на ОН на итна примена на заштитни правни мерки за држење на технологијата под контрола. – Очигледно е дека вештачката интелигенција ќе остави влијание врз сите аспекти од нашиот …

Гутереш: Вештачката интелигенција може да претставува закана за мирот и безбедноста на планетата Read More »

Земјите заостануваат во однос на климатските цели, ветувања и обврски


 Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш испрати силна порака до земјите ширум светот во врска со климатските амбиции. – Многу сум загрижен за тоа каде е светот во однос на климата. Земјите се далеку зад нивните климатски ветувања и обврски. Гледам недостиг на амбиција, недостиг на доверба, недостиг на поддршка, недостиг на соработка и многу …

Земјите заостануваат во однос на климатските цели, ветувања и обврски Read More »

Гутереш му испрати писмо на Путин за продолжување на Договорот за извоз на украински житарки


Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш го предложи „патот по кој треба да се оди“ за продолжување на Договорот за извоз на украински житарки, изјавија неговите претставници синоќа, по неговиот состанок со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Гутереш му врачи на Лавров „писмо до претседателот Владимир Путин, во кое тој го опиша …

Гутереш му испрати писмо на Путин за продолжување на Договорот за извоз на украински житарки Read More »

„Тензиите се на врвот“: Се ближи ли конфликт?


Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави денеска дека руската „инвазија“ на Украина предизвикува огромни страдања и уништувања во таа земја. „Тензиите меѓу големите сили се на историски врв, како и ризиците од конфликт, поради несреќа или погрешна пресметка“, предупреди Гутереш, говорејќи на седницата за мултилатерализмот и Повелбата на ОН, со која претседаваше рускиот …

„Тензиите се на врвот“: Се ближи ли конфликт? Read More »

САД го обвинија Гутереш дека попуштил пред руските закани


  САД го обвинија генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш дека „очигледно попуштил пред руските закани“ и оти не испратил официјални лица во Украина за да ги проверат беспилотните летала што ги користи Русија, за кои Вашингтон тврди дека се од Иран. Велика Британија, Франција, Германија, САД и Украина истакна дека со испораката на …

САД го обвинија Гутереш дека попуштил пред руските закани Read More »

Гутереш: Човештвото стана „оружје за масовно уништување“ на планетата


  Човештвото стана „оружје за масовно уништување“ и време е да ставиме крај на нашата „војна против природата“, порача генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на свеченото отворање на КОП15 за биодиверзитетот. „Со нашиот незаситен апетит за неконтролиран и нееднаков економски раст, човештвото стана оружје за масовно уништување“ на планетата, предупреди тој на почетокот на …

Гутереш: Човештвото стана „оружје за масовно уништување“ на планетата Read More »

Гутереш: Светот треба да се спаси од глобалното затоплување


 Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутерш денеска предупреди дека преговарачите на климатскиот Самит КОП27 во Египет мора да ја надминат „урнатата доверба“ помеѓу богатите и сиромашните земји за да постигнат договор со кој би се спасил светот од најлошото глобално затоплување. – Се наоѓаме во клучниот момент од преговорите. Светот набљудува и има едноставна …

Гутереш: Светот треба да се спаси од глобалното затоплување Read More »

Гутереш: Светот го изневери Мјанмар


Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска изјави дека светот го изневери Мјанмар, изразувајќи надеж дека Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија ќе може да изврши притисок врз својата земја-членка да се усогласи со планот за решавање на кризата.   Лидерите на Асоцијацијата (АСЕАН) се договорија на нивниот годишен самит да се вклучат во …

Гутереш: Светот го изневери Мјанмар Read More »

Гутереш: ОН под итно треба да распореди меѓународни специјализирани воени сили на Хаити


  Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш побара од Советот за безбедност на ОН итно да го разгледа барањето на Хаити за распоредување на меѓународни специјализирани воени сили за да помогнат во решавањето на хуманитарната криза во земјата, изјави вчера портпаролот на ОН. -Генералниот секретар е многу загрижен за ситуацијата на Хаити, која се соочува …

Гутереш: ОН под итно треба да распореди меѓународни специјализирани воени сили на Хаити Read More »

Гутереш за најавената анексија на окупирани делови од Украина кон Русија: Не смее да се прифати


Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш денеска ги критикуваше плановите на Русија да анектира четири окупирани региони на Украина кон својата територија. – Тоа е опасна ескалација, за такво нешто нема место во современиот свет, не смее да се прифати, предупреди Гутереш, тврдејќи дека секоја одлука за „анексија“ на делови од Украина ќе ги …

Гутереш за најавената анексија на окупирани делови од Украина кон Русија: Не смее да се прифати Read More »

Гутереш: Образованието во светот е во голема криза, треба да се издвојат повеќе средства


Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш предупреди на нееднаков пристап до образованието низ целиот свет. Говорејќи во пресрет на годишната сесија на Генералното собрание на ОН на состанок посветен на образованието, Гутереш изјави дека „образованието е во длабока криза“. Тој посочи дека пандемијата на коронавирус има „катастрофално влијание“ врз образованието, каде што сиромашните ученици …

Гутереш: Образованието во светот е во голема криза, треба да се издвојат повеќе средства Read More »

Генералниот секретар на ОН повика на глобален одговор на катастрофалните поплави во Пакистан


Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска го повика светот да се обедини во поддршка на Пакистан каде пристигна во екот на катастрофалните поплави, јави ДПА. Третина од Пакистан моментално е под вода по големите поплави предизвикани од двомесечните рекордни монсунски дождови, во кои досега загинаа 1.391 лице, а уништена е и инфраструктура и егзистенција на милиони луѓе. Најмалку …

Генералниот секретар на ОН повика на глобален одговор на катастрофалните поплави во Пакистан Read More »

Гутереш: Од целосно уништување не делат само едно недоразбирање и една погрешна проценка


Нуклеарното оружје мора да замине во историјата бидејќи не гарантира безбедност, туку носи само уништување, изјави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. – Нашиот свет доволно долго беше заложник на нуклеарно оружје. Овие уреди на смртта не гарантираат победа или безбедност. Според дизајнот, нивниот единствен резултат е уништување. Да обезбедиме крај на тестирањето засекогаш и да го …

Гутереш: Од целосно уништување не делат само едно недоразбирање и една погрешна проценка Read More »