Бошњаковски: Се трудиме да ги надминиме грешките во однос на Законот за јазиците


Владата не работи врз принцип на казни, туку во духот на соработка, кооперација, пријателство и разбирање. Постојат недоследности и грешки во однос на Законот за јазиците кои се трудиме да ги надминиме и поправиме, порача денеска на прес-конференција владиниот портпаролот Миле Бошњаковски. Ова го кажа на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали ќе следува …

Бошњаковски: Се трудиме да ги надминиме грешките во однос на Законот за јазиците Read More »

Новото уставно име може да биде внесено во учебниците уште во следната школска година


Постои можност во следната школска година во учебниците да биде внесено новото уставно име Република Северна Македонија , но само доколку ставовите се усогласат на паритетна основа и доколку роковите за новата учебна година и наставните програми го овозможуваат тоа. Ова го изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Миле Бошњаковски кој напомена дека сепак …

Новото уставно име може да биде внесено во учебниците уште во следната школска година Read More »

Бошњаковски: Уште траат консултациите за нацрт амандманите на Уставот


Уште траат координациите околу усогласувањето за измените на Уставот, изјави за МИА портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. – Во оној момент кога тие ќе бидат во пишана форма ќе бидат јавно објавени и доставени до Собранието за нивно финализирање, изјави Бошњаковски, не прецизирајќи притоа кога би можело тоа да се случи, по најавите дека дел од амандманите …

Бошњаковски: Уште траат консултациите за нацрт амандманите на Уставот Read More »

Бошњаковски: Одлуката за 30-дневен притвор за Ристевска е престрога


Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција соопшти дека одлуката за притвор од 30 дена за Моника Ристевска за Владата делува престрого во однос на стореното дело. „Сакаме како Влада да укажеме дека мора да се почитуваат законските прописи и дека Македонија е држава која се темели на владеење на правото. Владата како за сите …

Бошњаковски: Одлуката за 30-дневен притвор за Ристевска е престрога Read More »

Најниската цена клучна кој ќе го добие тендерот


Тендерот тежок 660 илјади евра на Службата за општи и заеднички работи при Владата, за хортикултурно одржување и уредување на 20 државни објекти низ државава, е за површина од 133.654 квадратни метри и за период од три години. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски објасни дека наведената сума во тендерот е само проценка и дека не значи …

Најниската цена клучна кој ќе го добие тендерот Read More »

На Бачев не му е јасно што се потресува владата кога Албанци и Шиптари било исто


Владата ја осуди понеделничката изјава на лидерот на „Единствена Македонија“, Јанко Бачев, кој во контекст на неговиот став за бојкот на референдумот, изјави дека „американскиот амбасадор Бејли и шиптарските партии во Македонија почнаа веќе отворено да кажуваат дека ќе има војна“. Од „Илинденска“ апелираат надлежните институции да истражат дали содржи говор на омраза и соодветно …

На Бачев не му е јасно што се потресува владата кога Албанци и Шиптари било исто Read More »

Бошњаковски: Амнестија нема да има


Амнестија за судските постапки што се водат, а  кои произлегоа по објавувањето на прислушуваните разговори, нема да има, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски. – Не постои никаква можност за амнестија, директна или индиректна, за случаите за кои се води постапка, а кои произлегоа од објавените „бомби“, рече Бошњаковскии на денешната прес-конференција во Владата.

Бошњаковски: Историски ден и за Европа


Ова е историски момент не само за двете земји, ова е историски момент и за целиот регион, за Балканот, за Западен Балкан, но и за Европа, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски за грчката новинска агенција АНА-МПА. – Важно е што гледаме дека прогресивните политички сили во двете земји го решаваат проблемот што 25 години го …

Бошњаковски: Историски ден и за Европа Read More »

Бошњаковски: Химната, знамето и грбот остануваат исти


Нон-пејперот од договорот за решавање на спорот за името помеѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас што се појави во грчката јавност, според портпаролот на македонската Влада Миле Бошњаковски, е интерпретација и не соодветствува со оригиналните членови на договорот. – Во основата на договорот е утврдено како Грција го толкува и поимува терминот Македонија. И тие го …

Бошњаковски: Химната, знамето и грбот остануваат исти Read More »

Бошњаковски: Заев испрати замолница до Вартоломеј, не е барано бришење на зборот „македонска“


Премиерот Зоран Заев има испратено замолница до вселенскиот патријарх Вартоломеј за решавање на долгогодишното црковно прашање и во неа не е побарано бришење на зборот „македонска“, рече денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Ова, потенцираше, е еден вид придонес што сметаме дека треба да биде даден кон решавање на овој долгогодишен црковен проблем. Сите останати информации …

Бошњаковски: Заев испрати замолница до Вартоломеј, не е барано бришење на зборот „македонска“ Read More »

Бошњаковски: Средбата Заев-Ципрас е исчекор кон конечно решение за прашањето за името


Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска во коментар за очекувањата на Владата и шансите да се затвори прашањето за името на утрешната средба на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, рече дека таа е исчекор кон конечно решение. – Во однос на утрешната средба на премиерите Заев и …

Бошњаковски: Средбата Заев-Ципрас е исчекор кон конечно решение за прашањето за името Read More »

Во првата година МРТ ќе биде финансирана со 0,7 отсто од Буџетот


Целта на измените и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е департизација и професионализација на МРТ и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Владата вчера веќе го испрати законот во Собранието. Суштинските измени што се предлагаат, како што изјави портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, се однесуваат на изборот на управните тела и …

Во првата година МРТ ќе биде финансирана со 0,7 отсто од Буџетот Read More »

Влада на РМ: Не се разговара за потенцијално име


Не се разговара за потенцијално име. Се гради довербата меѓу двете влади, нов момент на пријателство, рече денеска на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со разговорите меѓу Скопје и Атина за решавање на прашањето за името. Одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата. Бошњаковски потенцира дека целта е прашањето да биде …

Влада на РМ: Не се разговара за потенцијално име Read More »