Убиено едно лице попладнево во Чаир


Попладнево околу 18:00 на улицата „Џон Кенеди“ во Чаир се случил вооружен инцидент во кој, неофицијално, едно лице го загубило животот. Полицијата го потврди инцидентот и врши увид на местото на настанот. Според неофицијални информации, непознати лица пукале кон Б.И. Инцидентот се случил на автобуската станица во близина на средното училиште „Цветан Димов“.