Воз со фосфорна киселина излета од шините кај Рума


Воз на железничката станица во Рума утрово излета од шините. Како што се дознава, четири вагони што превезувале фосфорна киселина излетале од шините. Засега не се знае колкава е штетата, а во тек е истрага за утврдување на сите детали од несреќата. Полицијата и пожарникарите се на терен, пишува „Курир“.

Избеган воз во Индија поминал 70 километри без машиновозач, запрен од трупци


Индиските железници наредија истрага откако товарен воз поминал повеќе од 70 километри без машиновозач. Снимките на социјалните мрежи покажуваат дека возот со голема брзина поминува покрај неколку станици. Извештаите велат дека возот вчера сообраќал без машиновозач од Катуа во Џаму и Кашмир до областа Хошиарпур во Пенџаб. Од железницата велат дека возот е запрен и …

Избеган воз во Индија поминал 70 километри без машиновозач, запрен од трупци Read More »

Тридневниот синдикален штрајк го запре железничкиот сообраќај низ цела Германија


Синдикатот на германските машиновозачи (ГДЛ) денеска го продолжи штрајкот на работниците, кој влегува во третиот ден, и го прошири од патнички до товарен. Државната железничка компанија Дојче Бан соопшти дека само околу 20 отсто од нејзините возови функционираат, а приградските возови во градовите како Берлин се во застој. Германските машиновозачи бараат намалување на работното време …

Тридневниот синдикален штрајк го запре железничкиот сообраќај низ цела Германија Read More »

Компанијата која имаше намера да изгради брза транспортна врска меѓу Европа и Кина се гаси


Компанијата Hyperloop One, која меѓу своите цели имаше изградба на брза товарна врска меѓу Европа и Кина, која може да превезува товар од еден до друг крај за само еден ден, објави дека се гаси. Hyperloop One е основан во 2014 година по објавувањето на работата на американскиот бизнисмен Илон Маск за неговата визија за …

Компанијата која имаше намера да изгради брза транспортна врска меѓу Европа и Кина се гаси Read More »

Патувањето со воз и за време на празниците е поскапо од патувањето со авион


Според еколошката организација Гринпис, патувањето со воз е генерално поскапо од патувањето со авион. Како што покажа анализата, системот поттикнува и користење на авиони за време на празниците, иако, според нив, тоа е спорно од еколошки аспект. Тие ја повикаа и Европската комисија да преземе мерки. Во декември, Гринпис ги спореди трошоците за железничко и …

Патувањето со воз и за време на празниците е поскапо од патувањето со авион Read More »

По поплавите, по неколку месеци, повторно сообраќа воз меѓу Атина и Солун


По неколку месечен прекин поради штетата предизвикана од поплавите, се обновува железничката врска меѓу Солун и Атина, првично за товарните возови, а од сабота и за патничките, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција соопштија дека доцна синоќа бил пуштен во сообраќај првиот товарен воз, а од 16 …

По поплавите, по неколку месеци, повторно сообраќа воз меѓу Атина и Солун Read More »

Штрајк ги сопре возовите во Франција


Вчерашниот штрајк на француските железничари го прекина железничкиот сообраќај низ цела Франција, објави BFMTV. Возовите на северот на Франција не сообраќаа на релација Кале-Данкерк, додека железничкиот сообраќај во Нормандија беше ограничен на линиите Париз-Трувил и Авр-Фекан, како и од насоката Рајна. Една четвртина од возовите се запрени на југоистокот на земјата. Штрајкот го зафати и …

Штрајк ги сопре возовите во Франција Read More »

Несогласувања во италијанската влада за продажба на акции во државните железници


-Италијанската влада не треба да го продаде својот удел во државната железничка групација Ферови дело Стато, како што предложи министерот за економија во планот за намалување на државниот долг, изјави денеска министерот за инфраструктура Матео Салвини. За да го намали јавниот долг, Владата планира да собере околу 20 милијарди евра од 2024 до 2026 година …

Несогласувања во италијанската влада за продажба на акции во државните железници Read More »

Две лица полесно повредени при удар на локомотива и комбе кај кумановско Лопате


Две лица се полесно повредени и примени се во Општата болница – Куманово откако локомотива удрила во патничко моторно возило – комбе во кумановското село Лопате, соопштија денеска од ЦУК. Несреќата се случила завчера, во село Лопате кај железничкиот премин. – Несреќата се случила во 5:50 часот, кога локомотива удрила во патничко моторно возило комбе. …

Две лица полесно повредени при удар на локомотива и комбе кај кумановско Лопате Read More »

ЦУК: Со автобус место со воз, од Градско до Криволак, поради напукнат столб на мост на железничката пруга


Согласно информациите од Македонски железници, поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби, железнички сообраќај на овој патен правец целосно е во прекин од 15:25 часот – и патнички и товарен. Но, патничкиот сепак се одвива со „премостување“ …

ЦУК: Со автобус место со воз, од Градско до Криволак, поради напукнат столб на мост на железничката пруга Read More »

Воспоставен железничкиот сообраќај во земјава, не сообраќа возот Скопје – Битола


По четири дена целосен прекин на железничкиот сообраќај во земјава од вчера доцна попладне повторно сообраќаат патничките и транспортни возови. Поради расипана локомотива, вчера во 14:30 часот од Скопје за Битола не замина единствениот воз на оваа релација. Поради тоа и утрово немаше воз на релација Битола – Скопје преку Прилеп и Велес. Неизвесно е …

Воспоставен железничкиот сообраќај во земјава, не сообраќа возот Скопје – Битола Read More »

Нормализација: Попладнево тргнува возот за Битола


Од попладнево треба да биде нормализиран железничкиот сообраќај во земјава кој од петокот беше во прекин поради бојкот на машинскиот и извршен персонал на Железници Транспорт.  Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот извршен персонал Тони Димовски рече дека бојкотот прекинува затоа што е исполнето нивното барање за исплата на патните трошоци.  – …

Нормализација: Попладнево тргнува возот за Битола Read More »

Возовите повторно застанаа


Машинскиот и извршен персонал при Железници на РСМ Транспорт попладне во 16 часот стапи во бојкот  со целосен прекин на железничкиот собраќај поради неисплатени патни трошоци за минатиот  месец, вели Тони Димовски, претставник на машинскиот извршниот персонал и претседател на Синдикат на машиновозачи во железничкото претпријатие.  Димовски најави дека нема да сообраќаат и патничките и …

Возовите повторно застанаа Read More »

Запалени прагови помеѓу Слепче и Браилово повтроно го сопреа единствениот воз Битола – Прилеп – Велес – Скопје


Запалени прагови на пруга помеѓу Слепче и Браилово повторно го прекинаа сообраќањето на единствениот воз на релацијата Битола-Прилеп- Велес-Скопје.  Патниците од Велес утрово на Железничката станица во Велес беа разочарани што не можат да се качат на единстевниот воз што доаѓа од Битола преку Прилеп и  Велес за  Скопје, а кој по возен ред во …

Запалени прагови помеѓу Слепче и Браилово повтроно го сопреа единствениот воз Битола – Прилеп – Велес – Скопје Read More »

Бочварски: Ако сакаме успешен железнички сообраќај, потребна е либерализација на пазарот


Ако сакаме да имаме успешен патнички и товарен сообраќај, успешно претпријатие во делот на железниците, мораме да направиме либерализација на железничкиот сообраќај во државата, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски попладнево од собраниската говорница, одговарајќи на прашањето зошто се укинуваат железнички линии, поставено од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Олга Лозановска. -Зошто го велам ова? …

Бочварски: Ако сакаме успешен железнички сообраќај, потребна е либерализација на пазарот Read More »

Велешани револтирани заради укинувањe на два од три воза од Скопје до Битола


Велешани во голем број работници и студенти кои работат и учат во Скопје и во Битола се револтирани поради тоа што „Македонски железници“ АД Транспорт од денеска ги укина двата од три воза кои сообраќаа од Скопје преку Велес за Битола и обратно. Моника Петровска студентка која редовно патува за Скопје и обратно и има …

Велешани револтирани заради укинувањe на два од три воза од Скопје до Битола Read More »

Од пожар изгорени прагови на железничка пруга – не оди возот Велес – Прилеп – Битола


Пожар на стрништа покрај пругата ги изгоре праговите поради што втор ден не сообраќаат возовите Велес-Прилеп-Битола  и обратно. Како што информираат за МИА од Железничката станица во Велес, во вторникот попладне изгорени се 160 прагови на пругата на Железничката станица Браилово близу Прилеп, по што од среда по полноќ возовите се оневозможени да сообраќаат. Од …

Од пожар изгорени прагови на железничка пруга – не оди возот Велес – Прилеп – Битола Read More »

Оклопниот зелен воз стана симбол на режимот во Северна Кореја


  Во неделата попладне, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се качи на старомоден зелен воз кој стана траен симбол на изолацијата и тајноста на пустиничката држава. Сликите објавени од севернокорејскиот државен медиум КЦНА покажуваат дека Ким се качува во неговиот приватен воз додека се подготвува да отпатува за Русија на очекуваниот состанок со неговиот руски …

Оклопниот зелен воз стана симбол на режимот во Северна Кореја Read More »

Велешките патници револтирани поради несоoбраќање на возовите


Велешани кои патуваат со воз се револтирани поради тoa што возовите веќе пети ден не сообраќат поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал на ЖРСМ Транспорт. Патниците од Велес и велешко кои редовно патуваат со воз од кои некои немаат можност за друг превоз, се револтирани што мора да бараат други начини да стигнат до …

Велешките патници револтирани поради несоoбраќање на возовите Read More »

Во воз кон Скопје се самозадоволувал пред малолетничка и жени


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 63-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил три кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 од Кривичниот законик, од кои едното полово дејствие го извршил пред дете кое наполнило 14 години. На 24 јули, патувајќи со воз, во …

Во воз кон Скопје се самозадоволувал пред малолетничка и жени Read More »