Потерница по филмското бегство на затвореник од комбе, ранет затворскиот полицаец


На ден 12.01.2023 година, околу 23,20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пумпа на „Лукоил“, службеното возило било пресретнато од возило марка „ауди” со сива боја без регистерски таблички кое им го блокирало патот. …

Потерница по филмското бегство на затвореник од комбе, ранет затворскиот полицаец Read More »

Најинтересните трофеи што ги оставија Русите при бегството од Харков


  Повеќе стотини парчиња воен хардвер оставија руските војски при ферентичното бегство од своите позиции за време на украинската офанзива во регионот на Харков. Беа оставени многу оклопни возила, тенкови, артилериски орудија, многу муниција… Еве неколку од најинтересните трофеи што го оставија Русите.   Радарски систем „1L219 Zoopark-1m“ Ракетниот и артилериски разузнавачки радарски систем „Zoopark-1“, …

Најинтересните трофеи што ги оставија Русите при бегството од Харков Read More »

Избегал и осудениот за ќебапите


Името на велешанецот Петре Караманов не беше многу познато за јавноста до одекнувањето на веста дека е осуден на три години затвор за кражба на ќебапи. Овој случај во судството стана синоним за селективна неправда, односно за впечатокот дека правдата не е еднаква за сите во земјава. Тој никогаш не се појави во медиумите, а …

Избегал и осудениот за ќебапите Read More »

Дали Чавков планирал да бега?


Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков три дена пред да ја слушне пресудата за крвавиот четврток, исто како и неговиот поранешен шеф Сашо Мијалков, е вратен во затворот во Шутка откако обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побара, а судот му одреди триесетдневен притвор. Прашањето што се наметна во јавноста по …

Дали Чавков планирал да бега? Read More »

Близок пријател кажал дека Чавков планира да бега на Халкидики


Решението за одредување на мерка притвор за поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, се базира на службена белешка од сознанија добиени од негов пријател. Според оперативните сознанија на Бирото за јавна безбедност, Чавков има вила на Халкидики каде планирал да избега пред да му биде изречена пресудата за 27 април. „По остварена средба со близок …

Близок пријател кажал дека Чавков планира да бега на Халкидики Read More »

Поранешен директор на УБК: Смешно беше како сите си ја префрлаат вината за бегството на Груевски


Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Митевски, во емисија на една телевизија, истакна дека УБК од осамостојувањето на државата е постојано под притисок. „Од 1991 година, па се до денеска, како се менуваат политичките гарнитури, секогаш постои притисок кој се манифестира на различни начини врз УБК, односно да се злоупотребува следењето на …

Поранешен директор на УБК: Смешно беше како сите си ја префрлаат вината за бегството на Груевски Read More »

Крај на фарсата: Никој не е виновен за бегството на Груевски


Основното јавно обвинителство утврди дека ниту едно службено лице не помагало, ниту учествувало во организацијата и реализацијата на бегството на Никола Груевски. Досега прибавените докази упатувале на заклучок дека имало определени пропусти во постапувањето на надлежните институции, но тие не претставувале кривично-правно дејствие и не биле во надлежност на Јавното обвинителство. Обвинителството соопшти дека ги …

Крај на фарсата: Никој не е виновен за бегството на Груевски Read More »

Хан го впери прстот во соседните земји за бегството на Груевски: Немам докази, но не сум наивен


  По бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, информациите за тоа како стигнал во Унгарија дојдоа од соседните медиуми, а сега додека нашите власти испитуваат кој е одговорен за неговото бегство, лоцирањето на одговорноста повторно дојде отстрана. Европскиот комесар за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, прстот го впери во соседните земји на Македонија. Хан …

Хан го впери прстот во соседните земји за бегството на Груевски: Немам докази, но не сум наивен Read More »

Заев: Треба да се осигураат уште четири гласа за уставните измени


Премиерот Зоран Заев не е сѐ уште сигурен дека ќе има двотретинско мнозинство за донесување на уставните амандмани. Моментно се сигурни 76 пратеници, но не и 80 гласа колку што се неопходни на финишот на процесот за промена на Уставот. извори. Заев вечерва во емисијата „Отворено“ на 24 Вести изјави дека, врз основа на сите …

Заев: Треба да се осигураат уште четири гласа за уставните измени Read More »

За две недели Обвинителството ќе обелодени како избегал Груевски


Јавното oбвинителство во наредните две недели ќе излезе со информации за резултатите од предистражната постапка за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски и начинот на кој ја напуштил земјава. Наредната недела претставници од Обвинителството ќе одат во Црна Гора да ги земат видео материјалите поврзани со овој случај, а од Албанија се бара и таа …

За две недели Обвинителството ќе обелодени како избегал Груевски Read More »

Бегството на Груевски ги осоколи радикалите


Она што почна поинтензивно да се развива на фонот на „ноќта на ножевите“ неколку дена по парламентарните избори во 2016 година, а доживеа некакво празнење со настаните на 27 април, очигледно продолжува да се засилува на бранот на бегството на Никола Груевски во трауматичната постреферендумска фаза. Заканувачки зборови на скопските протести пред Собранието, излегуваат од …

Бегството на Груевски ги осоколи радикалите Read More »

Груевски ќе му земе на Заев и албански гласови


Да не беа фотографиите објавени на неговата официјална страница на Фејсбук, малкумина ќе знаеја дека албанскиот претседател Илир Мета два дена престојувал во Битола и во Преспа. Освен една куртоазна средба со министерот за култура Асаф Адеми, високиот гостин од Тирана остатокот од времето го поминал во директен контакт со локалното албанско население. Поводот за …

Груевски ќе му земе на Заев и албански гласови Read More »

Албанија ни кажува дека Груевски побегнал преку Дебар


Додека полицијата и Обвинителството истражуваат како побегнал, а Министерството за правда го подготвува екстрадицискиот материјал, службите од регионот и натаму лиферуваат (неофицијални) информации околу рутата по која до Будимпешта се движел Никола Груевски. Повикувајќи се на свои извори во албанската полиција, тамошните медиуми пишуваат дека поранешниот македонски премиер излегол од државава на див граничен премин …

Албанија ни кажува дека Груевски побегнал преку Дебар Read More »

Бегство што ја „киднапира“ довербата во власта


Премиерот Зоран Заев најави и вчера темелна истрага за бегството на експремиерот Никола Груевски во Унгарија. Рече дека ако таа истрага покаже дека институциите потфрлиле, некој ќе сноси одговорност. Но одложените најави на премиерот за можна одговорност за скандалот, што од темел го потресе неговиот кабинет, не го амортизираат незадоволството во јавноста поради бегството на …

Бегство што ја „киднапира“ довербата во власта Read More »

Заев праша: дали Груевски избегал или бил киднапиран


Премиерот Зоран Заев денеска отвори дилема дали поранешниот премиер Никола Груевски по сопствена волја заминал од земјава или бил киднапиран? -Дали Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран? Јавно го поставувам ова прашање, рече Заев на денешната заедничка прес-конференција со министерот за финансии Драган Тевдовски околу проекциите за буџетот за 2019 година. Заев рече …

Заев праша: дали Груевски избегал или бил киднапиран Read More »

Полицијата мораше да знае каде е Груевски


Основното јавно обвинителство се вклучи во истрагата следејќи ги информациите во јавноста и во интерес на јавноста оформиле предмет по допрен глас. Се сомневаат дека одредени службени лица, злоупотребувајќи ја својата положба и овластување, му овозможиле на правосилно осуденото лице да ја напушти земјава. Во рамки на предистражната постапка, наредени се низа мерки за прибирање …

Полицијата мораше да знае каде е Груевски Read More »

Сите патишта водат кон Будимпешта: Груевски како Грујевски


Македонија бара од унгарските власти да го вратат назад во земјава поранешниот премиер Никола Груевски, кој бегајќи од правдата најде засолниште во Будимпешта. Сега, практично, дилемата е на кое барање ќе одговори побрзо администрацијата на Виктор Орбан – на македонското за екстрадиција или на барањето на Груевски за добивање азил. Од унгарската влада информираа дека …

Сите патишта водат кон Будимпешта: Груевски како Грујевски Read More »

Експертите го вперуваат прстот во МВР за бегството на Груевски


По спектакуларниот полициски циркус и потрагата по гепеци од автомобили, поранешниот премиер Никола Груевски преку својата фејсбук-страница, или некој во негово име, ноншалантно ни јави дека се наоѓа во Будимпешта каде што ќе бара азил. Фалеше уште да испрати фотографија од некој спа-центар, па да испадне уште посмешна акцијата на МВР пред седиштето на неговата …

Експертите го вперуваат прстот во МВР за бегството на Груевски Read More »

Вајгл: Бегството на Груевски нема непосредно да влијае интеграциите на земјата


Брисел – Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, вели дека треба да се почекаат официјалните изјави и реакции од страна на унгарските власти пред да се коментира барањето за азил на Никола Груевски. -Треба да се почекаат фактите, официјалните изјави од унгарските органи и тогаш да се изгради слика. Секако, во ЕУ постои …

Вајгл: Бегството на Груевски нема непосредно да влијае интеграциите на земјата Read More »

Јанакиески и Божиновски се подготвувале да избегаат како Груевски


Притворот за обвинетите во предметот „Титаник“ Миле Јанакиески и Кирил Божиновски е побаран затоа што во текот на вчерашниот ден Специјалното јавно обвинителство (СЈО) добило информации дека тие се подготвуваат да избегаат на ист начин како и поранешиот премиер Никола Груевски, појасни пред судот обвинителката на СЈО Лиле Стефанова на почетокот на денешното рочиште за …

Јанакиески и Божиновски се подготвувале да избегаат како Груевски Read More »