Надлежните институции да ја финализираат реформската агенда за Планот за раст


Владата, на предлог на Секретаријатот за европски прашања, денеска во рамки на 12. седница, ја разгледа и усвои Информацијата за статусот на подготовка на Реформската агенда 2024-2027, во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан. Како што соопшти владината прес служба, задолжени се надлежните институции, да ја финализираат нацрт-реформската агенда 2024-2027, која …

Надлежните институции да ја финализираат реформската агенда за Планот за раст Read More »

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница


Владата одлучи на следната седница да се донесе одлука во врска со кадровското решение во Центарот за управување со кризи, наведува владината прес служба во соопштение за одлуките од денешната 12. владина седница. Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство и директор на ЦУК, претходно денеска изјави дека доколку Владата и техничкиот премиер Талат Џафери го разрешат, …

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница Read More »

Владата донесе одлука за намалување на коефициентите на платите на функционерите


  Владата донесе одлука со којашто се намалуваат коефициентите за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата.   Со Одлуката се намалуваат коефициентите на платите на именувани функционери во Владата, национални координатори и други функционери, на директори и други именувани лица на органи во состав на министерствата, на директори и други именувани лица …

Владата донесе одлука за намалување на коефициентите на платите на функционерите Read More »

Владата ги утврди предлог-законите за обновливи извори и законот за енергетика


Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, утврди текстови на два предлог на закони во областа на енергетската сфера: Предлог на Закон за обновливи извори на енергија и Предлог на Закон за енергетика, чијашто материја претходно била уредена во еден закон. Новината што се воведува, да има посебен закон за обновливи извори на енергија, …

Владата ги утврди предлог-законите за обновливи извори и законот за енергетика Read More »

Владата на Швајцарија официјално го одобри обновувањето на преговорите со ЕК


Швајцарската Влада (Федералниот совет) денеска официјално го одобри обновувањето на преговорите на земјата со Европската комисија за склучување на рамковен договор со кој се дефинираат односите меѓу Швајцарија и ЕУ. „Разговорите содржани во одобрениот мандат имаат за цел да ги стабилизираат и развиваат билатералните односи на Швајцарија со Европската унија“, се вели во соопштението на …

Владата на Швајцарија официјално го одобри обновувањето на преговорите со ЕК Read More »

Владата го утврди и усвои текстот на Националната развојна стратегија 2024-2044


Владата на денешната седница го прифати текстот на Националната развојна стратегија 2024- 2044 година, чијшто предлагач е канцеларијата на премиерот. Одлучено е текстот за Националната развојна стратегија 2024- 2044 година да се достави на разгледување во Собранието на Република Северна Македонија, како следен чекор кон имплементација на Стратегијата, соопшти владината прес-служба. Националната развојна стратегија е …

Владата го утврди и усвои текстот на Националната развојна стратегија 2024-2044 Read More »

Брза лента за издавање на патни документи за сите професионални возачи


По иницијатива на Министерството за транспорт и врски, Владата донесе одлука за приоритетно издавање на патни документи за сите професионални возачи. „Овозможуваме непречен меѓународен транспорт и побрзо издавање на патни исправи за домашните транспортери“, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, откако денеска на седница на Владата се донесе одлука за воспоставување на брза …

Брза лента за издавање на патни документи за сите професионални возачи Read More »

Владата именуваше членови на Националниот совет за развој


Влaдата на денешната седница ја разгледа и усвои и Информацијата со Предлог – решение за именување членови на Националниот совет за развој, на предлог на Генералниот секретаријат на Владата и донесе Решение за именување членови на Националниот совет за развој. Од страна на Владата, претходно, беше донесeна Одлука за формирање на Национален совет за развој, …

Владата именуваше членови на Националниот совет за развој Read More »

Владата предлага да не смее да се гради во старото градско јадро на Охрид


Заради исполнување на препораките на УНЕСКО за заштита на Охридскиот Регион,  Владата го утврди изготвениот Предлог на закон за измени и дополнувања на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за  културно наследство од особено значање. Со Предлог-законот кој Владата го утврди на денешната седница се предлага заострување на режимот на заштита на …

Владата предлага да не смее да се гради во старото градско јадро на Охрид Read More »

Маричиќ прв вицепремиер во преодната Влада, за вицепремиери определени и Груби, Битиќи и Грковска


 Бојан Маричиќ е определен за прв вицепремиер задолжен за европски прашања, а досегашниот прв вицепремиер Артан Груби, за заменик на претседателот на Владата задолжен за координација на политички прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.  Како што соопшти владината прес-служба, премиерот на преодната Влада Талат Џафери, на првата седница на …

Маричиќ прв вицепремиер во преодната Влада, за вицепремиери определени и Груби, Битиќи и Грковска Read More »

Владата се премисли: За Божик да не работат продавниците на мало


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека Владата на Република Северна Македонија на денешната 216-та седница ја промени препораката за работа во недела и за време на божиќните празници во трговијата на мало, донесена на 214-та владина седница. Имено, Владата го разгледа и прифати посочувањето на Министерството за труд и социјална политика, дека 7 …

Владата се премисли: За Божик да не работат продавниците на мало Read More »

Владата препорача продавниците да работат за време на новогодишните и божиќните празници


Владата препорачува за време на новогодишните и божиќните празници, односно на 31 декември 2023 година и 1 јануари 2024 година и 7 јануари и 8 јануари 2024 година да работат продавниците, штандовите и киосците кои вршат трговија на мало. Предлагач е Министерството за економија. Оваа препорака е од денешната 214-та владина седница.  Како што информира …

Владата препорача продавниците да работат за време на новогодишните и божиќните празници Read More »

Мислење за Фетаи, Раичевиќ и Коцевски побара Владата по огласот за јавен обвинител


Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница донесе одлука да достави писмо до Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, со барање писмено мислење за пријавените кандидати на Огласот за именување на јавен обвинител на Република Северна Македонија. Советот на ЈО, согласно законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно …

Мислење за Фетаи, Раичевиќ и Коцевски побара Владата по огласот за јавен обвинител Read More »

Утврден текстот на предлог-законот за забрана на нефер трговски практики


 Владата на денешната седница разгледа и донесе повеќе одлуки, меѓу кои утврдениот текст на Предлог на закон за забрана на нефер трговски практики, во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи, утврдените текстови на предлози на закони за измени и дополнувања на законите за јавнообвинителска служба и за судска служба со цел усогласувања на …

Утврден текстот на предлог-законот за забрана на нефер трговски практики Read More »

Влада: Пренамена на две милијарди денари за реализација на 66 проекти во најголем дел од општините


Одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари за реализација на 66 проекти во најголем дел од општините донесе Владата на денешната седница. -Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари коишто ќе бидат насочени за реализација на …

Влада: Пренамена на две милијарди денари за реализација на 66 проекти во најголем дел од општините Read More »

Министерството за култура ја презема реконструкцијата на Универзалната сала


  На денешната владина седница е усвоена информацијата од Министерството за култура за пренесување на правото за реконструкција на Универзалната сала, соопшти вечерва владината прес-служба. Со ова, правото за реконструкција на Универзална сала се пренесува од Град Скопје на Министерството за култура. – Владата го задолжи Министерството за култура, по приемот на целокупната документација од …

Министерството за култура ја презема реконструкцијата на Универзалната сала Read More »

Донесена Уредба со која се овозможува службените дописи да се потпишуваат со електронски потпис


На предлог на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, Владата усвои измени на Уредбата за канцелариско и архивско работење, со што ќе се овозможи институциите да работат целосно дигитално со употреба на електронски потписи, соопшти владината прес-служба. – Ова е итно решение со кое ќе се премости периодот …

Донесена Уредба со која се овозможува службените дописи да се потпишуваат со електронски потпис Read More »

Владата даде поддршка за воведување брз автобуски превоз во Скопје


Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски, ја разгледа и усвои Информацијата во врска со продолжување на постапката за реализација на проектот „Воведување брз автобуски превоз во град Скопје“, со Предлог договор за имплементација и даде поддршка проектот да продолжи да се реализира. Според Информацијата од ресорното министерство, во текот на месец септември, …

Владата даде поддршка за воведување брз автобуски превоз во Скопје Read More »

Втора средба на Синдикатот на УПОЗ и Владата


 Синдикатот на УПОЗ попладне повторно треба да се сретне со претставници на Владата. На средбата ќе се разговара за барањата на вработените во судската и јавнообвинителската служба кои бараат зголемување на платите за 78 проценти и исплата на додатоците за плата.  Минатата недела се одржа првата средба која заврши без конкретен договор. По средбата, претседателот …

Втора средба на Синдикатот на УПОЗ и Владата Read More »

Штрајкот на М-НАВ е одложен – авионите и денеска ќе летаат


Владата соопшти дека е постигната согласност да се работи на отворените прашања од страна на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) со што е овозможено авионскиот сообраќај да се одвива редовно. Според Владата, согласноста е постигната на состанокот одржан во Министерството за транспорт и врски, со претставници од Синдикатот на М-НАВ (ССКЛ) и менаџментот …

Штрајкот на М-НАВ е одложен – авионите и денеска ќе летаат Read More »