Бектеши: Домашните производители на брашно следната недела ќе ги намалат цените


Производителите на брашно во државата следната недела дополнително ќе ја намалат цената на брашното, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил. -Денеска бев информиран дека од наредна недела ќе следи дополнително намалување на цената на брашното, од нашите производители, напиша Бектеши. 

Во 2023 година стабилни цени на лебот и брашното


Граѓаните во 2023 година може да очекуваат стабилни цени на брашното и лебот, велат мелничарите. Тоа, нагласуваат, е последица, пред се, од донесувањето на владината Одлука со која на компаниите им се овозможи да плаќаат струја по 80 евра за мегават час. Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија, Горан Малишиќ, мелничката …

Во 2023 година стабилни цени на лебот и брашното Read More »

Брашното во Австрија поскапе за 129 отсто, путерот за 76 проценти


Цените на основните намирници во Австрија и понатаму растат, соопшти Работничката комора. Најевтиното брашно на годишно ниво поскапе за 129 отсто, путерот за 76, а јајцата за 47 проценти. „Бројките се алармантни“, укажа Работничката комора. Анализа на цени во седум супермаркети и дисконти покажа дека за најевтино брашно, за килограм во јуни минатата година се …

Брашното во Австрија поскапе за 129 отсто, путерот за 76 проценти Read More »

Српската Влада ги ограничи цените за брашното, зејтинот, млекото, шеќерот и ги намали акцизите за горивата


Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Владата на Република Србија соопшти дека на денешната седница на Владата биле усвоени Уредбата за ограничување на цената на основните прехранбени производи и Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати – кој се продолжува до 31 јули. Донесена е и Одлуката …

Српската Влада ги ограничи цените за брашното, зејтинот, млекото, шеќерот и ги намали акцизите за горивата Read More »

Австрија: Неверојатно поскапување на брашното


Во Австрија цените на храната значително се зголемија во последните месеци, со што најевтиниот вид брашно е поскап за дури 127 отсто на годишно ниво, покажа истражувањето на Комората на труд (АК). Секој што сака да испече торта ќе мора да ја стави раката во паричникот многу подлабоко од минатата година за одредени состојки. Така, …

Австрија: Неверојатно поскапување на брашното Read More »

Српската влада дозволи извоз на брашно


Владата на Србија денеска одлучи да дозволи извоз на брашно бидејќи е проценето дека тоа нема да ја загрози понудата на домашниот пазар, јави Бета. Извозот на брашно е овозможен со изменување и дополнување на Одлуката за привремено ограничување на извозот на основните земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, со која се воведени квантитативни ограничувања на …

Српската влада дозволи извоз на брашно Read More »

Србија донесе одлука да испорача пченица, брашно и пченка за Албанија, ќе испорача и за Македонија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека Владата денеска донела одлука за испорака на 27.000 тони пченица и брашно во Албанија, како и значителни количини пченка, како и дека во рамките на Отворен Балкан, според договореното, ќе и биде испорачано и на Сверна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Бидејќи во Албанија не можат …

Србија донесе одлука да испорача пченица, брашно и пченка за Албанија, ќе испорача и за Македонија Read More »

Ќе има доволно пченица, пченка и брашно, Србија ја крева „рампата“ за Северна Македонија


Граѓаните да бидат спокојни, ќе има доволно количини пченица, пченка, брашно и масло за јадење, порача вчера од Белград министерот за земјоделство, шумарство и водостапанство Љупчо Николовски. Тој имаше работна средба со српскиот вицепремиер и министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ на која, како што соопшти, е договорено во следните 7 – 10 дена да се …

Ќе има доволно пченица, пченка и брашно, Србија ја крева „рампата“ за Северна Македонија Read More »

Владата ја продолжи до 15 април забраната за извоз на одделни житарици, брашно, сончоглед и сончогледови масла


Владата на Република Северна Македонија на денешната 31 седница го продолжи рокот на одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки донесена на 26-тата седница од 11 март, со што ограничувањето за извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед, е …

Владата ја продолжи до 15 април забраната за извоз на одделни житарици, брашно, сончоглед и сончогледови масла Read More »

Апел до Германците да не прават залихи на брашно и сончогледово масло


Здружението на германски трговци со животни намирници  денеска апелираше до потрошувачите да не складираат прехранбени производи, особено брашно и сончогледово масло. – Како и на почетокот на кризата со коронавирусот, клиентите треба да покажат солидарност и да купуваат во вообичаените количества, изјави портпаролот на тоа здружение, Кристијан Бочер. Малопродажните синџири забележаа зголемена набавка на сончогледово …

Апел до Германците да не прават залихи на брашно и сончогледово масло Read More »

Бектеши смирува: Брашно има доволно


Има повеќе од доволна количина на брашно во државата, млиновите имаат задоволителна количина на залихи за да ги покријат потребите на домашниот пазар. Нема никаков простор да се создава паника кај граѓаните за непотребно купување на брашно, имајќи во предвид дека сите количини на брашно кои и се потребни на државата ги имаме во моментот, …

Бектеши смирува: Брашно има доволно Read More »

Владата го ограничи извозот на одделни житарки, брашно, сончоглед и сончогледови масла


Се ограничува извозот на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед, како и масла од семе од сончоглед, одлучи Владата на 26-тата седница.   -Одлуката за ограничување на извозот на овие стоки Владата на Северна Македонија  ја донесе како превентива за да се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и …

Владата го ограничи извозот на одделни житарки, брашно, сончоглед и сончогледови масла Read More »

Пченица и брашно ќе има, граѓаните да не креваат паника, порачуваат од мелничко-пекарската индустрија


Граѓаните да не стравуваат и да не креваат паника, зашто стопанствениците ќе обезбедат доволно пченица и брашно, вели за МИА претседателот на Групацијата за мелничко-пекарска индустрија во Стопанската комора на Северна Македонија, Горан Малишиќ. Според Малишиќ, санкциите кон Русија од македонска страна би биле катастрофални ако ние како држава не би имале други пазари за …

Пченица и брашно ќе има, граѓаните да не креваат паника, порачуваат од мелничко-пекарската индустрија Read More »

Даути: Во Косово се извезува македонско брашно


Во Косово се извезува македонско брашно, а српскиот министер Расим Љајиќ проблемот со косовските такси за српските производи треба да го решава во Брисел, а не преку трговците во Македонија, порачува сопственикот на „Даути комерц“, Џемаил Даути. -Факт е дека македонските мелничари увезуваат пченица од Србија, но ние имаме и сопствено производство. Брашното што се …

Даути: Во Косово се извезува македонско брашно Read More »

Македонија извезува пченица, а увезува брашно


Од 11 до 11,5 денари за килограм е откупната цена на пченицата, но количините главно се извезуваат во Грција и Албанија, велат производителите. Во меѓувреме, преработувачите увезуваат српско брашно зашто, според нив, пазарната логика е – најдобра цена за најдобар квалитет. Како што рече денеска претседателот на Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори (ССК) …

Македонија извезува пченица, а увезува брашно Read More »

Нема договор за цената на пченицата


Мелничарите сакаат да платат пазарна, а земјоделците бараат договорена цена од 12 денари за килограм пченицата. Десетина дена пред почетокот на жетвата на оваа стратегиска култура, нема договор меѓу Министерството за земјоделство, производителите и откупувачите. Прашањето за откупните цени на пченицата се отвори и годинава, без разлика што временските услови беа исклучително поволни и земјоделците …

Нема договор за цената на пченицата Read More »

Николовски не прецизира дали ќе се укинат маркичките за брашното


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска изјави дека очекува до 30 јуни да се најде трајно решение за маркичките за брашното, но не прецизира дали тие ќе се укинат. Според Николовски, маркичките непотребно постојат и само ги оптоваруваат увозниците и домашните производители. Во врска со заканата на мелничарите дека нема да откупуваат …

Николовски не прецизира дали ќе се укинат маркичките за брашното Read More »

Николовски: Нема проблем со брашното


Нема никаков проблем, тоа што е догогворено во Скопје се спроведува. Мешовитиот комитет заседаваше во Белград, ќе продолжи со седница во Скопје, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, во врска со увозот на српско брашно за којшто Србија вчера најави воведување контра мерки ако ситуацијата не се надмине до 14 април. …

Николовски: Нема проблем со брашното Read More »

Србија со контра-мерки за Македонија ако нема решение за брашното


Белград- Ако до 14 април не се најде трајно решение за извозот на брашното во Македонија, Србија ќе воведе контра мерки, соопшти српскиот министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ. Гостувајќи во утринската програма на ТВ Н1, Љајиќ рече дека Србија ќе биде трпелива зашто трговската и царинската војна не се во интерес на …

Србија со контра-мерки за Македонија ако нема решение за брашното Read More »

Прва седница на Мешовитиот комитет на Македонија и Србија


Во Белград денеска ќе се одржи првата седница на Мешовитиот комитет на Македонија и Србија чија цел е надминување на бариерите и сите отворени прашања за полесен проток на стоки и унапредување на размената. Комитетот се формира по иницијативата што произлезе од средбата на министрите Љупчо Николовски и Расим Љајиќ во Скопје, на 7 март, …

Прва седница на Мешовитиот комитет на Македонија и Србија Read More »