Белгија отвори истрага против европратениците поради сомневање дека работеле за интересите на Русија


Белгискиот сојузен обвинител отвори истрага против претставниците на Европската унија (ЕУ) обвинети за примање плаќања за ширење проруска пропаганда. Премиерот Александар Де Кро изјави за новинарите дека белгиските разузнавачки служби го потврдиле постоењето на проруска мрежа што се гони во земјата. Неодамнешната истрага на чешките власти откри дека европратениците кои седат во Европскиот парламент во …

Белгија отвори истрага против европратениците поради сомневање дека работеле за интересите на Русија Read More »

Мерис: Ви требаат политички партии што ќе ги надминат етничките линии заради доброто на земјата


  Амбасадорот  на Белгија одговорен за Македонија, Фредерик Мерис, неделава во македонското Собрание ги преставуваше приоритетите на белгиското претседателство, токму кога се случуваше драмата околу смените во техничката влада, а надвор од собраниските кулоари се тркалаше пасошката драма. Како амбасадор на земја претседавач  со ЕУ, кој исто така ја покрива Македонија од Бугарија, а е …

Мерис: Ви требаат политички партии што ќе ги надминат етничките линии заради доброто на земјата Read More »

Возење низ бајковитите пејзажи со звукот на морето: Најдолгата трамвајска линија во светот од 68 километри


Патувањето со трамвај во Белгија навистина има посебен шарм, особено ако се одлучите за најдолгата линија на светот. Ќе имате прекрасен поглед на Северното Море, живописни села покрај брегот, како и бројни интересни работи на кои ќе наидете на патот, а ова задоволство воопшто не чини многу. Ако некогаш сте се запрашале каде е најдолгата …

Возење низ бајковитите пејзажи со звукот на морето: Најдолгата трамвајска линија во светот од 68 километри Read More »

Белгија се подготвува за температури под нулата


Почнувајќи од денеска, па во текот на следната недела Белгија ќе биде зафатена од студен бран со температури под нулата, јави дописникот на МИА од Брисел.  Како што соопшти белгискиот Кралски метеоролошки институт, Белгија ќе биде зафатена со најстуденото време од февруари 2021 година, при што температури ќе се движат од минус 5 до нула …

Белгија се подготвува за температури под нулата Read More »

Новогодишна елка падна врз луѓе на божиќниот панаѓур во Белгија – загина жена (видео)


Една жена загина откако вчера на панаѓур во Белгија врз неа падна елка висок 20 метри, објавија локалните медиуми. Огромното дрво на божиќниот пазар во градот Однаарде, на околу 50 километри западно од Брисел, вчера вечерта не издржало силен налет на ветер, јави белгиската новинска агенција Белга. Kerstboom valt omver in Oudenaarde. Er valt 1 …

Новогодишна елка падна врз луѓе на божиќниот панаѓур во Белгија – загина жена (видео) Read More »

Во Белгија почнува судскиот процес против 124 обвинети за меѓународна трговија со накротици


Во Брисел денеска почнува судскиот процес против 124 обвинети за нелегален увоз и шверц на дрога, јавија локалните медиуми. Изрекувањето на пресудата се очекува кон средината на следната година. Истрагата беше покрената откако полициските служби во Белгија, Холандија и Франција соработуваа за да упаднат во шифрирана телефонска мрежа. Во овој случај, осомничените сторители комуницирале преку …

Во Белгија почнува судскиот процес против 124 обвинети за меѓународна трговија со накротици Read More »

Белгијците не очекуваат значајни резултати од претседавањето на нивната земја со ЕУ


 Белгијците се скептични дека нивната земјата ќе може да одигра значајна улога за време претседавањето со Европската Унија во текот на првата половина од 2024 година, покажува анкетата на Центарот за истражување на политичкиот живот (ЦЕВИПОЛ), Институтот за европски студии и Слободниот универзитет на Брисел (УЛБ).  Според анкетата, како што објави весникот „Соар“, само 15,7 …

Белгијците не очекуваат значајни резултати од претседавањето на нивната земја со ЕУ Read More »

Речиси 30 училишта во Белгија денеска ќе бидат затворени поради закани за бомби


 Десетици белгиски училишта во окрузите Брисел и Брабант денеска нема да отворат за ученици поради закана за бомба испратена доцна синоќа, соопшти образовната управа на Валонија-Брисел на својата веб-страница. Властите одлучија да останат затворени 27 училишта, „строго почитувајќи го принципот на претпазливост“. Во моментов се спроведува инспекциа од полиција. Дополнителни информации се очекуваат во текот …

Речиси 30 училишта во Белгија денеска ќе бидат затворени поради закани за бомби Read More »

Жолт метео аларм во Белгија во очекување на силен ветер


 На целата територија на Белгија денеска е прогласен жолт метео аларм во очекување на силен ветер кој во некои делови на земјата би можел да достигне и до 80 километри на час, јави дописникот на МИА од Брисел.  Како што соопшти белгискиот Кралски метеоролошки институт (РМИ), зајакнувањето на ветерот почна уште во текот на минатата …

Жолт метео аларм во Белгија во очекување на силен ветер Read More »

Белгиски обвинител: Уапсен осомничениот за вчерашниот напад во Брисел


 Белгиската полиција денеска уапси осомничен вооружен маж кој застрела двајца шведски фудбалски навивачи во, како што соопштија властите, „терористички напад“. Апсењето, во бриселската населба Скарбек, уследи по интензивната потера во главниот град по напаѓачот вооружен со автоматска пушка. – Полицијата отвори оган за време на апсењето, изјави портпаролот на белгиското обвинителство, Ерик Ван Дујс, без …

Белгиски обвинител: Уапсен осомничениот за вчерашниот напад во Брисел Read More »

Електрани на ветер ќе никнат во Северно Море на првиот вештачки енергетски остров во светот


Белгија на почетокот на идната година ќе почне со изградба на првиот вештачки енергетски остров во светот со електрани на ветер за производство на високонапонска еднонасочна и наизменична струја, кој ќе биде поврзан со белгиската електрична мрежа и со интерконекции со Велика Британија и Данска. Како што соопшти операторот на проектот, компанијата „Елиа“, белгискиот министер …

Електрани на ветер ќе никнат во Северно Море на првиот вештачки енергетски остров во светот Read More »

Белгија зимава ќе се соочи со тројна епидемија


Белгија се соочува со потенцијална „тројна епидемија“ оваа зима, бидејќи порастот на бројот на случаи на Ковид 19 во комбинација со зголемувањето на редовните сезонски инфекции на настинки и грип се заканува да изврши притисок врз здравствената служба над одржливите граници. Ризикот од тројна епидемија што ќе изврши силен притисок врз нашиот здравствен систем е …

Белгија зимава ќе се соочи со тројна епидемија Read More »

Над 10.000 странски лекари работат во Белгија, покажуваат податоците на ОЕЦД


Податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) покажуваат дека медицинската професија во Белгија станала многу поинтернационална, пренесува белгиска новинска агенција. Бројот на странски лекари кои работат во Белгија е двојно зголемен за 11 години и сега надминува 10 илјади. На секои 100 лекари во Белгија, 14 се обучуваат во странство, пишуваат денеска весниците …

Над 10.000 странски лекари работат во Белгија, покажуваат податоците на ОЕЦД Read More »

Штрајк на пилотите: Посебен проблем – контрола на летовите


Пилотите на Рајанер во Белгија денеска најавија дека ќе штрајкуваат на 14 и 15 август, а нивните главни барања се повисоки плати и подобри услови за работа. Тоа ќе биде трет штрајк на пилотите на Рајанер во Белгија ова лето, објави белгиската агенција Белга. Според Ројтерс, пилотите на Рајанер претходно одржале дводневни протести на 15 …

Штрајк на пилотите: Посебен проблем – контрола на летовите Read More »

Во поголемиот дел од Белгија прогласен „жолт“ аларм во очекување на поројни дождови


Белгискиот Кралски институт за метеорологија денеска прогласи „жолта“ метео аларм во поголемиот дел на Белгија, во очекување на поројни дождови во вечерните, ноќните и раните утрински часови, во кој период се предвидува да наврнат од 20 до 35 литри дожд на квадратен метар. „Жолтата“ фаза, што стапи во сила попладнево и ќе трае до утре …

Во поголемиот дел од Белгија прогласен „жолт“ аларм во очекување на поројни дождови Read More »

Белгија се обидува да ја „спаси“ трката во Ф1 на Спа-Франкоршамп


Трката за Големата награда на Белгија во Ф1 на патеката Спа-Франкоршамп в недела, би можела да биде една од последните на овој автодром, бидејќи по влезот на американските и петродоларите од Персискиот Залив во Формула 1, овој традиционално европскиот спорт почна да се насочува кон други региони во светот, наведува „Политико“. Според плановите на сопствениците …

Белгија се обидува да ја „спаси“ трката во Ф1 на Спа-Франкоршамп Read More »

Белгија ги уништува вакцините против Ковид, вредни 131 милион евра


Белгија наскоро ќе мора да уништи медицинска опрема и вакцини против Ковид во вредност од 131 милион евра, бидејќи тие се истечени и повеќе не се употребливи. Во време кога вакцините против Ковид беа многу барани, белгиската преодна влада вложи дополнителни напори да најде опрема за борба против Ковид, купувајќи се што беше достапно. Набавена …

Белгија ги уништува вакцините против Ковид, вредни 131 милион евра Read More »

Белгија ќе уништи вакцини против Ковид во вредност од над 80 милиони евра


Белгија ќе уништи 3,5 милиони вакцини против Ковид за 80,2 милиони евра, соопшти Министерството за здравство. Се прецизира дека тоа е неопходно поради истекување на рокот на траење на вакцините. Уништените количества сочинуваат 6,45 отсто од вкупно 54,3 милиони дози обезбедени од властите. Со население од 11,7 милиони луѓе, тоа значи дека белгиските власти платиле …

Белгија ќе уништи вакцини против Ковид во вредност од над 80 милиони евра Read More »

Војникот кој се заканувал дека ќе го убие премиерот на Белгија е уапсен


 Поранешен војник кој објави видео во кое се заканува дека ќе го убие белгискиот премиер Александре Де Кроа е приведен во Норвешка. РТБФ ова го објави повикувајќи се на белгиското федерално обвинителство. Сем Х. (29) на видеото, на кое му се гледа лицето, покажува фотографија на која премиерот неколку пати виси на дрво, а потоа …

Војникот кој се заканувал дека ќе го убие премиерот на Белгија е уапсен Read More »

Белгија ќе уништи околу осум милиони дози од вакцината против Ковид


Во Белгија ќе бидат уништени околу осум милиони дози од вакцините против Ковид-19 на „Модерна“ и „Фајзер“, објавија локалните медиуми, цитирајќи изјава на министерот за здравство Франк Ванденбрук. Земјата располага со 15,3 милиони дози, но на некои од нив им истекува рокот, а други повеќе не дејствуваат на новите соеви на вирусот. Се додава дека …

Белгија ќе уништи околу осум милиони дози од вакцината против Ковид Read More »