Израел ќе се согласи 150.000 луѓе да се вратат во северниот дел на Газа ако се склучи договор


 Израел на преговорите за прекин на огнот во Газа во Египет, се согласи на отстапки во врска со враќањето на Палестинците на северот од енклавата, но верува дека исламистичката група Хамас не сака да постигне договор, изјавија денеска израелски официјални претставници. Запознаени со ситуацијата тие рекоа дека по обновувањето на американскиот предлог за примирје, Израел …

Израел ќе се согласи 150.000 луѓе да се вратат во северниот дел на Газа ако се склучи договор Read More »

Германија се соочува со тужба за геноцидот во Газа пред највисокиот суд на ОН


Германија, во понеделник, се соочува со обвинувањата на Никарагва пред највисокиот суд на ОН во Хаг дека „го олеснила извршувањето на геноцид“ врз Палестинците со обезбедување воена и политичка поддршка на Израел. Никарагва ја тужеше Германија пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), барајќи од судиите да преземат итни мерки за да го спречат Берлин да …

Германија се соочува со тужба за геноцидот во Газа пред највисокиот суд на ОН Read More »

Пред шест месеци цел свет беше со Израел. Сега е осамен како ниедна друга земја


  ЕРУСАЛИМ – Кога Израел објави војна против Хамас минатиот октомври, тој беше обединет дома и уживаше широка поддршка од целиот свет по нападот без преседан на исламската милитантна група. Шест месеци подоцна, Израел се најде на многу поинакво место: заглавен во Газа, поделен внатрешно, изолиран на меѓународно ниво и сè повеќе во судир со …

Пред шест месеци цел свет беше со Израел. Сега е осамен како ниедна друга земја Read More »

Хамас за прв пат им се извини на жителите на Газа за страдањата предизвикани од војната


Во долгата изјава објавена на својот канал Телеграм, палестинското движење Хамас „се извинува“ за маките и страдањата предизвикани од речиси шестмесечната војна против израелската армија. Хамас, исто така, ја повторува својата желба да ја продолжи оваа војна, која, според него, мора да постигне „победа и слобода“ за Палестинците. Тие испратија „порака за благодарност до луѓето“ …

Хамас за прв пат им се извини на жителите на Газа за страдањата предизвикани од војната Read More »

Преговорите во Доха за прекин на огнот во Газа влегоа во ќорсокак, Израелците ги напуштија


Преговарач, близок до шефот на Мосад, го обвини лидерот на Хамас во Газа, Јахја Синвар, за саботажа на дипломатијата „како дел од пошироките напори да се разгори оваа војна за време на Рамазан“. Завојуваните страни ги засилија преговорите, со посредство на Катар и Египет, за шестнеделен прекин на израелската офанзива во замена за предложеното ослободување …

Преговорите во Доха за прекин на огнот во Газа влегоа во ќорсокак, Израелците ги напуштија Read More »

Словенија, Шпанија, Малта и Ирска сакаат да ја признаат Палестина. Стигна одговорот на Израел


Израел денеска оцени дека планот на четири европски земји да работат во насока на признавање на палестинската држава е „награда за тероризмот“ што ќе ги намали изгледите за договорено решение на израелско-палестинскиот конфликт. Шпанија во петокот објави дека се договорила со Малта, Ирска и Словенија да ги преземе првите чекори кон признавање на палестинската државност …

Словенија, Шпанија, Малта и Ирска сакаат да ја признаат Палестина. Стигна одговорот на Израел Read More »

Израел опколи уште две болници во Газа


Израел повтори дека милитантите на Хамас ги користат како бази болниците во Газа, каде што се води војна повеќе од пет месеци. Хамас и медицинскиот персонал ги негираат наводите. Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека еден од членовите на нејзиниот персонал е убиен кога израелски тенкови ненадејно упаднале во областите околу болниците Ал-Амал и Насер во …

Израел опколи уште две болници во Газа Read More »

Израел нема да дозволи премин на конвои со храна кон северот на Газа


Шефот на Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНРВА), Филипе Лазарини денеска изјави дека Израел ги известил ОН дека повеќе нема да дозволува преминување на конвои со храна во северниот дел на Газа. Лазарини на социјалната мрежа Х напиша дека потегот на Израел „ја негира спасувачката помош за северна Газа“. „Ова е нечуено. Ова е …

Израел нема да дозволи премин на конвои со храна кон северот на Газа Read More »

Русија и Кина ставија вето на американската резолуција за итен прекин на огнот во Газа


  Русија и Кина во петокот ставија вето на резолуцијата на ОН спонзорирана од САД со која се повикува на „итен и одржлив прекин на огнот“ во војната меѓу Израел и Хамас во Газа за да се заштитат цивилите и да се овозможи доставување хуманитарна помош до повеќе од два милиони гладни Палестинци. Според Асошиејтед …

Русија и Кина ставија вето на американската резолуција за итен прекин на огнот во Газа Read More »

ИДФ: Околу 300 осомничени терористи се приведени за време на операцијата во болницата Ал Шифа


 Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека околу 300 осомничени терористи биле приведени за време на операцијата во болницата Ал Шифа во градот Газа. Според ИДФ, меѓу приведените има „неколку десетици истакнати терористи“ од Хамас и палестинскиот Исламски џихад, јави „Тајмс оф Израел“. Уапсените оперативци наводно се вклучени во управување со терористички напади на Западниот …

ИДФ: Околу 300 осомничени терористи се приведени за време на операцијата во болницата Ал Шифа Read More »

Ленарчич: Израел не презентираше докази за обвинувањата против УНРВА


Највисокиот функционер на Европската унија за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич, синоќа изјави дека не видел докази од Израел како поткрепа за неговите обвинувања против персоналот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци УНРВА (UNRWA), која треба да продолжи да игра „клучна“ хуманитарна улога во Појасот Газа.  УНРВА, која обезбедува помош и услуги за палестинските бегалци …

Ленарчич: Израел не презентираше докази за обвинувањата против УНРВА Read More »

Рамазан не донесе олеснување додека војната меѓу Израел и Хамас беснее во Газа


  Првиот ден од Рамазан  пристигна како и другите за Палестинците во опустошената од војна Газа: прогонети од глад и болести,  во шатори и загрозени од бомби повеќе од пет месеци од борбите меѓу Израел и милитантите на Хамас. Додека муслиманскиот свет го дочека светиот месец и неговиот вообичаен дневен пост, многу жители на Газа …

Рамазан не донесе олеснување додека војната меѓу Израел и Хамас беснее во Газа Read More »

Хамас: Во Газа се уништени 80 отсто од зградите


Во војната уништени се 80 проценти од зградите во градот Газа, а штетата се проценува на 30 милијарди американски долари, соопшти денеска Хамас. Сумата е за разурнатите станбени згради, стопански објекти и инфраструктурата, како улици, електричната мрежа и водоводот и канализацијата. Населението во Појасот Газа, од 7 октомври 2023 година, кога почна војната, секојдневно е …

Хамас: Во Газа се уништени 80 отсто од зградите Read More »

Попладнево од Кипар ќе замине хуманитарната помош за Газа


Во попладневните часови се очекува од пристаништето во кипарскиот град Ларнака да тргне бродот со хуманитарна помош за Газа, во рамките на иницијативата „Амалтиа“ за поморски коридор, во која се вклучени ЕК и Велика Британија, Германија, Грција, Италија, Кипар, Обединетите Арапски Емирати, САД и Холандија, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на кипарската …

Попладнево од Кипар ќе замине хуманитарната помош за Газа Read More »

Израелската армија изгради пат низ Газа


Одбранбените сили на Израел (ИДФ) ја завршија изградбата на нов пат што минува низ северниот дел на Газа од исток кон запад, според сателитски снимки потврдени од Би-Би-Си. ИДФ изјави за Би-Би-Си дека се обидуваат да стекнат „оперативна основа“ и да го олеснат движењето на војниците и опремата. Некои експерти стравуваат дека ќе се користи …

Израелската армија изгради пат низ Газа Read More »

Илјадници луѓе во Лондон побараа прекин на огнот во Газа, полицијата изрази разбирање


 Илјадници демонстранти денеска во Лондон побараа прекин на огнот во Појасот Газа во присуство на голем број полицајци, извикувајќи „Слободна, слободна Палестина! и се упатија до Амбасадата на САД. Некои држат знаци на кои пишува „Стоп за геноцидот“ и „Од реката (Јордан) до море (Медитеран)“, контроверзен слоган за кој некои велат дека значи уништување на …

Илјадници луѓе во Лондон побараа прекин на огнот во Газа, полицијата изрази разбирање Read More »

ОН: Израел почна кампања за изгладување во Газа


Специјалниот известувач на ОН за правото на храна, Мајкл Фахри денеска изјави дека Израел го уништува системот за исхрана во Газа како дел од пошироката „кампања за изгладување“ во војната против членовите на палестинската милитантна група Хамас. Говорејќи пред Советот за човекови права на ОН, тој рече дека телото не прави доволно за да им …

ОН: Израел почна кампања за изгладување во Газа Read More »

Хамас најави продолжување на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа


Хамас денеска најави дека ќе ги продолжи преговорите за постигнување договор кој ќе обезбеди сеопфатен крај на израелската војна во Појасот Газа, јавува Анадолија. „Хамас ја покажа неопходната флексибилност за да се постигне договор што ќе обезбеди сеопфатен прекин на нападите врз нашиот народ. Сепак, окупаторската држава (Израел) ги избегнува условите од договорот за прашања …

Хамас најави продолжување на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа Read More »

Израелците газат живи Палестинци со тенкови, МКС молчи


Повторувачките убиства на палестинските цивили од страна на израелската армија со намерно прегазување со воени возила жестоко ги осуди Euro-Med Human Rights Monitor, заедно со раширеното уништување на цивилниот имот. Овие злосторства се дел од израелскиот геноцид врз Палестинците во Појасот Газа, соопшти групата за права, кој трае од 7 октомври 2023 година. Euro-Med Monitor, …

Израелците газат живи Палестинци со тенкови, МКС молчи Read More »

Репутацијата на Европа во арапскиот свет се истроши со Газа


Меката моќ на Европа во арапскиот свет можеби претрпе неповратна штета. Во текот на последните пет месеци, Европејците беа немилосрдно обвинети за примена на двојни стандарди во нивните одговори на израелската офанзива во Газа. Европските односи со владите на Блискиот Исток несомнено долго време се водени од реалполитиката и трансакционализмот. Покрај ова, односите со граѓанското …

Репутацијата на Европа во арапскиот свет се истроши со Газа Read More »