Еве какви се наодите на Државниот инспекторат за квалитетот на воздухот


Податоците за среднодневните концентрации на сулфур диоксид, азот диоксид, јаглерод моноксид и озон беа во рамките на граничната вредност на сите мерни места во државата, додека пак, податоците за среднодневните концентрации на суспендирани честички со димензија до 10 микрометри биле над рамките на граничната вредност на мерните места Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче, Ректорат, Ѓорче …

Еве какви се наодите на Државниот инспекторат за квалитетот на воздухот Read More »

Почна мерењето на квалитетот на воздухот во Струмица


Општина Струмица почна со мерење на квалитетот на воздухот во затворен простор и веќе десетина денови мерењата се вршат во ООУ „Никола Вапцаров“ и Клон 6 на градинката „Детска радост“ во Струмица. Според Томислав Андреев, раковител на Одделението за заштита на животната средина, ваквото мерење се спроведува прв пат во Општината и државата. -За да …

Почна мерењето на квалитетот на воздухот во Струмица Read More »

Франција треба да плати милиони евра казни за лош квалитет на воздухот


Францускиот Врховен суд за административна правда – Државниот совет – и наложи на владата да плати милиони евра казни за лошиот квалитет на воздухот во француските градови, јави ДПА. Судот пресуди дека владата не направила доволно за да обезбеди добар квалитет на воздухот. Помеѓу јули 2021 и 2022 година, горните граници за емисиите на азот …

Франција треба да плати милиони евра казни за лош квалитет на воздухот Read More »

Два последователни дена има надминати вредности на загадување, Владата и Градот треба да препорачаат мерки


Министерството за животна средина и просторно планирање денеска звести дека воздухот во повеќе делови од Скопје и во Струмица бил загаден над дозволеното два дена по ред. На ред се Владата и Град Скопје кои треба да донесат мерки за заштита на граѓаните од штетното влијание на загадениот воздух.  Согласно Уредба за изменување и дополнување …

Два последователни дена има надминати вредности на загадување, Владата и Градот треба да препорачаат мерки Read More »

Протест против аерозагадувањето во Скопје


Пред Собранието на Македонија денеска протест одржа иницијативата „Канцерогено општество“ со порака до властите да излезат со официјална стратегија и преземат конкретни мерки за почист воздух. На овој трет по ред протест активистите како главен загадувач во државата ја посочија индустријата и побараа од надлежните сите жешки еколошки точки, како РЕК Битола и Дрисла да …

Протест против аерозагадувањето во Скопје Read More »

Воздухот нè уби


Скопје, којзнае по кој пат зимава, се најде на првото место на листата на најзагадените градови во светот. Воздухот е тивок убиец на градот и на неговите жители. Колку повеќе ги дишеме отровите, толку повеќе стануваме свесни дека за да излеземе од маглата ќе мора многу повеќе да се потрудиме. Виновниците одамна требаше да ги …

Воздухот нè уби Read More »

Зимскиот распуст продолжен за два дена


Владата на Република Македонија попладнево донесе итна мерка за продолжување на зимскиот распуст за два дена, односно заклучно со 22 јануари (вторник), поради континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во Македонија, како и метеоролошките прогнози за следните денови. -Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни …

Зимскиот распуст продолжен за два дена Read More »

Рекордно загадување на воздухот во Кавадарци


Загадувањето со прекумерно присуство на ПМ 10 честички во воздухот руши рекорди во Кавадарци, реагираат од групата „Еко-аларм”. Во изјава за МИА, велат дека се свесни дека за загадувањето придонесуваат повеќе фактори, како неодговорни фирми, така и несовесни поединци. -Но, има решение за тоа. Откривање на виновниците и нивно казнување. Можеби само така ќе им …

Рекордно загадување на воздухот во Кавадарци Read More »

Возилата што загадуваат да плаќаат поскапа регистрација


Домаќинствата што се греат со фосилни горива најмногу го загадуваат воздухот со ПМ 10 и 2,5 честички, а дизел-возилата се главни загадувачи со азотни оксиди. Според студиите изработени од Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој на МАНУ, кои беа презентирани вчера на работилници во Градот Скопје, над 90 отсто од отровните прашини во воздухот …

Возилата што загадуваат да плаќаат поскапа регистрација Read More »

Скопје повторно тешко дише


Скопје повторно се најде на листата на најзагадени градови во светот. Со вредности на 165 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички, вчераутрото беше на седмото место на листата на апликацијата „Ер вижуал“, која го следи загадувањето во сите светски метрополи. Попладнето Скопје падна на 15. позиција со концентрации на ПМ 10 од 112 микрограми, …

Скопје повторно тешко дише Read More »

Сакаме воздух, многу ли бараме?


Високите вредности на ПМ 10 честичките не ги дочекаа ниските температури ниту, пак, грејната сезона да дојде во полн ек. Загадениот воздух полека, но сигурно, ни станува секојдневие, а свесни сме дека ќе биде само полошо. Здравствените организации токсичниот воздух веќе го карактеризираа како тивок убиец, а доказ за тоа се 500.000 смртни случаи годишно, …

Сакаме воздух, многу ли бараме? Read More »

За седум години, само една пресуда за загаден воздух


Супермаркет од Гевгелија што испуштал непријатна миризба и голема бучава од вентилациските цевки и со тоа ги загрозил жителите на три куќи е единствениот кривично осуден загадувач на воздухот од 2012 година до денес. Оваа пресуда била донесена од гевгелискиот суд во 2014 година и е единствената што може да се најде во судската архива …

За седум години, само една пресуда за загаден воздух Read More »

Загадувањето на воздухот е најголема закана за здравјето во Европа


Шведска– Европските држави треба да направат поголеми напори за подобрување на квалитетот на воздухот заради исклучително лошите резултати од влијанието на загаден воздух врз човековото здравје и околината, се наведува во анализа на Европската агенција за заштита на животната средина. Загадувањето на воздухот е главна причина за предвремена смрт во 41 европска држава меѓу кои …

Загадувањето на воздухот е најголема закана за здравјето во Европа Read More »

Во Аеродром воздухот повторно смрди


Ново Лисиче и Лисиче смрдат на чад и на изгорено, а градоначалникот Златко Марин вели дека се работи за мали пожари во кои гореле грмушки. Неколку денови по ред, особено во вечерните часови, жителите на Општината Аеродром, особено на овие две населби, повторно се борат за воздух. Почетокот на грејната сезона и првите пониски температури …

Во Аеродром воздухот повторно смрди Read More »

За чистење оџак, субвенција од 1.000 денари


Градот Скопје ќе субвенционира 1.000 денари за секое домаќинство или фирма, кои пред почетокот на грејната сезона ќе ги исчистат оџаците. Советот на Скопје вчера даде зелено светло од буџетот да се одвојат два милиони денари за субвенции за оваа намена. Целта, како што посочи градоначалникот Петре Шилегов, е да се намалат штетните емисии од …

За чистење оџак, субвенција од 1.000 денари Read More »

Ќе се утврдува колку загадува греењето на дрва


Повторно ќе се испитува квалитетот на воздухот во Скопје. Градските власти на тендер бараат компанија која по акредитирани методи во текот на 12 месеци ќе го испитува квалитетот на воздухот, со акцент на деловите од Скопје каде што затоплувањето е со печки на дрва. Слично истражување беше спроведено во 2016 и 2017 година, а повтореното …

Ќе се утврдува колку загадува греењето на дрва Read More »

Активистите за чист воздух незаинтересирани за „Дрисла“


Активистите за животна средина, особено оние кои се гласни кога станува збор за чистиот воздух очигледно не се сериозно заинтересирани за актуелните состојби во Скопје. Ако се суди по нивниот интерес за работата на депонијата „Дрисла“, не остана здружение кое и натаму ќе ги следи состојбите со амбиенталниот воздух и ќе се залага за негово …

Активистите за чист воздух незаинтересирани за „Дрисла“ Read More »

Сите градинки во Аеродром ќе добијат прочистувачи на воздух


Сите градинки во Општина Аеродром ќе добијат прочистувачи на воздухот. Општината веќе распиша набавка за купување на 83 прочистувачи, за кои проценила дека ќе плати околу 15.000 евра без ДДВ. „Тоа е една од интервентните мерки во борбата со нечистиот воздух. Планирано е прочистувач да има во буквално сите простории во секоја градинка. Очекуваме набавката …

Сите градинки во Аеродром ќе добијат прочистувачи на воздух Read More »

Протест против загадениот воздух пред Владата


Група граѓани денеска протестираа пред зградата на Владата против загадениот воздух. Граѓаните се организираа преку социјалните мрежи, каде повикаа за масовност на протестот. Со пароли „Вие и вашите деца дишете друг воздух?!“, „Сакам да дишам“, „Чист воздух-здрави деца“, тие се обидоа да ја подигнат свеста кај јавноста да се придонесе за почист воздух. – Британската …

Протест против загадениот воздух пред Владата Read More »