Општина Виница ја повторува постапката за формирање Локален младински совет


Општина Виница ја повторува постапката за формирање Локален младински совет, откако пред една и пол година неуспешно завршија активностите за конституирање на општинското тело. Недоволниот интерес меѓу младите е главната причина поради која на локално ниво досега нема институционално тело кое ќе се грижи за прашањата и проблемите што ги засегаат, како и за подобрување …

Општина Виница ја повторува постапката за формирање Локален младински совет Read More »

Граѓаните на Виница одлучија да се реализира проект од заштитата на животната средина


 На првата воведна сесија од проектниот Форум во заедницата, што попладнево се одржа во Виница, граѓаните одлучија да се реализира проект од областа на заштитата на животната средина и енергетската ефикасност. Виница е една од десетте општина во државата кои се опфатени со втората фаза на проектот „Зајакнување на општинските совети“, што се реализира во …

Граѓаните на Виница одлучија да се реализира проект од заштитата на животната средина Read More »

Заврши репроцената на недвижниот имот во Општина Виница, даночната стапка нема да се зголемува


Непроменета останува даночната стапка за данокот на имот на недвижности на територијата на општина Виница откако беше направена законската репроцена, односно ревизија на пазарната вредност на недвижниот имот. Стапката на данокот нема да се зголеми од досегашните минимални 0,10 отсто од пазарната вредност на недвижниот имот, односно на 0,05 отсто од вредноста на објектот во …

Заврши репроцената на недвижниот имот во Општина Виница, даночната стапка нема да се зголемува Read More »

Пронајдено телото на исчезнатиот од Виничко


Во текот на вчерашниот ден во 18.13 часот во с.Истибања, виничко, кај место викано „Шилковица“, во канал за наводнување од река Брегалница, било пронајдено безживотното тело на Ј.Ѓ.(27) од виничко, за кого претходната вечер било пријавено дека се оддалечил од домот. – Телото било извлечено од страна на Територијалната противпожарна единица Виница, а лекар од …

Пронајдено телото на исчезнатиот од Виничко Read More »

Во прекин сообраќајот на патот Берово – Виница, поради невремето критично на влезот во Смојмирово


Поради невремето кое ја зафати Малешевијата во прекин сообраќајот на регионалниот патен правец Берово – Виница. Причина за прекинот е надојдена вода од Колачински поток, поради што во моментот има забрана за движење на овој патен правец. Информацијата ја потврдија од ЦУК од каде додадоа дека поради обилните врнежи од дожд надојдена е Смојмирска река …

Во прекин сообраќајот на патот Берово – Виница, поради невремето критично на влезот во Смојмирово Read More »

Ќе се реконструираат домот на културата, музејот и општинската зграда во Виница


Општинската зграда, Домот на културата „Тошо Арсов“ и музејот „Теракота“ во Виница ќе добијат термоефикасна фасада, подобрен пристап и проширување на просторот за извршување на дејностите, во рамки на проектот за нивна реконструкција и адаптација. Носител на проектот „Енергетски ефикасен, пристапен и достапен објект за сите – Општина Виница“ е Центарот за развој на Источниот …

Ќе се реконструираат домот на културата, музејот и општинската зграда во Виница Read More »

„Винербергер“ од Виница 120 свои вработени ги направи акционери


Вработените во компанијата „Винербергер“ – Виница оваа година добија навистина уникатна новогодишна честитка. Имено, за постигнатиот успех во текот на 2022 година, на вчерашната новогодишна прослава 120 вработени добија понуда што не се одбива: да станат акционери во компанијата. Овој гест од страна на компанијата е дел од Програмата за учество на вработените во профитот …

„Винербергер“ од Виница 120 свои вработени ги направи акционери Read More »

Во Виница 36 социјално загрозени семејства ќе добијат стан


Министерството за транспорт и врски денеска го објави јавниот оглас за распределба на 36 станови во социјалната зграда во Виница. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по тој повод изврши обиколка на зградата, од каде ги објасни критериумите за распределба. Јавниот повик трае до 16 номеври и на него може да аплицираат шест категории …

Во Виница 36 социјално загрозени семејства ќе добијат стан Read More »

Загина 25-годишник во сообраќајка кај Виница


Момче на возраст од 25 години загина во сообраќајка во близина на Виница.  На 27.08.2022 во 02:15 часот било пријавено дека на регионален пат во близина на „Оранжерии“-Виница  патничко моторно возило “Фиат пунто“ со винички регистарски ознаки, управувано Д.С.(25) од Виница, излетало од патот, соопшти полицијата.  Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а …

Загина 25-годишник во сообраќајка кај Виница Read More »

Невреме во Виница, одрони на патот кон Берово


  Територијата на Општина Виница попладнево беше погодена со обилни  врнежи од дожд и притоа регистрирани се одрони на патот Берово – Виница, заради што надлежните апелираа на внимателно возење долж овој патен правец. Претходно Центарот за управување со кризи соопшти дека како поплавени во Виница се пријавени 30 до 40 објекти. На терен интервенираат …

Невреме во Виница, одрони на патот кон Берово Read More »

ЦУК: Пријавени околу 40 поплавени објекти по обилните дождови во Виница


Центарот за управување со кризи попладнево соопшти дека по обилните врнежи од дожд во Виница како поплавени се пријавени 30 до 40 објекти. На терен интервенираат од ЈКП „Солидарност“ Виница со една пумпа и двајца вработени, ТППЕ Виница со две пумпи и четворица пожарникари и од ТППЕ Кочани со три пумпи и шест пожарникари. -Во …

ЦУК: Пријавени околу 40 поплавени објекти по обилните дождови во Виница Read More »

Руски ракети го погодија центарот на украинска Виница, најмалку 20 загинати


  Најмалку 20 лица, меѓу кои три деца, загинаа, а десетици други се повредени во ракетен напад врз градот Виница во централна Украина. Ова го соопшти заменик-шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Кирило Тимошенко. Повеќе од 90 лица побарале лекарска помош. Според украинската полиција, три руски ракети погодиле деловна зграда. Покрај тоа, Офицерскиот дом …

Руски ракети го погодија центарот на украинска Виница, најмалку 20 загинати Read More »

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба против директор на ЈКП „Солидарност“ – Виница


Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница, до Основното јавно обвинителство Кочани, поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и несовесно работење во службата против едно лице, за кое постои основано сомневање дека како директор на Јавното комунално претпријатие „Солидарност“ – Виница во периодот од 01.01.2014 до 22.11.2017, го оштетил јавното претпријатие за …

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба против директор на ЈКП „Солидарност“ – Виница Read More »

Приведен 53-годишен маж од Виница кој допирал и бакнувал малолетничка


 Полицијата вчера приведе 53-годишен маж од Виница кој допирал и бакнувал малолетничка. – На 26 февруари во 15.30 часот од полициски службеници од Полициската станица Виница бил лишен од слобода С.И.(53) од Виница по претходна пријава дека на 25 февруари околу 14 часот во Виница допирал и бакнувал малолетничка, соопшти МВР. По целосното расчистување и …

Приведен 53-годишен маж од Виница кој допирал и бакнувал малолетничка Read More »

Почнаа археолошки истражувања на нов локалитет во Виничко


Група арехолози од музејот „Теракота“ од Виница почнаа со нови ископувања и истражувања на локалитетот Русалински гробишта во близина на селото Виничка Кршла. Истражувањата се дел од проектот од национален интерес што финансиски го помага Министерството за култура, а поддршка обезбеди и локалната самоуправа на Виница. – Во првичните ископувања, во кои се вклучени археолози …

Почнаа археолошки истражувања на нов локалитет во Виничко Read More »

Поради врнежи од снег во прекин сообраќајот на патот Берово-Виница


Од 18.10 часот вечерва поради снежни врнежи е во прекин патниот правец Берово-Виница за патнички и за тешки товарни возила, информираат од Автомотосојузот на Македонија. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на …

Поради врнежи од снег во прекин сообраќајот на патот Берово-Виница Read More »

Пороен дожд во Виничко, Гостиварско, Крива Паланка и Демир Хисар


Нестaбилно време проследено со пороен дожд и грмежи попладнево имаше во виничкиот регион, Гостиварско, Крива Паланка и во демирхисарското подрачје. До крајот на денот, како што информираат од УХМР, се очекува постепено стабилизирање на временската состојба. Ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец Утре времето ќе биде сончево со мала до …

Пороен дожд во Виничко, Гостиварско, Крива Паланка и Демир Хисар Read More »

Запален автомобил на пратеничка на СДСМ од Виница


Автомобил „сеат леон“ со винички регистарски таблички ноќеска е запален во Виница. Дел од медиумите објавија дека станува збор за автомобилот на пратеничката на СДСМ Славица Шуманска-Митева. Случајот е евидентиран и во билтенот на Министерството за внатрешни работи каде се наведува дека непознати лица синоќа околу 1:30 часот на улицата „Славчо Стојменски“ го скршиле стаклото …

Запален автомобил на пратеничка на СДСМ од Виница Read More »

Силувано 10-годишно девојче во Виница


Десетгодишно девојче било силувано во Виница од страна на момчето на нејзината мајка. Триесет и тригодишната жена по потекло од Штип на 16 декември во полицијата во Виница пријавила дека А.Х (22) со кого живеела во вонбрачна заедница ја силувал нејзината ќерка. По извршениот разговор со сите лица во полициската станица, на кој присуствувал и …

Силувано 10-годишно девојче во Виница Read More »

Полов напад врз 16 годишна девојка во Виница


Полицијата вчера добила пријава за силување на шеснаесетгодишна малолетничка на градскиот стадион во Виница. Во претпладневните часови на градскиот стадион во Виница лицето У.Ќ. (18) од Виница извршило кривично дело „силување“ над шеснаесетгодишна малолетничка, соопшти полицијата. Околу 7:30 часот малолетничката заминала на настава во средното училиште, од каде за време на одморот У.Ќ. насилно ја однел кај …

Полов напад врз 16 годишна девојка во Виница Read More »